Дома Blog Страница 10532

Вакво нешто не беше видено досега – 15 победи во една година

Американската скијачка Микаела Шифрин, ја продолжи доминацијата во слаломските трки од Светскиот куп, триумфираше и на петтиот слалом годинава, а ова беше нејзина 15-та победа во 2018 година, и стана првата во историјата со ваков подвиг. Ниту еден друг скијач или скијачка во историјата на СК, немал 15 победи во една календарска година.

Шифрин која има 23 години, дојде до својата 51-ва победа во кариерата, од тоа 36 се во слалом, со што веќе е лидер во женското скијање. Американката беше подобра од второпласираната Петра Влхова од Словачка, и со тоа се реваншираше за вчерашниот пораз во Семеринг во велеслалом. Влхова победи на велеслаломот, а Шифрин беше втора. Но, во слалом, Шифрин доминира како ниту една скијачка претходно и во пет трки сезонава има пет победи во оваа техничка дисциплина.

Нека се пази Елмас, во Фенербахче доаѓа опасниот Балотели

Марио Балотели се сели во Турција ќе игра за Фенербахче, според најавите на неговиот менаџер и еден од најдобрите на светот Мино Рајола.

Супер Марио правеше супер проблеми и во Ница, се скара со легендата Патрик Вјеира, кој е тренер на францускиот прволигаш и ќе мора да си оди.

Ќе биде интересно да се види како Балотели ќе функционира во Фенербахче, клуб кој бележи слаби резултаи и атмосферата во тимот не е на ниво. Марио против своја волја ќе се сели во Турција, откако изјави дека сака пак да игра во Серија А, што е најава за нови проблеми.

За Фенербахче игра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, клубот е трет одоздола на табелата, па вистинскиот Балотели, кога не прави проблеми ќе им биде добредојден. Но, ако му се врати навиката да прави проблеми ќе биде пеколно тешко за соиграчите на Супер Марио, секако и за Елмас.

Ветеранот не запира – Квалјарела го стаса Трезеге со голови на 9 меча по ред

Фабио Квалјарела постигна израмнувачки гол од пенал за Сампдорија против Јувентус и ја продолжи блескавата серија од девет натпревари на кои постигнува барем еден погодок.

Ветеранот има 35 години, но игра како во најдобрите времиња и немилосрдно ги тресе противничките мрежи. За Квалјарела ова беше десетти погодок на последните девет натпревари во дресот на Сампдорија.

Со денешниот погодок Фабио е на третата позиција на листата на стрелците со 12 голови, зад водечкото дуо Пјонтек-Роналдо со по 13.

Серијата на Квалјарела со погодоци на девет меча по ред за последен пат во Серија А пред него ја имаше Давид Трезеге во 2005 година.

Гол за Арсенал, бодови за Ливерпул

Ѓорѓи Христов во овој период има многу работа со ангажманот во Спорт Манија, како наш редовен гостин со анализи и предлог типови во Премиерлигата. Во Англија се игра нон-стоп и празнично, а некогашниот играч на Барнсли останува на готовс и за двете кола што се играат едноподруго за помалку од 48 часа, пред и по Нова година.

Денеска и утре на ред е 20. коло во англиското првенство, а веднаш потоа на први и на втори јануари ќе се игра 21. рунда.

За крај на 2018 година директорот на Академијата на Вардар за вас подготви пет предлог типови од Премиерлигата.

 

Фулам – Хадерсфилд (Сабота, 16 часот)

Време е Фулам да ја прекине црната серија од шест меча без пораз, а меч против Хадерсфилд е вистинска шанса за пресврт. Гостите имаат 6 порази по ред, па ова ќе биде дуел на две екипи што се на последните две места на табелата и се во најлоша форма од премиерлигашите.

Фулам потроши многу пари во летниот преоден рок, Раниери се обидува да ги среди работите, а верувам дека сега и ќе се радува на победа со неговите играчи.

Предлог тип: 1 (2.12)

 

Лестер – Кардиф (Сабота, 16 часот)

Лестер е во победнички тренд, успесите против Челзи и Манчестер сити носат убава атмосфера во таборот на популарните „лисици“ и тие ќе се обидат да го искористат моментот и да комплетираат хет-трик пред Нова година.

