Сите се сеќаваме на Депортиво ла Коруња.
Навистина симпатичен шпански великан којшто на почетокот од овој век беше рамноправен, ако не и подобар со Барселона, Реал Мадрид и Валенсија.
Рој Макај, Диего Тристан, Хуан Карлос Валдерон, Жоан Капдевиља, Мирослав Ѓукиќ се само дел од плејадата фантастични фудбалери коишто настапуваа на „Ријазор“.
Впрочем, дуелот на Депор и Монако во 2003 година, кој заврши со 8:3 во корист на тимот од Кнежевството, е најефикасната средба во Лигата на шампионите.
Тимот од „Ријазор“ сега се наоѓа во третата лига по квалитет на Шпанија и е далеку од најсветлите денови.
За волја на вистината, сезонава игра навистина добро и е на првото место, со што најавува враќање во втората лига.
Вечерва (21:00 часот) Депортиво ќе ја пречека Осасуна во рамките на Копа дел Реј, која е навистина поквалитетна, но не и до таа мера коефициентот за домаќините да биде 3.85.
На последните четири средби, Депор редовно дава два гола, но тоа беа други времиња кога овој тим беше во Ла Лига, додека опонентот далеку под него.

