Пачовски е нов репрезентативен тренер на голманите: Со многу радост му се приклучувам на тимот

Томе Пачовски ќе му се приклучи на селекторот Благоја Милевски во сениорскиот национален тим. Поранешниот чувар на мрежата ќе биде тренер на голманите на „А“ селекцијата.

„Со многу радост му се приклучувам на тимот предводен од селекторот Благоја Милевски. Ги познавам фудбалерите и ќе се обидам да им помогнам да бидат подобри и постојани во настапите. Нѐ очекуваат големи предизвици, но секој вистински спортист се радува на тоа“, изјави Пачовски за ФФМ.

За репрезентацијата на Македонија, некогашниот голман бранеше во периодот од 2006 до 2015 година и забележа 46 настапи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести