Падна договор: Челзи го пушта капитенот во Барселона

Барселона и Челзи по долги преговори, постигнаа договор за трансферот на Сесар Аспиликуета.

Долгогодишниот член и капитен на Сините се сели на „Камп ноу“ за сума помеѓу 4 и 5 милиони евра. Шпанскиот репрезентативец треба да потпише двегодишен договор, со опција тој да се продолжи на уште една дополнителна година.

Аспиликуета од претходно ги договори личните услови со Каталонците, се чекаше финалниот збор од Челзи. Во меѓувреме Барселона се обиде во пакет да го доведе и Маркос Алонсо заедно со 33-годишниот дефанзивец, но за тој трансфер дополнително ќе се работи.

Аспиликуета го напушта Лондон по една деценија со повеќе од 470 настапи за Сините. Дефинитивно го заслужи статусот на клупска легенда освојувајќи ги сите трофеи од 2012 година наваму.

- Оглас -

Најнови вести