Кардиф има три меча во низа без победа и има многу мали шпанси да го изненади разиграниот тим на Лестер.

Предлог тип:1&3+ (2.55)

 

Ливерпул – Арсенал (Сабота, 18.30 часот)

Ливерпул е во таков налет што ми се чини дека во моментов не постои клуб што може да го победи лидерот во Премиерлигата. Со серија одлични игри и победи си направија фантастична атмосфера што се чувствува, а кога е така тоа е дополнителен ветар в грб за клубот да продолжи со успеси.

Арсенал го има истиот проблем како и во претходните години. Игра напаѓачки, но и премногу нестабилно за да биде конкурент за титулата. Можат да му дадат гол на Ливерпул, но домаќините ќе победат.

Предлог тип: 1&ГГ (2.80)

 

Барнли – Вест Хем (Недела, 15.15 часот)

Барнли си го плаќа данокот на играњето во Европа, а тоа некако беше и очекувано. Имаа многу повредени играчи, сезоната им почна порано и логично е во такви услови побрзо да ги стаса заморот. А, сега се игра и во забрзано темпо во Премиерлигата, што очигледно не му одговара на скромниот состав на Барнли. Поразот од Евертон од 1:5 во минатото коло на некој начин е само потврда дека Барнли е во голема криза.

Вест Хем има пет победи на последните шест натпревари, иако и тие имаат сериозни проблеми со повреди на играчите. Но, и без Арнаутовиќ, Чичарито, Ланцини, Балбуена, Вилшер, Јармоленко и уште неколку отсутни играчи го надиграа и победија Саутемптон во минатото коло и очекувам и сега да најдат сили за нов триумф.

Предлог тип: 2 (2.35)

 

Манчестер јунајтед – Борнмут (Недела, 17.30)

Манчестер јунајтед се консолидира со две победи, а верувам дека и третата е на ред. По Кардиф и Хадерсфилд, ова е најтешкиот тест за Оле Гунар Солскјер и неговите избраници, во пост ерата без Жозе Мурињо на клупата.

Атмосферата драстично се подобри, Пол Погба се разигра и полека се враќа во препознатлив стил на игра, како и неговите соиграчи. Јунајтед има солиден квалитет, а му доаѓа Борнмут со два тешки порази од Ливерпул и Тотенхем, и без постигнат гол на последните три гостувања.

Верувам дека домаќините ќе ја искористат својата добра форма и лошиот период на гостинската екипа за уште една победа под команда на Солскјер.

Предлог тип: 1 (1.40)

 

 

 

 

Фудбалски празник во Рим со многу голови

Последниот фудбалски викенд за 2018 година е предизвик за Панче Ќумбев со добитна петка да ја заокружи годината.

Првиот човек на Независниот синдикат на македонските фудбалери направи микс од натпревари од Премиерлигата и од Серија А, кои се најатрактивни во самиот финиш на 2018 година.

 

Лацио –Торино (15 часот)   

За мене овде нема фаворит. Двата последни меѓусебни дуели ги добија екипите што гостуваа, па очекувам уште еден неизвесен меч. Мислам дека е најдобро да се типува на голови, а очекувам да ги има многу голови, па верувам дека 3 + е реален епилог.

Предлог тип: 3+ (1.76)

 

Фулам –Хадерсфилд (16 часот)

Според мене фаворит овде е Фулам. Верувам дека ќе ги освојат трите бода и конечно да полека да го почнат бегството од долниот дел на табелата. Мислам дека Хадерсфилд е најслабиот тим во Премиерлигата и очекувам Фулам да презентира дел од квалитетот што го има и да ги освои бодовите.

Предлог тип: 1 (2.12)

 

Тотенхем – Вулверхемптон (16 часот)     

Што да се каже за момците на Покетино, едноставно газат се пред себе. Играчите на Тотенхем се како машина за голови. Верувам во висока победа и на овој натпревар и затоа типувам единица со најмалку 3 гола на мечот.

