-7.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Ова се Топ 10 најпосетувани клубови во Европа кои играат во трета лига

Фудбалската магија која се создава на трибините секогаш е посебна. Навивачите ги бодрат своите омилени екипи без разлика каде се натпреваруваат. Кога се работи за клубови кои играат во третите лиги од домашните првенство, има 10 екипи кои се посебно фантастични и тоа благодарение на лојалноста на нивните навивачи, кои ги исполнуваат трибините на стадионите кога играат на домашен терен.

Во европски рамки, најпосетуван третолигаш е некогашниот турски првак Бурсаспор. Овој клуб кој е во третата турска лига во 2025 година кога играше на домашен терен во просек на трибините имаше фантастични 37.770 гледачи.

Ниту еден друг клуб во Европа не е ни блиску до рекордот на Бурсасор. Во топ 10 третолигаши по бројот на публика има четири екипи од Германија и четири од Англија, како и Катанија која се натпреварува во Серија Ц во Италија.

Ханза Рошток е на второто место на најпосетуван третолигаш и во просек има 24.597 гледачи, додека Дуисбург е на третото место со 22.518 гледачи. Од германските третолигаши со преку 20.000 гледачи на свој терен во просек е и Алеманија Ахен (21.442).

Интересно е дека Болтон, Брантфорд, Хадерфилд и Кардиф кои се меѓу најдобрите пет екипи во Лига 1 во Англија, се и во Топ 10 најпосетувани третолигаши во Европа.

Во Топ 10 најпосетувани третолигаши во Европа има место за: 

Бурсаспор 37.770

Ханза Рошток– 24.597

Дуисбург – 22.518

Болтон – 21.892

Алеманија Ахен – 21.442

Брантфорд – 20.689

Кардиф – 19.163

Катанија – 17.702

Есен – 17.521

Хадерсфилд – 16.953

- Оглас -

Најнови вести