Дома Blog Страница 10531

Од Сампдорија не признаваат пораз: Дуелот со Јувентус заврши 2-2!

Јувентус ја победи Сампдорија во меч кој се покажа како вистинско дерби во денешните мечеви од Серија А. Старата дама славеше со 2:1, во еден многу чуден дуел. ВАР системот беше во главна улога. Прво беше досуден пенал за Сампдорија, потоа со помош на видео технологијата беше досуден и пенал за Јувентус, а на крајот, во 91 минута, по прегледување на снимката, беше поништен гол на гостите.

Тренерот на Сампдорија, Марко Џампаоло беше многу разочаран од фактот што голот во 91 минута беше поништен и верува дека неговиот тим е оштетен.

„Многу екипи кога играат против Јувентус, играат како предвреме да загубиле. Ми се допадна како ние одигравме и што се однесува до мене, резултатот е 2:2. Пеналот кој беше досуден за Јувентус беше подарок. Не смее во такви ситуации да се досуди пенал, бидејќи секој викенд ќе биде хаос на терените“, вели стратегот на Сампдорија, Џампаоло.

Не само Милан,„црната серија“ ја прекина и Игуаин (видео)

Милан беше подобар од Спал со конечни 2-1, во мечот кој се одигра во рамките на 19. коло во Серија А. „Росонерите“ ставија крај на серијата од четири меча без подогок, а вечерва постигнаа два гола.

Гостите ги шокираа присутните на „Сан Сиро“ откако Петања им донесе водство по само 13 минути игра. Но, избраниците на Џенаро Гатузо експресно одговорија, а Кастилјехо беше човекот кој постигна голот за Милан по 396 минути пост.

За освојуање на значајните три бода, погодокот го постигна Гонзало Игуаин во 64-тата минута од мечот, а Аргентинецот ќе го памети овој меч. Популарниот „Пипита“ после 10 натпревари во дресот на Милан се запиша во листата на стрелци, а воедно овој гол беше негов шести сезонава во Серија А.

Милан е сега петти на талебата со 31 бода, додека Спал се наоѓа на само четири бода од црвената зона по 19 одиграни натпревари во италијанскиот шампионат.

https://www.dailymotion.com/video/x6zpswg

 

Покетино: Не сме машини

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, по поразот од „волците“  од 3-1 пред домашна публика, истакна дека им беше тешко на неговите фудбалери да го одржат високото ниво на игра, па токму затоа беа казнети. Тотенхем имаше четири последователни победи во Премиер лигата пред денешната средба со Вулверхемптон, а особено своите квалитети ги истакнаа во победите над Евертон со 6-2, и против Барнли со 5-0.

„Се обидовме да играме побрзо во второто полувреме, но бевме премногу директни со топката. Сметам дека ја плативме цената за вложениот напор во претходните неколку натпревари. Сепак, не сме ние машини. Мора да разбереме дека не смееме да се доведуваме во вакви ситуации“, истакна Покетино по мечот.

Иако се наметнаа како предизвикувачи на Ливерпул и Манчестер сити во трката за титулата во Премиер лигата, „црвените“ го растурија Арсенал со 5-1, па сега Тотенхем заостанува цели девет бода зад лидерот на табелата.

И тоа се случи: Милан даде гол после 396 минути во Серија А

Милан на четири последователни средби во Серија А не успеваше да ја затресе мрежата на противниците. По три ремија без голови и еден минимален пораз од Фиорентина, избраниците на Џенаро Гатузо конечно го скршија малерот кој траеше цели 396 минути.

„Виновникот“ беше летното засилување, Саму Кастилјехо, кој во 16-тата минута израмни на 1-1 во дуелот против СПАЛ. Гостите стигнаа до предност на „Сан Сиро“ три минути претходно, а шпанскиот фудбалер со својот втор гол во Серија А се погрижи што побрзо да ја прекине „црната серија“ на неговиот тим.

По првиот дел, средбата меѓу Милан и Спал е неизвесна при резулат од 1-1.

https://www.dailymotion.com/video/x6zpq34

Џикиќ доби отказ, Репеша е нов тренер на Будуќност

Александар Џикиќ повеќе не е тренер на Будуќност, откако раководството денес му врачи отказ. Лошите резултати во Евролигата и АБА кои Будуќност ги нареди во изминатиов период, се главната причина за отказот. Ексселекторот на Македонија во минатата сезона го предводеше црногорскиот клуб до историската прва титула во јадранскиот шампионат.