Предлог тип:1&3+ (2.08)

 

Ливерпул – Арсенал (18.30 часот)

Мислам дека конечно е дојдено време Ливерпул да биде шампион во Премиерлигата. Долго ја чекаат титулата, а сезонава момците на Клоп апсолутно ја заслужуваа со игрите што ги прикажуваат. Гостите се неуверливи и имаат благ пад на формата.Типувам единица со најмалку три гола.

Предлог тип: 1&3+ (2.00)

 

Наполи –Болоња (18.30 часот)

Се знае кој е фаворит на мечот. Поразот од Интер секако беше незгоден за Наполи, но тие се многу поквалитетен состав од Болоња и очекувам нивна победа со најмалку два гола во мрежата на гостинскиот голман.

Предлог тип: 1&Т1 (1.45)

 

На кого му покажуваше јазик Ѓоковиќ? (Видео)

Новак Ѓоковиќ успеа да ја изненади и да ја насмее публиката во Абу Даби, кога при една пауза помеѓу два гејма на дуелот со Карен Хачанов, почна да му го покажува јазикот на некого во публиката. Камерманите веднаш го уловија „човекот“ на кој Ноле му се „плазеше“, а тоа беше неговиот син Стефан, кој седеше во ложата и исто како татко му, си играше со јазикот, правејќи разни гримаси.

Новак беше добро расположен, го победи младиот Русин, а денеска од 16 часот игра финале против Кевин Андерсон. Победникот на егзибицискиот турнир ќе освои 250.000 долари, а поразениот финалист ништо.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=71&v=8xq_zO9bCzg

 

Чао за Гатузо со победа против Спал

Со натпреварите од Серија А и од Премиерлигата ќе ја испратиме 2018 година, а за последното коло во двата шампионати ќе ви понудиме анализа на пет натпревари и предлог типови.

 

Јувентус – Сампдорија (12.30 часот)

Половина час по пладне ќе играат две од петте најефикасни екипи во Серија А. Јувентус повторно е неприкосновен во Италија и е главен фаворит за титулата, а со доаѓањето на Кристијано Роналдо е вистинска машинерија за голови. Првото место не е спорно за Старата дама, иако подзапре во Бергамо во минатото коло и се спасуваше од првиот пораз во Калчото во новата сезона. Роналдо дава голови, Манџукиќ е во форма, Дибала игра одлично, а Јуве има разноврсни и моќни оружја во нападот.

Сампдорија игра над очекуваното сезонава, се позиционира на петтото место и има европски амбиции. Но, и по традиција прима доста голови кога му гостува на Јувентус. На последните три патувања во Торино голманите на Сампа дури 12 пати ја вадеа топката од мрежата.

Предлог тип: T1 1+I & Т1 3+ (2.45) Квота на денот

 

Емполи – Интер (15 часот)

Интер го победи Наполи во дербито од минатото коло, со што се врати позитивната атмосфера кај „нероаѕурите“, а денеска играат против еден од омилените ривали.

Интер ги доби сите пет последни меѓусебни дуели против Емполи, а и сега е голем фаворит за победа. Најдобриот стрелец на Интер, Мауро Икарди е вистински кошмар за одбраната на Емполи и им даде дури шест гола на последните пет натпревари.

Традицијата вели дека Интер често ги добива натпреварите против денешниот ривал со предност на полувреме, па очекуваме таков исход и денеска.

Предлог тип: 2-2 (2.22)

 

Брајтон – Евертон (16 часот)

Фудбалското лудило во Англија продолжува со последното коло пред Нова година, а Евертон влезе во вистински ритам и игра ултра ефикасно.

Популарните „карамели“ постигнаа 10 и примија 13 голови на последните 4 натпревари, па нема причина и денеска против Брајтон да не одиграат меч со многу голови.

Брајтон нема победа 4 кола по ред, но одигра одлично против Арсенал во минатото коло и ремизираше, па сега ќе атакува да ја прекине низата без триумф. Евертон нема причина да калкулира, ќе оди на три бода што ветува напаѓачки фудбал од двете страни на „Амекс“ стадионот во Брајтон.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.25)

 

Ливерпул – Арсенал (18.30 часот)

Само шампионот Манчестер сити има постигнато повеќе голови од лидерот Ливерпул, а на гости на „Енфилд роуд“ доаѓа секогаш ефикасниот Арсенал.

