Ова се лојални фанови – Ќе купуваат билети иако не можат на стадион

Железничар има широка база на навивачи, кои се многу лојални и многупати го потврдиле тоа, а и сега се подготвуваат да му помогнат на клубот да не претрпи загуба.

Симпатизерите на Жељо одлучија да купуваат билети за дуелот со Челик, што ќе се игра на „Грбавица“, иако нема да можат да присуствуваат на мечот.

Владата на Босна и Херцеговина забрани масовни собири на спортски натпревари поради Короноавирусот, а тоа ќе трае во следните две седмици.

Дотогаш фудбаските мечеви ќе се играат без публика, а Железничар очекуваше солиден приход за дуелот со тимот од Зеница. Сега со помош на верните симпатизери ќе се обиде да ја намали загубата, барем за дуелот со Челик.

- Оглас -

Најнови вести