Вистински рај со играта полувреме-крај, за 50 денари си ќари 3.100 евра

Три гола во последните минути на три различни натпревари донесоа голема радост во Кичево и добивка од над 3 илјади евра со уплатени 50 денари.

И тикетот е интересен, уплатени се само три парови и сите со играта полувреме-крај, и тоа 1-Х.

Единица на полувреме, нерешено на крај, а за да биде добитен тикетот, се погрижија тројца стрелци со голови во финишот.

Два меча се типувани од Лигата на нации, а може да се каже дека среќни за добитникот испаднаа дуелите од третата група во Сегментот Ц.

Домаќините, Словенија и Кипар имаа предност од 1-0 на полувремето, а Норвешка и Бугарија израмнија во последните пет минути. Најпрво, Јонсен со гол во 85-тата минута израмни за Норвежаните во Љубљана, а потоа Димитров од пенал постигна гол за Бугарија во Никозија. Двата дуели од 20.45 часот завршија идентично, со резултат 1-1, што ја крена возбудата кај нашиот среќен добитник на максимум.

Му остана само мечот од шпанската Втора лига, популарната Сегунда, меѓу Лас Палмас и Гранада, кој почна 15 мунути подоцна, односно во 21 часот. И таму, првиот услов, домаќините да имаат предност на полувремето, беше исполнет во последните моменти. Искусниот Рубен Кастро погоди за Лас Палмас во 43-тата минута и домаќините имаа предност од 1-0 по првото полувреме.

Вистинска драма се случуваше во финишот на мечот. При резултат 2-1 за Лас Палмас, Пуертас промаши пенал во 84-тата минута за Гранада, но Родри само 120 секунди подоцна го поправи киксот на соиграчот, израмни на 2-2 и му донесе бод на својот тим, но и убав ќар на нашиот обложувач со добитен тикет уплатен во Кичево.

- Оглас -

Најнови вести