Од дербито на две екипи со напаѓачка филозофија се очекува многу и секако во прв план се головите. Иако домаќините ја имаат најцврстата одбрана во Премиерлигата со само 7 примени голови на 19 натпревари, „топчиите“ имаат потенцијал да им ја затресат мрежата. Фаворит е Ливерпул, но Арсенал е непредвидлив тим и може да изненади, па опцијата да се одигра на голови е најдобра варијанта.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.85) Квота на денот

 

Милан – Спал (20.30 часот)

Спал е во криза, има долга серија од девет меча без победа во Калчото, а ако се смета и поразот од Сампдорија во купот, нанижа десетка без триумф. И Милан е во лош тренд, пет меча не може никого да победи, а кризата ја пламна елиминацијата од Европа Лигата по тешкиот пораз од Олимпијакос.

Џенаро Гатузо ќе биде сменет, но сепак Милан е гигант и мора уште денеска да ја сопре низата од пет меча без триумф. Спал е шансата да се стори тоа, а за домаќинот нема друг избор освен атак на цел плен.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.20) Квота на денот

 

Кака: Не бев најталентиран Бразилец, но бев најпрофесионален

Еден од најдобрите бразилски фудбалери во последните 20-тина години, Рикардо Кака, смета дека немал талент како Ромарио, Роналдо, Ривалдо и Роналдињо, но бил попрофесионален од нив.

„Од петте Бразилци кои беа фудбалери на годината, веројатно јас бев најнеталентираниот. Но, веројатно бев најпрофесионален. Само со талентот, немаше ништо да направам, потребна беше работа. Сфатив дека мора да се трудам и да трчам повеќе од останатите“ – вели Кака.

Кака жали што во 2006 година, Бразил не станал светски првак, иако имал добр тим,  но тој освои Мундијал, во 2002, и тоа му е омилениот трофеј во кариерата.

„Ако мора да одберам еден трофеј, тогаш титулата на СП 2002 ми е омилена, иако играв само 23 минути против Костарика. Интересно е што играв 23 минути, а на тоа првенство го носев дресот со бројот 23“ – додава Кака.

Братучедот на Хабиб, се бореше под саудиско знаме

Првиот братучед на Хабиб Нурмагомедов, Усман, ја доби борбата со Јапонецот Исеи Моријама, но во телевизискиот пренос беше претставен како борец од Саудиска Арабија, а и во октагонот пред почетокт на борбата од Брејв ФЦ 21 турнирот, зад него се вееше знамето на таа земја.

Борбата на Усман во Џеда во Саудиска Арабија, заврши со технички нокаут. Усман се бори во категоријата до 66 килограми, но остана дилема која земја ја претставуваше. Во аголот на Русинот, имаше само саудиско знаме. Но, откао борбата заврши, при прогласувањето на победникот, знамето беше тргнато.

Во видео-најавата за оваа борба, јасно се гледаше дека Усман го најавуваат како борец од Русија.

Лажел дека го боли стомак, жена му го издаде дека е на Малдиви

Турскиот фудбалер Сердар Азис, ќе биде избркан од Галатасарај, поради нарушување на клупската дисциплина, а причината крајно непроферсионалното однесување на Сердар.

Овој 28-годишен дефанзивец, минатиот викенд не играше против Сивасспор, иако беше речиси редовен стартер во тимот. Тој си го навлекол гневот на раководството, откако сфатиле дека ги лаже оти е повреден. Сердар се жалел на стомачни болки и добил дозвола од клубот да не игра на таа средба, но не знаеле дека тоа му е само оправдување да не се појави, бидејќи имал други планови, да оди на краток одмор на Малдивите.

Проблемот настанал кога неговата сопруга Тугџе објавила фотографија како се одмораат на Малдивите, па навивачите жестоко реагираа и го критикуваа ова однесување, а потоа и од клубот најавија дека тој ќе биде продаден во јануари. Ако не се најде клуб, тогаш Азис ќе треба до крајот на сезоната да гледа мечеви од трибините.