Пабло Ласо имаше емотивен дочек во Мадрид, но Кралевите немаа милост за Баерн (Видео)

Тренерот на Баерн Минхен, Пабло Ласо, имаше емотивен дочек во Мадрид, навивачите со овации го поздравија поранешниот тренер на Реал кој со Кралевите освои две титули во Премиер лигата, но поранешниот тим немаше милост за неговиот актуелен тим.

Реал Мадрид славеше со 88:73 и ја оствари 13-тата победа во 14-тиот натпревар во Евролигата.

Серхио Љуљ со 16 поени беше најпрецизен кај Реал Мадрид, додека во редовите на Баерн најрасположени за игра беа Бонга со 15 и Букер со 14 постигнати поени.

Макаби Тел Авив во Белград, каде што ги игра мечевите како домаќин, со 95:86 го победи Анадолу Ефес, додека Виртус Болоња продолжува со одличните игри и како гостин го 91:81 ја победи екипата на Басконија.

- Оглас -

Најнови вести