Паѓа довербата во Барселона и Јувентус, сè повеќе прогнозери очекуваат кикс на фаворитите

Јувентус речиси една деценија доминираше во италијанското првенство, но сега најтрофејниот тим е далеку од борбата за шампионската титула. Старата дама има 11 бода помалку од Наполи и Милан, а во следното коло на свој терен игра против Аталанта.

Ако се знае дека Јувентус има само шест победи во досегашните 13 кола, не е чудно што само 65 отсто од прогнозерите досега имаат типувано на „кец“. Во некои не толку дамнешни времиња, на победа на Јувентус во Торино очекувањата за „кец“ беа над 80 и 90 отсто.

Иста е ситуацијата и со Барселона. Каталонскиот гигант гостува кај Вилјареал, а едвај 50 отсто од прогнозерите се уверени дека гостите ќе победат.

Освен овие два меча, во понудата од 15-тото коло има уште 11 интересни мечеви за прогнозирање. Во претходното коло прогнозерите беа неверојатно успешни и имаше дури 99 вредносни ваучери во коишто им беа поделени вкупно 52.500 денари на играчите на Спортска прогноза кои имаа по 12 и 11 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести