Месут Озил едвај врза вкупно 160 минути за Арсенал во новата сезона, а очигледно е дека не се наоѓа во плановите на Унаи Емери, па се очекува да си замине од таборот на Tопчиите.
Имаше и голем инцидент пред стартот на сезоната, кога благодарение на храбрата реакција на Колашинац не настрада по нападот на хулигани во Лондон.
Озил има две понуди, а и двете се од МЛС-лигата. Првата стигна од новиот член на северноамериканската лига, Интер Мајами, чиј сопственик е Дејвид Бекам, а втората е од главниот град Вашингтон, а Озил би бил вистинско засилување за Ди-Си Јунајтед.