Овој Шпанец е Гинисов рекордер за најсилен измерен шут на светот

Шпанецот Хавиер Галан го држи светскиот рекорд за најсилен шут со нога, а измерената брзина е 129 километри на час. Галан овој шут го има изведено пред 18 и пол години.

Галан е анонимус дури и за шпанската јавност. Тој има 41 година, а во минатото играл во третата лига. Пред 18 години беше организиран натпревар на кој Галан распалил по топката, а брзинометарот покажал 138 км/ч. Роберто Карлос шутнал со 121 км/ч, а втор бил Лима од Леванте со 122.

Откако сфатил дека го има најсилниот шут во Шпанија, решил да тргне по светскиот рекорд. Во 2001 година шутнал со брзина од 129 километри на час и тоа е запишано како рекорд во книгата на Гинисови рекорди. Била мерена брзината во моментот при првото оддалечување на топката од стапалото. Камерата била фокусирана на тој момент. Гинис дозволувал три обиди, без загревање.

Во Италија имало конкурс на кој се пријавувале предизвикувачи, но од нив најсилен шут имало момче од Бреша, кое шутнало со 118 километри на час, а Галан имал 128. Сведок на овој натпревар бил и Чиро Ферара.

Галан вели дека најсилниот шут на Кристијано Роналдо е околу 117 километри на час, а Галан загубил само од робот дизајниран од компанијата „Кастрол“. Роботот шутнал со брзина од 210 километри на час.

Еден од најсилните шутеви кој е виден на фудбалски натпревар беше голот на Бразилецот Рони Хеберсон, кој против Спортинг Лисабон шутна многу силно, се зборува дека топката летала со 200 километри на час, но брзината не е мерена со радар, а Галан се смее и вели дека човек нема шанса да шутне ниту со 170, камоли со 200 км/ч. Ова е голот на Рони:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести