Дома Blog Страница 10566

Вистински рај со играта полувреме-крај, за 50 денари си ќари 3.100 евра

Три гола во последните минути на три различни натпревари донесоа голема радост во Кичево и добивка од над 3 илјади евра со уплатени 50 денари.

И тикетот е интересен, уплатени се само три парови и сите со играта полувреме-крај, и тоа 1-Х.

Единица на полувреме, нерешено на крај, а за да биде добитен тикетот, се погрижија тројца стрелци со голови во финишот.

Два меча се типувани од Лигата на нации, а може да се каже дека среќни за добитникот испаднаа дуелите од третата група во Сегментот Ц.

Домаќините, Словенија и Кипар имаа предност од 1-0 на полувремето, а Норвешка и Бугарија израмнија во последните пет минути. Најпрво, Јонсен со гол во 85-тата минута израмни за Норвежаните во Љубљана, а потоа Димитров од пенал постигна гол за Бугарија во Никозија. Двата дуели од 20.45 часот завршија идентично, со резултат 1-1, што ја крена возбудата кај нашиот среќен добитник на максимум.

Му остана само мечот од шпанската Втора лига, популарната Сегунда, меѓу Лас Палмас и Гранада, кој почна 15 мунути подоцна, односно во 21 часот. И таму, првиот услов, домаќините да имаат предност на полувремето, беше исполнет во последните моменти. Искусниот Рубен Кастро погоди за Лас Палмас во 43-тата минута и домаќините имаа предност од 1-0 по првото полувреме.

Вистинска драма се случуваше во финишот на мечот. При резултат 2-1 за Лас Палмас, Пуертас промаши пенал во 84-тата минута за Гранада, но Родри само 120 секунди подоцна го поправи киксот на соиграчот, израмни на 2-2 и му донесе бод на својот тим, но и убав ќар на нашиот обложувач со добитен тикет уплатен во Кичево.

За прво место во групата: Холандија бара бод кај Германија

Репрезентациите на Швајцарија, Португалија и Англија го чекаат последниот полуфиналист за плејфот во Лигата на нациите во Сегментот А. Франција или Холандија ќе бидат последниот патник во трката за освојување на Лигата на нациите и пласман на Европското првенство во 2020 година.

Светскиот првак Франција е лидер во Групата А со 7 бодови, но ги одигра сите четири меча. Затоа „галските петли“ вечерва ќе го чекаат исходот од дуелот меѓу Германија и Холандија. Домаќинот е речиси без никакви мотиви, бидејќи „панцерите“ се сигурно последни во оваа конкуренција и ќе испаднат во Сегментот Б.

На Холандија доволно ќе ѝ биде да освои и еден бод на гостувањето, бидејќи така ќе се израмни со Франција со по 7 бодови. Во таква ситуација, „лалињата“ ќе бидат првопласирани благодарение на подобриот скор во меѓусебните дуели. Франција на свој терен победи со 2-1, но на гости пред неколку дена загуби со 2-0, па затоа во случај на еднаков број бодови, „лалињата“ ќе се приклучат на трите првопласирани од останатите групи.

Покрај мотивот, на страна на Холандија е и традицијата. Од последните 10 меѓусебни средби, Холандија само двапати загубила од Германија. „Лалињата“ петпати се радувале на победа, а три средби завршиле нерешено.

 

Секогаш е атрактивно – Тројка на Гордиќ од над половина терен (Видео)

Немања Гордиќ постигна чудесна тројка од повеќе од половина терен и ја крена публиката на нозе во „Морача“ на дуелот од АБА-лигата меѓу Будуќност и Партизан.

Домаќините победија со 75:71 во интересен меч, што го одбележа проектилот на кошаркарот на Будуќност, кој има кошаркарски стаж и во Партизан.

Гордиќ беше член на „црно-белите“ од Белград во сезоната 2012/13, а од 2016 година е член на Будуќност.

https://twitter.com/ABA_League/status/1064234291750715393

Вистинска убавица е девојката која ѝ избега на смртта во несреќата на Ф3 трката (Фото)

Софија Флерш е девојката која преживеа во едно од најстрашните излетувања во последните неколку години на трките со формула. Германската тинејџерка, која има само 17 години, вчера излета на патеката во Макао, и тоа непосредно по стартот на трката.

