Па ова е спектакл – Ростов го претстави Тошевски како голема ѕвезда со фантастичен спот (Видео)

Давид Тошевски напрaви правилен избор со одличниот трансфер во рускиот клуб Ростов, кој го дочека младинскиот репрезентативец на Македонија на спектакуларен начин.

Најпрво испратија авион по него за да може безбедно да допатува во Ростов, а потоа му подготвија и прекрасен спот како најава за новото засилување.

Видеоматеријалот е прекрасен и на нивото на најголемите ѕвезди, дури и од музичката сцена.

Тошевски има само 18 години и потпиша петгодишен договор, а сумата што Ростов му ја плати на Работнички се движи околу еден милион евра, што е одличен трансфер за македонски услови.

- Оглас -

Најнови вести