12.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025
Дома Blog Страница 10021

Деветката на младинците лоша најава за тимот А на Лихтенштајн

Младинците на Лихтенштајн доживеаја вистински бродолом и тежок пораз од 0-9 против врсниците од Португалија, а според тоа каква е состојбата и во селекцијата А со повредените играчи, се стравува од реприза во Скопје.

Сениорскиот тим на Лихтенштајн утре ќе игра против нашата селекција во меч од Лигата на нациите од 20.45 часот на националната арена во Скопје.

„Ѓаволски тежок пораз на нашата млада селекција. Не помогна ниту прекомандата на Денис Салановиќ од тимот А кај помладите фудбалери. И сениорската селекција има проблеми со повредени играчи, а и кога бевме комплетни, загубивме во Струмица со 0-4 од Македонија. Ова се тешки моменти за нашиот фудбал“, пишува Мануел Мозер, новинар во весникот „Фолксблат“.

Селекторот Рене Паурич сигурно нема да може да смета на тројца фудбалери, а уште двајца се неизвесни. Салановиќ, кој вчера играше за младата селекција, има парни жолти картони, а поради повреди, нема да настапат ниту Квинтанс и Кун. Дополнително, на повреди се пожалија и Мартин Бухел, кој има најмногу настапи од актуелниот состав на Лихтенштајн, и Винценц Флац.

Лани, исто така во октомври, го декласиравме Лихтенштајн со 4-0 во Струмица, а тогаш гостите имаа се чини посилен состав од актуелниот што утре ќе ни се спротивстави во Скопје.

 

Линдзи Вон се повлекува на крајот на сезонава

Една од најдобрите скијачки на сите времиња, Американката Линдзи Вон, ќе се пензионира по завршувањето на сезоната 2018/19. Вон има мотив да стане скијачка со најмногу победи на трките од Светскиот куп, но и да не успее, цврсто е решена да се повлече.

Вон, која има 33 години, во кариерата има 82 победи, со што е рекордерка во женска конкуренција, а првото место го држи Швеѓанецот Ингемар Стенмарк со 86 победи. Од тие 82 победи на Вон, 43 се во спуст, а 28 во супер-џи. Има и олимписко злато од 2010 година.

„Ова ќе биде моја последна сезона. Дефинитивно ќе се повлечам по оваа сезона. Ако го урнам рекордот на Стенмарк, ќе биде феноменално, но и да не успеам, ќе бидам задоволна од постигнатото во кариерата. Јас сум најуспешната натпреварувачка во историјата на женското скијање и мора да бидам горда на тоа“, изјави Вон, која по завршувањето на скијачката кариера, ќе се фокусира на работата во нејзината фондација која е посветена на едукацијата.

Новата сезона за Вон во СК почнува кон крајот на ноември, во канадски Лејк Луис.

Четворица македонски фудбалери се затруле!

Официјалниот тренинг на репрезентацијата A на Македонија е презакажан за 17.30 часот на Националната арена „Филип Втори“, додека прес-конференцијата на селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев ќе се одржи во 17 часот, информираа од Фудбалската федерација на Македонија.

Четворица фудбалери од националниот тим утринава се жалеле на стомачни мачнини, а лекарскиот тим ги презема сите мерки да ги оспособи фудбалерите за извршување на сите активности. Тоа е причината за одложувањето на денешните активности.

Тимот се подготвува за утрешниот меч со Лихтенштајн од Лигата на нациите.

И на трева и на тврдо, Ѓоковиќ е подобар од Андерсон

Новак Ѓоковиќ го надигра Кевин Андерсон со 7-6, 6-3 во четврт-финалето на Мастерсот во Шангај и со тоа направи уште еден чекор кон освојување на овој вреден турнир. Ѓоковиќ пред неколку месеци беше подобар од Андерсон во финалето на Gренд слемот Вимблдон, кој се игра на тревна подлога, а сега тој беше поуспешен и на тврда подлога.

Во првиот сет, Андерсон не искористи сет-топка, и тоа скапо го чинеше. Потоа Новак со психолошката предност на своја страна, знаеше како да дојде до победата.

Во полуфиналето во Шангај, Ѓоковиќ ќе се сретне со Александр Зверев. Германецот со руско потекло во четврт-финалето го совлада Кајл Едмунд со 6-4, 6-4.

Наградниот фонд на Мастерсот во Шангај е малку повеќе од 7 милиони долари, а победата носи 1.100 АТП поени, па Ѓоковиќ со триумф сериозно ќе му се доближи на водечкиот Рафаел Надал, кој не игра и ќе загуби толку поени, бидејќи лани го освои турнирот.

Реал поради Роналдо ќе тужи португалски весник

Реал Мадрид објави дека ќе покрене тужба против португалскиот весник „Корео да мања“, кој објави дека европскиот првак стои зад аферата за наводното силување од страна на Кристијано Роналдо. Во Реал тврдат дека тоа е целосна невистина и дезинформација која е обид за нарушување на имиџот на клубот.

Кетрин Мајорга го обвини Роналдо дека ја силувал во хотел во Лас Вегас во 2009 година. Фудбалерот и неговите адвокати го негираа тоа, но полицијата го отвори случајот и Португалецот ќе мора да ја докаже својата невиност.

