Не е воопшто лесно да се чува рускиот мајстор на хокејот Алекс Овечкин, а во тоа се увери и играч на Тампа Беј лајтнинг, на кого Овечкин му го протна пакот низ нозе и си создаде шанса за гол. Овечкин не успеа да го совлада сонародникот Василевски кој стои на голот на Тампа Беј, но ако успееше, ова ќе беше најубав гол во годинешниот плејоф во НХЛ лигата.
За жал на Овечкин, неговиот Вашингтон капиталс загуби од Лајтнинг на пенали, откако мечот заврши 2-2.
Погледнете ја финтата на Овечкин која ги воодушеви љубителите на хокејот:
Ovechkin VERY nearly just had the goal of this young “playoffs” pic.twitter.com/JBWv2XX7iK
— YP (@YoungPageviews) August 3, 2020