Оваа вечер во НБА е посебна: прв меч во новата сала во Лос Анџелес и деби на првиот пик (Фото)

Десет натпревари се играат вечерва во кошаркарската НБА лига, а три се посебно интересни и привлечни и тоа од различни причини.

Во Лос Анџелес ќе се испише историја, Клиперс првпат како домаќин ќе заигра во новоизградената супермодерна сала „Интуит дом“ за која беа платени 2 милијарди долари.

На Џејмс Харден, Каваи Ленард и другарите им гостува Феникс санс предводен од Кевин Дурант и Девин Букер кој е фаворит на хартија.

Во Атланта, Хокс е домаќин на Бруклин нетс, а за домашните ќе дебитира Французинот Закари Рисаше кој летоска беше прв пик на драфтот.

Дербито е во Филаделфија каде гостува Милвоки предводен од Адетокумбо и Лилард, па гостите се фаворити на хартија.

Стандардно, во Sport Life имате супер богата понуда и шаренило од игри за сите мечеви, а може да се обложите и на голем број индивидуалци за број на поени.

Тука се и „долгорочните“ прогнози за првак на НБА, најкорисен играч во регуларната сезона, кој тим ќе биде најдобар на Истокот, кој ќе биде прв на Западот.

- Оглас -

Најнови вести