Пабло Ласо го однесе Реал Мадрид на друго ниво

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид беше најтрофеен во Европа и пред Пабло Ласо да седне на клупата како тренер, но со него, Кралскиот клуб отиде во друга „димензија“ и сега константно е при врвот или на самиот врв на европската клупска кошарка.

Реал во 1995 година стана европски првак откако претходно имаше голема пауза, во 1997 година го освои Купот „Рајмундо Сапорта“, во онаа сезона кога во Скопје загуби од МЗТ (Ласо тогаш беше играч) и оттогаш е редовен учесник во Купот на европските шампиони или подоцна Евролигата.

Но, во периодот од 1997 до 2011 година, Реал за 15 сезони имаше само еден настап на фајнал-фор турнирите. Тогаш за тренер беше наименуван Пабло Ласо и сè се смени. Реал за осум сезони со Ласо на клупата, по шести пат ќе игра на Ф4 турнирот. Годинава во четвртфиналето, Реал со 3-0 го порази Панатинаикос, и тоа без Серхио Љуљ во составот.

Досега Ласо со Реал освои две титули, а ќе има прилика во шпанскиот град Виторија да дојде и до третата континентална титула.

- Оглас -

Најнови вести