Овојпат не се посрамоти: Вернер ја погоди празната мрежа на Куртоа (видео)

Челзи поведе во реваншот против Реал Мадрид благодарение на лесниот погодок на Тимо Вернер во 27-мата минута. Германскиот репрезентативец вечерва двапати ја затресе мрежата на Куртоа, меѓутоа првиот гол не му беше регуларен поради офсајд, но втората шанса мораше да ја искористи.

Канте повлече напад по кој одбраната на Реал лесно беше насамарена, а обидот на Хаверц да го лобува Куртоа заврши во гредата, па Вернер само се поклони пред празниот гол.

Вернер беше на удар на критики за големото промашување во првиот меч во Мадрид, но овојпат не се посрамоти да не погоди од непосредна близина.

https://twitter.com/Yeshwajoe/status/1390025881045843969

- Оглас -

Најнови вести