Овации на Вимблдон за шпанската лавица (Видео)

Шпанската лавица Карла Суарес-Наваро имаше емотивно испраќање на Вимблдон по денешниот пораз во првото коло од Ешли Барти. Дамата што во април годинава го победи ракот на лимфните жлезди доби овации на отворена сцена по големата животна битка, што денеска ја поткрепи со одличен меч против една од фаворитките на турнирот.

Сцената и големиот аплауз од трибините ја расплакаа и нејзината противничка. Барти победи со 6:1, 6:7, 6:1 и продолжува понатаму.

https://twitter.com/espn/status/1409895539282481153?s=20

Австралијката е прва носителка на Вимблдон и ќе се обиде да стаса до втората гренслем титула, по триумфот на Ролан Гарос во 2019 година.

Суарес-Наваро има 32 години и тешка битка зад себе со ракот на лимфните жлезди што за среќа ја доби и стана спортски симбол за неверојатна борба, за истрајност, за желба за живот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести