Ова се чекаше: Ѓоковиќ против Надал во финалето во Рим

Новак Ѓоковиќ го совлада Диего Себастијан Шварцман со 2-1 во сетови (6-3, 6-7, 6-3) за пласман во финалето од АТП турнирот во Рим. Во битка за трофејот ќе се бори со вториот најдобар рекет во моментов, Рафаел Надал, кој претходно славеше против Циципас со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).

Српскиот тенисер вторпат во два дена се надигруваше против Аргентинец, откако вчера во три сета го победи Хуан Мартин Дел Потро. Шварцман пружи отпор и во вториот сет израмни на 1-1 по тајбрејк, а во решавачкиот сет Ѓоковиќ до победата дојде по четвртиот остварен брејк.

Големото финале е закажано за утре во 16 часот, а првиот светски рекет ќе одигра нов дуел против „кралот на земјата“ Рафаел Надал, со очекувања дека ќе биде епско финале.

Во женска конкуренција, во битка за трофејот ќе се борат Јохана Конта и Каролина Плишкова.

- Оглас -

Најнови вести