Дома Blog Страница 10555

Специјалист за промена на полот ќе му суди на Реал Мадрид

Цезар Новал е еден од најдобрите светски доктори во својата област, а викендов наместо на операциона сала, ќе биде на фудбалскиот терен и ќе му суди на Реал Мадрид. Докторот, кој е познат како светски рекордер по брзината на промена на полот на еден човек, е делегиран да биде помошник-судија на мечот Еибар – Реал Мадрид во 13-тото коло во шпанската Примера дивисион.

Новал е роден во Валенсија, но со години правел пластични операции во САД. Потоа се врати во Шпанија и се специјализирал за промена на полот. Шпанецот е познат и признат во цел свет. Тој успеа само за 18 часа да направи целосна промена на полот, што е досега рекордно брзо време.

Викендов докторот нема да има операција туку ќе стои покрај аут-линијата и ќе ја дели правдата на дуелот Еибар – Реал Мадрид. Иако неговата специјалност ја покажува на операциската сала, се очекува в сабота да нема некоја поголема грешка.

 

Секој освоен поен на Ѓоковиќ во 2018 година вреди речиси 2.000 евра

Новак Ѓоковиќ е тенисерот кој ја одбележа 2018 година. Србинот покажа како никој никогаш не треба да се предава и може да се постигне посакуваниот успех. Популарниот Ноле беше во лоша форма, потоа поради повреда не играше половина година, но кога се врати, покажа зошто е еден од најдобрите во историјата на овој спорт.

Србинот триумфираше на Вилмблдон и со тоа се врати во топ 10 на АТП-листата. По Вимблдон, следуваше триумф и на Мастерсот во Синсинати, со што стана првиот тенисер во историјата кој победил на сите девет Мастерс турнири. Веднаш потоа се искачи на врвот на АТП-листата, а со триумфот и на Отвореното првенство на САД потврди дека е во врвна форма.

На последните два Мастерс турнири киксираше во финалето и не успеа да се радува во Париз и Лондон, но и покрај тоа, ова е одлична година за Ѓоковиќ. Во 2018 година заработи вкупно 11 милиони евра. Во текот на целата сезона Ноле одигра 10.628 поени, од кои доби 5.796. Ако заработените пари се поделат со бројот на освоени поени, тоа значи дека секој освоен поен на Ѓоковиќ во 2018 година вреди точно 1.897 евра.

 

 

Десет сезони по ред проткаени со голови на Филип Ивановски

Филип Ивановски е стрелец на првиот гол денеска на натпреварите од 14-тото коло во Првата лига, а сега во дресот на Беласица, тој е прв стрелец со интересен рекорд.

Еден од нашите најдобри напаѓачи ја почна сезоната во редовите на струмичани, досега постигна пет голови, а има серијал од 10 сезони по ред со најмалку еден постигна гол за клубот за којшто настапувал.

Од сезоната 2008/09, кога за полската Полонија имаше само еден настап, и тоа без погодок, 33-годишниот напаѓач направи убава серија.

Во 2010/11 играше за кипарскиот клуб Ахна и постигна еден гол, а потоа се врати во Вардар и имаше блескав учинок од 25 голови на 16 меча.

Кариерата потоа ја продолжи во Казахстан, во најдобриот клуб таму, Астана, и на два меча постигна два гола, па во текот на истата сезона, 2013/14, се врати во Вардар.

Ефектот кај „црвено-црните“ му беше три погодоци на три меча, а потоа во следните два циклуси продолжи да игра за Вардар и постигна вкупно 18 голови во двете сезони.

Се пресели во редовите на лутиот градски ривал Работнички, а во црвено-белиот дрес на романтичарите даде 7 голови на 33 меча.

Потоа повторно се одлучи да ја продолжи кариерата во странство, беше член на српски Јавор со 3 постигнати голови на 18 натпревари. Патот го одведе во Финска, во РОПС Рованиеми, каде што беше стрелец на 6 погодоци на 16 натпревари, а оттаму се врати во макфудбалот, во редовите на Беласица, каде што ја игра 17-та сезона во кариерата.

Ругани е незадоволен во Јувентус, ќе замине во Челзи или во Манчестер јунајтед

Сагата со Даниеле Ругани во Јувентус трае предолго и талентираниот стопер, односно неговиот татко и менаџер најавува заминување од Торино.

Заинтересирани за Ругани се Челзи и Манчестер јунајтед, па Јувентус веројатно ќе го продаде, иако се шпекулираше со позајмица во Милан.

На Ругани му е понуден нов договор, но минутажата му е скромна. Повеќе не игра, отколку што игра за шампионот на Италија.

Патем, од Јувентус не кријат дека имаат намера да ги ангажираат стоперот на Рома, Манолас, и бисерот на Ајакс, Де Лихт, па јасно е дека Ругани е ставен во втор план и тој веројатно ќе се пресели во Англија.

 

„Кралскиот клуб“ го чека пекол во Пиреја

ОЛИМПИЈАКОС – РЕАЛ МАДРИД (19.45 ч.)

Реал Мадрид е вистинска машинерија и има 22 победи во последните 23 меча во сите натпреварувања. Единствено загуби на свој терен од Андора во домашното првенство. Сепак, кога се работи за дуелите против Олимпијакос, Kралскиот клуб знае дека го чека голем предизвик.

Реал минатата сезона се искачи на европскиот трон, но во двата меча против Олимпијакос загуби. Интересно е што во Пиреја победникот се дозна по дополнителни пет минути, а во Мадрид гостите побeдија со разлика од еден поен. Сезонава Реал е едиствен со максимални осум победи досега во Евролигата.

Предлог тип: 1& >161,5 (3.25)

 

БЕНФИКА – АРУКА (21.45 ч.)

Меч од 16-финалето на Купот на Португалија во кој домаќинот е голем фаворит. На последните 10 меѓусебни средби, Бенфика има осум победи, Арука се радувала само еднаш и еден дуел завршил 2-2. Интересно е што и голови не фалат кога се овие ривали на теренот. Во истиот овој период, од 10 средби, дури на осум имало барем три погодоци.

Затоа освен сигурниот „кец“, убаво е да се одигра и на голови, а посебно да се искористи квотата на денот во Sport Life.

Предлог тип: T1 1+I & Т1 3+ (2.15)

ВАСКО ДЕ ГАМА – САО ПАУЛО (23 ч.)

Кога треба да играат овие два бразилски прославени клуба, неизвесноста не недостасува. Домаќинот е оној кому победата му е многу повеќе од потребна. Васко има 39 бодови, што е само два повеќе од зоната која носи испаѓање во понизок ранг. И за гостите постои добар мотив. Тие се борат за место кое води директен пласман за Купот Либертадорес за следната сезона.

Можеби звучи неверојатно, но Васко де Гама на свој терен нема победа над овој ривал во последните 10 меча. Домашните навивачи последен пат се радуваа во далечната 2005 година.

Предлог тип: 0-2 гола (1.57)

 

БАРСЕЛОНА – МИЛАНО (21 ч.)

Милано игра одлично сезонава и има шест победи и само два порази во Евролигата. Гостувањето кај Барселона секогаш е тешко, но италијанскиот тим лани покажа дека знае како се победува на тој терен. Милано го има третиот најдобар напад во Евролигата, што значи дека одбраната на Барселона ќе мора да биде на посакуваното ниво.

Предлог тип: 1&<167,5 (2.70)

 

MЕРИЕНЛИСТ- БРОНДБИ (19 ч.)

Данскиот гигант едноставно само треба да се појави на терен и да победи во дуелот со второлигашот во осминафиналето од Купот. Чудо е како тимот кој е на последното место во Втора лига, со 14 порази во 16 меча стигна до оваа фаза од Купот, но тука ќе биде и нивниот крај на сензациите.

Факт е дека домаќините нема што да загубат, па се очекува да тргнат офанзивно, што ветува голови. Квотата на денот во Sport Life нуди интересна игра.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.25)

 

 

Обрадовиќ и на 58 години погодува тројки како од шега (Видео)

Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, на тренингот на неговиот тим во Тел Авив, каде што вечерва гостуваат кај Макаби во меч од Евролигата, покажа дека уште има мек шут и не му е проблем да погоди и пет тројки по ред.

Обрадовиќ има 58 години, во 1991 година ја заврши играчкара кариера, но и 27 години подоцна покажа дека има работи кои не се забораваат. Тој и помошникот Ердем Џан решија да се натпреваруваат во шутеви од дистанца, а многу поуспешен беше шефот, кој погоди пет тројки по ред.

Овој „натпревар“ беше снимен, погледнете како изгледа кога непогрешливиот Обрадовиќ дава тројки без никаков проблем:

Прогнозирај: Бока или Ривер? Кој ќе биде новиот првак на Јужна Америка?

Можеби најголемото дерби на светот, дуелот меѓу Бока јуниорс и Ривер плате, во сабота треба да доживее кулминација. Вековната традиција и ривалството на овие два аргентински гиганти се на самиот врв, бидејќи сега играат за титулата најдобар тим во Јужна Америка.

За првпат во историјата овие клубови се ривали во финалето на континенталното натпреварување. Првиот меч на кој Бока беше домаќин заврши 2-2. Сега Ривер има меч-топка, бидејќи со победа на свој терен, ќе стане шампион на Јужна Америка. Во ова финале не важи правилото за гол на гости, што значи дека ако е нерешено сигурно ќе има дополнителна драма.

Суперкласико за супервозбудливо прогнозирање. Во досегашниот вкупен биланс Бока има 88 победи, Ривер се радувал на 81 меч, а 77 средби завршиле нерешено.

Освен аргентинското Суперкласико, во понудата има уште 11 натпревари на кои можете да го прогнозирате исходот и да ви помогне да освоите ваучери од Sport Life, исто така, може да придонесе и за главната награда, „самсунг галакси А6“, a сето тоа ќе можете да го сторите на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза, ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

Барселона му постави два услови на Нејмар за враќање на „Камп ноу“

Кога Нејмар минатата година реши да си замине од Барселона за да потпише со Пари Сен Жермен, тоа беше за неверување. Бразилецот си замина за рекорден трансфер вреден 222 милиони евра. Сепак, само една и пол година подоцна, Нејмар бара начин како да се врати во Барселона.

Нејмар не е многу задоволен од животот во Париз, но и од фактот дека „светците“ не делуваат како тим кој би можел да стане европски првак. Затоа, Нејмар веќе ги направил првите контакти за можно враќање во каталонскиот гигант, но и тоа да се случи ќе мора да исполни два услови кои му ги поставија челниците на Барселона.

Бразилецот ќе мора сам да го исфорсира трансферот, а откако би се вратил во Барселона, ќе треба да се согласи да добива помала плата од таа што сега ја има во ПСЖ. Првично, играчот се согласил на овие услови и верува дека во 2019 година повторно ќе биде во дресот на шпанскиот првак. Нејмар играше за Барса од 2013 до 2017 година.

 

 

Винс Картер со забивање до јубилеј од 25 илјади поени (Видео)

Винс Картер во свој стил, со атрактивно забивање на мечот со Торонто, стигна до 25 илјади поени во кариерата и е во одбраното друштво во НБА-лигата од 22-ца кошаркари со ист ефект.

Еден од најдобрите забивачи во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот успеа да стаса до убав јубилеј, а тоа го стори во препознатлив стил. Со атрактивно забивање во дресот на осмиот клуб во кариерата, Атланта хоукс, против Торонто Картер го исполни бонусот.

Винс е меѓу најдобрите во неколку категории во НБА. Се наоѓа меѓу шестте кошаркари, кои имаат над 25 илјади поени во комбинација со над 6 илјади скокови, 2.500 асистенции, над илјада украдени топки и над илјада тројки.

Импресивната кариера му донесе 8 настапи на Ол-стар натпреварите и е еден само од седумтте кошаркари во НБА со настапи во 20 или повеќе сезони. Со просек од 20 поени, 4 скокови и три асистенции во 10 сезони по ред, тој е само еден од шестмината во НБА-лигата со таков учинок и просек во трите главни категории.

 

Косово уште ќе се засилува – Прв на ред е Домѓони од Цирих

Косово уште ќе се засилува, а амбициите не се кријат, да се победи Македонија на гостински терен во полуфиналниот меч во март 2020 година во Сегментот Д од Лигата на нациите.

„Се надеваме дека ќе успееме да ги убедиме помладите фудбалери кои се родени на Косово, а играат за странски клубови да прифатат да настапуваа за нашата репрезентација. Има многу таленти и секој таков фудбалер ќе биде голем плус за Косово во обидот да се оствари историски пласман на Европско првенство“, пренесуваат косовските медиуми.

Прв на ред за камбек во Косово е играчот на Цирих, Тони Домѓони, кој настапува за швајцарската репрезентација за играчи до 19 години.

Тој сè уште не ја прифатил поканата на Фудбалската федерација на Косово да настапува за сениорскиот тим на оваа земја, но постои можност Домѓони да игра против нас во март 2020 година, во полуфиналето кое најверојатно ќе се игра во Скопје или во Струмица.