Екипата ќе ја предводи Јасмин Репеша, но хрватскиот стратег нема да биде на клупата на Будуќност во дуелот против Црвен ѕвезда кој утре (19 часот) ќе се игра во Белград.

Пред извесно време и самиот Џикиќ се обиде да поднесе оставка, но управата на клубот истата ја одби. Вчерашниот пораз од Баерн Минхен во европското натпреварување им помогна во одлуката на челниците да го сменат Џикиќ, и во Новата година да бараат освесжување на клупата.

По 15 натпревари во Евролигата, Будуќност се наоѓа на претпоследното место со само три победи, додека во АБА лигата по 12 меча четири пати претрпеа пораз.

Торес направи место: Премиер лигата има нов „најдобар уткач“ (видео)

Ливерпул го растури Арсенал со убедливи 5-1 за завршување на 2018 година во голем стил. Фудбалерите на Јирген Клоп направија шоу на „Енфилд“ и ја продолжија победничката низа, но еден момент од овој меч ќе остане посебно запаметен.

Напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, покажа како не треба да се стигне до слава во фудбалот, промашувајќи го невозможното пред самиот гол на домаќините, кој воедно беше празен во тој момент.

На помалку од еден метар пред голот, Обамејанг ја шутна топката преку пречката, доста некарактеристично за еден од водечките голгетери во Премиер лигата. И да го погодеше голот, истиот немаше да се важи бидејќи Габонецот беше во недозволена позиција при додавањето од Ремзи, но сепак, ова беше поголемо промашување и од она на Фернандо Торес кога утна цел гол против Манчестер јунајтед пред неколку години.

https://twitter.com/Zayne55748341/status/1079089072885415942

Рапсодија на „Енфилд“ – Триото на Ливерпул го столчи Арсенал

Ливерпул потполно го надигра Арсенал со 5-1 во дербито на 20. коло во Премиер лигата. Средбата на „Енфилд“ не наликуваше на дерби, туку на шоу во сопственост на напаѓачкото трио на „црвените“ – Фирмино, Салах и Мане.

Сите тројца се запишаа во листата на стрелци, а Бразилецот го постигна својот прв хет-трик меч од Премиер лигата откако го носи дресот на Ливерпул. Домаќините беа изненадени од раниот погодок на Арсенал, кој го постигна младиот Мајтланд – Најлс во 11-тата минута.

Набрзо потоа, поточно три минути подоцна, се случи колапс на одбраната на „топчиите“. Фирмино донесе израмнување во 14-тата минута, па постигна уште еден гол само две минути подоцна и практично сам го сврти резултатот во корист на „црвените“.

Фудбалерите на Јирген Клоп не застанаа тука, а на листата на стрелци се запиша и Садио Мане. Сенегалецот имаше лесна задача откако Салах му намести да ја затресе мрежата на Лено. Пред крајот на првото полувреме, беше досудена најстрога казна во корист на Ливерпул, па Салах беше немилосрден од белата точка за големи 4-1 по првите 45 минути.

Фирмино стигна до својот трет гол, откако во 65-тата минута судијата Мајкл Оливер повторно досуди пенал во корист на домаќините. Овојпат Салах го остави Бразилецот да ја изведе најстрогата казна и ја реализираше.

Ливерпул и по 20 меча останува непоразен во Премиер лигата, цврсто стојат на врвот со 54 бода, додека Арсенал четврти пат сезонава трпи пораз, па избраниците на Унаи Емери со 38 бода остануваат на петтото место.

Maјсторијата на Мертенс му донесе три бода на Наполи (видео)

Наполи успеа да ја надигра Болоња со конечни 3-2 на „Сан Паоло“. Избраниците на Карло Анчелоти добро се намачија да ги освојат трите бода и да го преродат болниот пораз од Интер од минатото коло.

Полскиот голгетер, Аркадиуз Милик во 16-тата минута погоди за прва предност на Наполи, а Сантандер во 37-та минута го израмни резултатот. Полјакот и во второто полувреме беше прецизен, па во 51-та минута одново ги израдува домашните навивачи. Но, Болоња и втор пат израмни, а Данило беше стрелецот на голот.

Сепак, последниот притисок и обид да се стигне до посакуван резултат беше круцијален за „наполитанците“. Се играше 88-та минута кога Дрис Мертенс изведе мајсторија од далечина, и ги освои бодовите за неговата екипа.

