Падерборн го елиминира Волфсбург и обезбеди место во Бундеслигата

Падерборн успеа да се пласира во Бундеслигата за следната сезона откако во плејофот го елиминира досегашниот бундеслигаш Волфсбург.

Фудбалерите на Падерборн во реваншот на домашен терен победија со 2-1, откако првиот меч заврши без голови. За да се добие победник мораа да се играат и продолженија.

Волфсбург дојде во водство во третата минута со голот на Пејчиновиќ, но потоа следеше голем хендикеп за гостите откако Маеле доби црвен картон во 14-тата минута.

Филип Билбија во 38-та минута успеа да го израмни резултатот, а победничкиот гол за пласман во Бундеслигата го постигна Лорин Корда во 100-та минута од дуелот.

- Оглас -

Најнови вести