Па, ајде ако можете, купете ја целата Премиер лига… Реал сега го сака и Салах

Реал Мадрид веќе ги договори услугите на Еден Азар, ѕвездата на Челзи ќе се пресели во Шпанија по финалето во Лигата на Европа. Кралевите се блиску и до потписот на Пол Погба, а од Франција стигнаа информации дека ќе атакуваат и на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Ова се тврдења на еден француски новинар на „Канал плус“, Филип Карајон, кој вели дека Реал воспоставил прв контакт со Египќанецот за преселба на „Сантијаго Бернабеу“. Не е спомената сума, ниту дали има реакција од Ливерпул, но интерес сигурно постои. Исто така, не треба да се заборави дека Кралевите го посакуваат и Кристијан Ериксен од Тотенхем, а од редовите на „петлите“ и порано го купуваа најдоброто – такви случаи се Герет Бејл и Лука Модриќ.

Нормално е европските гиганти како Реал Мадрид да ги купуваат најдобрите светски играчи, но ова е веќе претерано. Тие се обидуваат да го купат најдоброто од Премиер лигата, а со оглед какво влијание има Фараонот во Англија во изминативе две сезони, несомнено е дека со негово евентуално заминување, најелитното англиско првенство многу ќе се осиромаши.

Едно е сигурно, оваа трансфер-сага допрва ќе се развива, а ако навистина Реал тргне и по потписот на Салах, Ливерпул ќе има тешка задача да го задржи во своите редови.

https://twitter.com/LateFootClub/status/1128769802712100865

- Оглас -

Најнови вести