Падна, ги исплаши сите и, за среќа, брзо застана на нозе – Калу тренираше со соиграчите од Бордо

Нигериецот Самуел Калу брзо се рехабилитираш по застрашувачкиот момент од петтата минута на мечот меѓу Марсеј и Бордо, кога колабира на теренот и предизвика нов фудбалски шок.

Играчот на Бордо денеска само неполни 72 часа по непријатните мигови на „Велодром“ веќе тренираше со соиграчите од Бордо и ќе биде подготвен за настап во следното коло против лидерот во Лига 1, Анже.

Калу загуби свест во петтата минута од неделниот меч меѓу Марсеј и Бордо, а падна наеднаш додека беше во живиот ѕид на гостите при слободниот удар што требаше да го изведе Димитри Паје.

Веднаш реагираше медицинскиот тим и по петминутна битка, Калу се освести. Дури и продолжи да игра, беше на терен уште пет минути и потоа беше заменет.

Нигериецот ги мина и сите испитувања и доби дозвола да се врати на тренинг, а ова не му беше првпат да загуби свест на теренот. Во 2019 година на Купот на африканските нации, кога играше за Нигерија, му се случи истото, но, за среќа, и тогаш и сега брзо закрепна.

 

 

- Оглас -

Најнови вести