Ова се вика гостопримство, Рен ќе ги почести навивачите на Милан со над 1.000 специјални палачинки

Францускиот фудбалски клуб Рен сака да се покаже како добар домаќин, па објави дека за навивачите на Милан ќе обезбеди повеќе од 1.000 палачинки.

Со очекува неколку стотини фанови на Росонерите да отпатуваат во Рен, а за секој од нив пред почетокот на мечот ќе има бесплатно по една палачинка.

Палачинките се специјалитет во областа Бретања, тоа се посебен вид палачинки карактеристични за Бретања, посебно во Рен, со традиција која трае од 19 век.

Рен објави и водич за движење низ градот и други важни информации на италијански јазик, со што исто така сака на Миланезите да им овозможи да се чувствуваат добредојдени.

- Оглас -

Најнови вести