Падни, стани, па „плесни“ тројка на една нога (видео)

Првиот меч од разигрувањата во НБА-лигата е на половина пат до крајот, а Денвер е поблиску до победа при водство од 59:52 против Јута. Сепак, Џезерите покажуваат знаци на живот преку разиграниот Донован Мичел, кој засега е најефикасен на средбата со 19 поени.

Но Јута има и џокер од клупата, кој исто така во моментов игра на високо ниво. Џордан Кларксон во еден напад покажа колку добро ја контролира топката, но и дека може да забие тројка одразувајќи се на една нога, и тоа преку центарот на Нагетс, Мејсон Пламли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести