Винс Картер со забивање до јубилеј од 25 илјади поени (Видео)

Винс Картер во свој стил, со атрактивно забивање на мечот со Торонто, стигна до 25 илјади поени во кариерата и е во одбраното друштво во НБА-лигата од 22-ца кошаркари со ист ефект.

Еден од најдобрите забивачи во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот успеа да стаса до убав јубилеј, а тоа го стори во препознатлив стил. Со атрактивно забивање во дресот на осмиот клуб во кариерата, Атланта хоукс, против Торонто Картер го исполни бонусот.

Винс е меѓу најдобрите во неколку категории во НБА. Се наоѓа меѓу шестте кошаркари, кои имаат над 25 илјади поени во комбинација со над 6 илјади скокови, 2.500 асистенции, над илјада украдени топки и над илјада тројки.

Импресивната кариера му донесе 8 настапи на Ол-стар натпреварите и е еден само од седумтте кошаркари во НБА со настапи во 20 или повеќе сезони. Со просек од 20 поени, 4 скокови и три асистенции во 10 сезони по ред, тој е само еден од шестмината во НБА-лигата со таков учинок и просек во трите главни категории.

 

- Оглас -

Најнови вести