Софија изгуби контрола над болидот, кој со полна брзина едноставно пролета и преку заштитната ограда и на крајот се заби во еден монтажен објект.

Излетувањето делуваше многу страшно и можете да го погледнете ТУКА.

Од излетувањето на болидот беа изненадени и двајца фоторепортери и еден стујард, кои беа покрај патеката. За голема среќа, Софија не само што ја преживеа несреќата, туку во свесна состојба можела да им објасни на луѓето што се случило.

На крајот, таа и уште тројца завршија во болница. Лекарите констатирале дека тинејџерката има фрактура на ’рбетот и денеска ќе оди на операција, иако за Софија Флерш ова е дебитантска сезона во Ф3 шампионатот. Освен што се појавија снимки од несреќата, има и фотографии на кои се гледа дека Софија е вистинска убавица.

 

Лева, десна Енрике збесна, а Мората се посрамоти (Видео)

Алваро Мората не го погоди возможното во 58-мата минута од дуелот меѓу Шпанија и Босна и Херцеговина. Се играше пријателски меч во Лас Палмас, а шпицот на домаќините не беше во ритам во текот на сите 65 минути што ги одигра. Како врв на лошата игра на Мората, беше утката во 58-мата минута, кога беше сам на 4-5 метри од голот на БиХ, голманот веќе беше паднат, но Алваро се сплетка. Лева, десна и Енрике збесна, а Мората не погоди нешто што е многу тешко да не се пласира во празната мрежа. Само по шест минути од неверојатната утка, селекторот на Шпанија, Луис Енрике, реагираше и го замени Мората со Родриго, а спас за „црвената фурија“ донесе уште една резерва.

Браис Мендез од Селта дебитираше со гол за Шпанија во 78-мата минута, доволно за триумф и барем мала утеха за поразот од Хрватска во Лигата на нациите, по кој беа загубени шансите за пласман во полуфиналето и битката за трофејот.

Се знае како ќе изгледа новиот дрес на Јувентус (Фото)

Популарниот „зебра“ дизајн кој е карактеристичен за Јувентус во изминативе години, ќе го нема на дресот на најтрофејниот италијански клуб за следната сезона. На „Твитер“ се појави можниот нов дизајн на новиот дрес на Јувентус, а на него ги нема традиционалните линии.

„Повторно се исфрлува традицијата. Очигледно дека модерното е сега доминантно во спортот“, беше заклучокот на еден од навивачите.

Други навивачи беа задоволни од тоа како ќе изгледа новиот дрес. „Иако се отстапува од традицијата, новиот дизајн е одличен. Честитам на иновацијата“, стои во коментарот на друг фан на Јувентус.

Од Јувентус официјално не потврдиле дека токму вака ќе изгледа новиот дрес, но многу често се случува ваквите информации подоцна да се потврдат како точни.

Нереално е дека сето ова може да се утне за 5 секунди (Видео)

Тумело Хутланг е напаѓач на репрезентацијата на Лесото за кого веројатно никогаш немаше да слушнеме ако не се истакнеше со промашувањата на синоќешниот дуел против Танзанија. Играчот кој е задолжен да постигнува голови за Лесото, во еден напад успеа три пати да не погоди и да не постигне погодок од ситуација од која е потешко да се утне.

https://www.youtube.com/watch?v=c5VKeNs7OAQ

За среќа на Хутланг, Лесото во второто полувреме даде гол и победи минимално со 1-0.

