Ефективно, нема што: Шпанија си го урна рекордот на Мундијалите, шутнаа 8 пати дадоа 7 гола (Фото)

Шпанија ја забележа највисоката победа во својата мундијалска историја вечерва против Костарика со 7:0, а тоа го стори со неверојатна ефективност на теренот во Доха.

Репрезентативците на Црвената фурија шутнаа осум пати директно кон голот на Костарика и Кејлор Навас и постигнаа 7 гола.

Со триумфот од 7:0 си го урнаа рекордот од 1998, кога Бугарија настрада со пораз од Шпанија со 6:1.

https://twitter.com/OptaJose/status/1595480129676910595?s=20&t=MGBUjJ8jXOo2SlYhU6t1Vg

Во следното коло Шпанија ќе го игра дербито во Е групата против Германија, а тој меч ќе се игра на 27 ноември.

Денеска Германците беа шокирани од Јапонија и поразени со 1:2, и тоа со пресврт.

 

- Оглас -

Најнови вести