Падна договор: Чави ќе биде новиот тренер на Барселона

Чави ќе биде новиот тренер на Барселона. Шпанските медиуми на големо пишуваат дека е постигнат е целосен договор меѓу Барселона и Ал-Сад, откако претходно беа договорени условите и со тренерот и само прашање на моменти е кога ќе биде и официјалната промоција.

Сè уште не е познато на колку години ќе биде потпишан договорот, а се шпекулира дека Барса му исплатила еден милион евра на Ал-Сад како отштета.

Легендарниот играч на Каталонците имаше одличен тренерски старт во Катар, а сето тоа ќе се обиде да го пренесе на тимот кој во моментов е во голема криза и ќе се обиде да го врати на старите патеки.

 

 

- Оглас -

Најнови вести