Џејмс „експлодира“ во Мајами и постави нови рекорди во НБА

Леброн Џејмс имаше спектакуларно враќање кај својот поранешен клуб во Мајами. На првото гостување како играч на Лос Анџелес лејкерс, Кралот немаше милост и даде 51 поен, во убедливата победа од 113:97. Ова е 12-ти пат во кариерата Леброн да има барем 50 поени на еден меч, а е само петти играч кому тоа му успеало со три различни клуба. Џејмс даваше над 50 поени и како играч на Кливленд, но и во дресот на последниот ривал, Мајами хит. Претходно тоа им успеало само уште на Џемајл Крафорд, Бернард Кинг, Мозес Мелоун и Вилт Чемберлејн.

Како кошаркар кој 16-та сезона е во НБА-лигата, тој е третиот кому му успеало и по повеќе од една и пол деценија играње да спои две средби на кои ќе има 40+ поени. Само Коби Брајант и Карим Абдул-Џабар претходно успевале  да го направат тоа.

https://youtu.be/eh8WqbbvnqY

Шампионот Голден стејт не е ист кога на теренот го нема Стеф Кари. Без лидерот во екипата, Голден стејт влезе во серија порази. „Воините“ кои беа далеку и од постигнување 100 поени, овојпат беа поразени од Сан Антонио, што е нивен трет неуспех во низа.

Резултати: Минесота – Мемфис 87:100, Мајами – Лос Анџелес лејкерс 97:113, Орландо – Њујорк 131:117, Вашингтон – Портланд 109:119, Сан Антонио – Голден стејт 104:92.

 

Ѓаволска петарда во Луцерн – Швајцарија ја декласира Белгија со 5:2 (Видео)

Харис Сеферовиќ постигна хет-трик во ѕвездената ноќ на швајцарската репрезентација во Луцерн, а настрада фаворизираната Белгија.

Во меч на одлука за победник во групата во А сегментот, Швајцарците ги декласираа „црвените ѓаволи“ со 5:2 и се пласираа во полуфиналето.

Подвигот е фантастичен, ако се има в предвид дека Белгијците водеа со 2:0, со головите на Торген Азар, а потоа почна да меле швајцарската машинерија.

Со головите на Родригез од пенал и два на Сеферовиќ домаќините приредија пресврт уште до полувремето и поведоа со 3:2. За првото место во групата им требаше победа од два голови разлика, а избраниците на Владимир Петковиќ продолжија ефикасно и во продолжението.

Елведи погоди за 4:2, а потоа Сеферовиќ по третпат се запиша во листата на стрелците за феноменален подвиг и победа од 5:2 на Швајцарија.

Швајцарија, Англија и Португалија се сигурни полуфиналисти во А сегментот, а се чека разврската во првата група. таму лидер е Франција со 7 бодови, но светските прваци не се сигурни победници во групата. Исходот зависи од утрешниот меч меѓу Германија и Холандија.

Германците ќе играат ревијален меч, бидејќи се сигурно последни и ќе испаднат од А дивизијата, а Холандија со реми, или победа ќе ја прескокнат Франција и ќе играат полуфинале во битката за првиот трофеј во премиерното издание во Лигата на Нации.

https://www.youtube.com/watch?v=mkiAzbQwMgE

Зверев до Ѓоковиќ: Фала ти што ми попушти да те победам

Александер Зверев направи вистинска сензација откако во финалето на последниот Мастерс во годината го победи Новак Ѓоковиќ. Во дуелот за титулата, германскиот тенисер славеше со 2:0 во сетови, иако неколку дена претходно, Ѓоковиќ лесно го победи Зверев во групната фаза.

За Зверев ова беше јубилејна 10-та титула во кариерата, но секако најзначајна. По победата над Србинот, Зверев едноставно му заблагодари на Србинот што му дозволил да го победи.

„Новак, имаше сјајна година и на човек му беше милина да те гледа. Во вториот дел од сезоната речиси и да не загуби сет. Затоа сакам да ти се заблагодарам што ми дозволи да те победам. Сите знаат каква добра личност си и одличен тенисер. Ти благодарам за сета помош која ми ја имаш дадено“, рече Зверев по освојување на трофејот.

Во финалето, Зверев победи со 6:4 и 6:3, додека неколку дена претходно Ѓоковиќ во групната фаза го победи Германецот со 6:4 и 6:1.