По 19 средби Наполи бележи 44 бода и повторно се врати на -9 во однос на лидерот Јувентус. Болоња влезе во негативна серија од пет меча без победа, а по вкупно 10-от пораз сезонава во Серија А, се наоѓа на 18-тото место со само 13 освоени бода.

https://www.youtube.com/watch?v=iFouz6T8VBA

Точно пет години од несреќата: Главниот спасувач открива како Шумахер можел да не настрада

Освои седум титули во формула 1 шампионатот, уживаше во опасните предизвици и никој не веруваше дека може на скијачка патека да доживее толку тешка несреќа, која засекогаш ќе му го промени животот. На 29 декември пред точно пет години, легендарниот формула 1 возач Михаел Шумахер, настрада додека скијаше.

Популарниот Шуми изгубил контрола излетал од патеката и најпрво  удрил во една карпа, а потоа летнал три и пол метри во воздух, за да на 10 метри подоле, со главата удри во друга карпа. Тоа бил кобен удар. Според човекот кој ја водеше операцијата за спасување на легендарниот Ф1 возач на 29 декември 2013 година, Стефан Бозон, се можело да биде поинаку, доколку на патеката на францускиот центар за скијање, имало наврнато повеќе снег.

„Го видов каменот на кој налетал Михаел Шумахер, а потоа и каменот во кој удрил со главата. Претходните три дена немаше врнето многу снег и затоа камењата и карпите само малку биле прекриени со снег. Сепак, тоа било доволно да не се гледаат. Ако имало наврнато повеќе снег, Михаел само ќе поминел преку карпите и камењата“, вели Бозон.

Главниот спасувач се присетува на денот на кој било борба да се спаси животот на Шумахер.

„Често размислувам за таа несреќа. Посебно кога ќе ги видам камењата прекриени со снег на работ од местото за скијање. Не знам како е Михаел, но би сакал да слушнам добри вести за него“, додава Бозон.

Никој не знае како искусен скијач како Шумахер скршнал од патеката и преминал на необележениот дел каде и налетал на карпа. Од ударот, Шуми летнал три и пол метри во воздух, а потоа на 10 метри одалеченост удрил во друга карпа и тоа директно со главата. Од ударот, се скршила кацигата на Германецот.

„Веднаш повикав хеликоптер, бидејќи тешко беше на друг начин да се однесе во болница. Знаевме дека е нешто сериозно. Кога го најдоа, спасувачите не смееја ниту да го помрднат. Беше тешко да се транспортира, бидејќи падот беше на само осум метри од местото каде што се наоѓаа скијачите на патеката“, открива Бозон.

По внесувањето во хеликоптерот, Шумахер колабирал додека леталото било во воздух. Било решено хеликоптерот брзо да се приземји, а потоа и да биде транспортиран во болницата во Гренобл, која се наожала на 71 километри одалеченост. Таа болница е најголемата и најмодерната во Франција за трауми.

Сега, пет години по несреќата, малку се знае за состојбата на Шумахер. Според пишувањата, тој конечно станал од креветот, па дури и ја гледал Ф1 трката во Бразил. На 3 јануари, Шумахер ќе наполни 50 години.

Фирмино-манија: Ја „легна“ цела одбрана на Арсенал (видео)

Фуриозен старт на дерби пресметката меѓу Ливерпул и Арсенал на „Енфилд“. За само 16 минути се постигнаа три погодоци (2-1), а „црвените“ брзо се разбудија од шокантниот примен гол во 11-тата минута. Младиот Мајтланд-Најлс донесе предност за „топчиите“, а потоа Роберто Фирмино ја презеде работата во свои раце, па за две минути двапати го надмудри Лено.

При израмнувачкиот гол, Бразилецот имаше лесна задача да ја смести топката во голот, додека вториот беше вистинска мајсторија како на мал фудбал. Фирмино ја украде топката на противничката половина, па со со неколку кратки маневри ја „легна“ одбраната на Арсенал и го оствари пресвртот за неговата екипа.

Од средбата измина половина час, а Ливерпул е на добар пат и по овој меч да остане единствениот непоразен тим во Премиер лигата.

https://www.dailymotion.com/video/x6zpl35

 

https://www.dailymotion.com/video/x6zpl5u

 

https://www.dailymotion.com/video/x6zpkyd