Португалскиот весник објави дека Реал е вмешан во случајот, кој се случил неколку недели пред Роналдо да премине од Манчестер јунајтед во Реал. Од мадридскиот тим велат дека не можеле да имаат учество во нешто за што не знаат дека се случило.

Ѕвездата на Баерн даде гол како да е управуван со далечинско (Видео)

Колумбија се покажа како пресилен противник за САД и со 4-2 победи во пријателски меч. Во вториот контролен дуел одигран ноќеска, Мексико со 3-2 ја победи Костарика.

Дуелот меѓу САД и Колумбија го одбележа погодокот кој го даде играчот на Баерн Минхен, Хамес Родригес. Еден од најдобрите играчи на колумбиската репрезентација погоди за 1-0 во 36-тата минута и најави дека Јужноамериканците ќе триумфираат. Погодокот на Родригес е вистинска магија.

https://youtu.be/948wsWm8oE4

Ѓаволски тежок пораз на шампионот на НХЛ

Актуелниот првак во НХЛ-лигата, Вашингтон, претрпе тежок пораз на гостувањето кај Њу Џерси од 6:0. Домаќините беа расположени за игра и му одржаа вистинска лекција од модерен хокеј на ривалот и најсилната екипа во ланската сезона.

Популарните ѓаволи го имаа расположениот Кајл Палмиери во првиот период и тој со два гола најави дебакл на шампионот. Овечкин, Кузњецов, Оши и останати ѕвезди на првакот беа само статисти во тешкиот пораз, а во продолжението голманот Феникс Копли уште 4 пати го вадеше пакот од мрежата.

Јохансон, Колеман, Деа и Бојл беа прецизни за Њу Џерси за супер триумф против првакот со ралзика од шест голови.

Останати резултати: Бостон – Едмонтон 4:1, Бафало – Колорадо 1:6, Флорида – Колумбус 4:5, Њујорк ренџерс – Сан Хозе 3:2 (по продолженија), Питсбург – Лас Вегас 4:2, Детроит – Торонто 3:5, Монтреал – Лоса Анџелес 0:3, Тампа беј – Ванкувер 1:4, Минесота – Чикаго 4:3 (по продолженија), Нешвил – Винипег 3:0, Сент Луис – Калгари 5:3.

Торонто и Јута се тркаа кој ќе биде поефикасен, настрадаа Сакраменто и Њу Орлеанс

Торонто репторс ги декласираше Њу Орлеанс пеликанс разлика од 15 поени, 134:119, а уште поубедливи беа Џезерите од Јута против Сакраменто кингс.

Јута славеше со неверојатна разлика од 39 поени, 132:93, а во составот имаше дури шестмина кошаркари со двоцифрен учинок. Ги предводеше центарот Руди Гобер со 18 поени, а веднаш зад  него е Алек Буркс со 17.

Со ист учинок од 17 поени кај Сакраменто најефикасен беше Марвин Бегли. Интересно е што домаќините во првиот период едвај ја минаа двоцифрената граница со постигнати 10 поени и примени дури 32 од расположените кошаркари на Јута.

Гостите предводени од Паскал Сиакам и од Малачи Ричардсон, кои постигнаа по 21 поен, забележаа победа и во Њу Орлеанс. Торонто имаше негатива од шест поени по првиот период, но потоа ги доби следните три и победи со разлика од 15 поени.

Кај поразениот тим и на мечот најефикасен беше Ентони Дејвис со 36 поени, комбинирани со 15 скокови. Џулиус Рендл постигна 20 поени.

 

На Русија и на Шведска не им се играше фудбал

Русите упатија само еден директен удар кон голот на Робин Олсен, Швеѓаните еден повеќе кон голот на Гилјерме за досаден меч во Калининград и реми без голови.

Ривалите од втората група во сегментот Б во Лигата на нациите ги разочараа гледачите, а мечот наликуваше на вистинска приспивна приказна.

Русите кои имаат значајна победа на гости против Турција донекаде и можеа да си дозволат да играат претпазливо, но разочараа заедно со Швеѓаните. Гостите пристигнаа во Русија со пораз од Турција на свој терен и се очекуваше да одат на победа, но заедно со домашната селекција не создадоа ниту една зрела шанса за гол.

По две кола во оваа група, Русија има 4 бода, пред Турција со три и Шведска само со еден бод.

Познато е кого гледаше Мурињо во Подгорица

Присуството на португалскиот стручњак Жозе Мурињо на средбата Црна Гора – Србија изненади многумина, а според српските медиуми, Специјалниот не дошол во главниот град на Црна Гора само затоа што бил поканет од Предраг Мијатовиќ, туку сакал во живо да види еден фудбалер.

Се шушкаше дека Мурињо му фрлил око на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, во кого можеби гледа наследник на незадоволниот Пол Погба, но Португалецот всушност дошол по Никола Миленковиќ.

Немања Матиќ не настапи, но Мурињо добро го познава Матиќ бидејќи работи со него и идејата му била да се запознае со дефанзивецот на Фиорентина.

Младиот Миленковиќ со добрите игри се наметна како лидер на одбранбената четворка и во клубот и во националниот тим. Доколку Миленковиќ заврши во Јунајтед, ќе ги следи стапките на Немања Видиќ, кој остави длабока трага на „Олд Трафорд“, а во последните сезони беше и капитен на славниот клуб.