Докажаниот голгетер Ромелу Лукаку во новата сезона ќе игра во италијанската Серија А и тоа за тимот на Наполи. По долги преговори и очекувања, најавите се дека конечно е постигнат договор според кој Лукаку од Челзи ќе направи трансфер во Наполи.
Челзи ќе добие 30 милиони евра за заминувањето на напаѓачот, а сумата може да достигне до 45 милиони евра, во зависност од успесите и бонусите кои треба да бидат исплатени. Лукаку со Наполи ќе потпише договор до јуни 2027 година.
На голгетерот нема да му треба многу време да се навикне во Наполи, затоа што во последните две сезони играше во Серија А и тоа како позајмен играч прво во Интер, а потоа и во Рома.
Лукаку во кариерата има играно и за Манчестер јунајтед, Челзи, ВБА и Андерлехт. Во дресот на белгиската репрезентација има 119 меча и рекордни 85 голови.