Дома Blog Страница 10591

Вардар потклекна на Чаир, Шкендија му побегна со победа против Работнички

Бразилецот Сержињо најдобро се снајде во 57. минута и со гол го одлучи дербито меѓу Шкупи и Вардар. Домаќините на „Чаир“ се радуваа на трите бодови, со кои сега можат полесно да дишат, иако останаа во опасната зона за испаѓање.

Вардар со сите проблеми што ги има, потклекна во вториот дел, прими гол и сега е со само една победа на послендите пет натпревари.

„Црвено-црните“ долго беа лидери, имаа и 7 бодови предност, но сега се со минус три во однос на лидерот и актуелен шампион Шкендија.

Тетовци беа подобри од Работнички по петти пат на последните пет меча. Со головите на Изаир Емини и на албанскиот интернационалец Гледи Мици ги совладаа „романтичарите“ со 2:1 во Скопје. Голот за домаќините го постигна Оливер Пеев.

Играч на 14. коло секако ќе биде Христијан Кировски. Напаѓачот на Македонија Ѓорче Петров беше незадржлив во Струмица и даде три гола на Беласица и го предводеше својот тим до значајна и убедлива победа од 4:1. Да Силва еднаш стрелаше прецизно за Македонија Ѓ.П, а Милушев го постигна почесниот погодок за Беласица.

Ренова успеа да направи пресврт и да ја победи Победа на домашен терен со 2:1. Влатко Стојановски игра се подобро, повторно беше стрелец за „гипсарите“, а бодовите ги однесе Гафури. Првиот гол на мечот за предност на Победа од 1:0 го постигна Танушев.

В о Кратово Силекс славеше значајна победа со голот против Академија Пандев со голот на Георгиев.

 

Резултати, 14. коло:

Шкупи – Вардар 1:0

Работнички – Шкендија 1:2

Беласица – Македонија Ѓ.П. 1:4

Ренова – Победа 2:1

Силекс – Академија Пандев 1:0

 

Табела: Шкендија 31, Вардар 28, Академија Пандев 22, Ренова 19, Победа и Работнички по 17, Македонија Ѓ.П. 16, Шкупи 15, Силекс и Беласица по 14.

 

Кумановската експедиција ја освои Битола

Куманово со убедливи 87:67 го реши Пелистер во мечот од рамките во 6. коло во Првата лига на Македонија. По двата неуспеха во низа против Работнички и Кожув, кошаркарите на Александар Петровиќ им се вратија на победите, па без поголеми проблеми се вратија со позитивен исход од Битола.

Кумановци сакаа што побрзо да ја завршат работата, па уште во првата четвртина направија убедлива предност при 26-9, но Пелистер до крајот на четвртината успеа да забележи 14 поени, додека Куманово во таа минута и пол игра постигна само еден поен. На паузата се замина со 42:32 во корист на гостите, додека дилемите Куманово ги реши во последниот период, кога ја оствари и најголемата разлика од +20.

Куманово со овој триумф за момент ќе биде зад лидерот Блокотехна на втората позиција со 10 бода, за Пелистер ова е петти пораз на исто толку мечеви.

Снајдер полуде: Ова е последен меч кој го играм во Катар! (видео)

Ексрепрезентативецот на Холандија, Весли Снајдер, неговите последни фудбалски денови ги поминува во Катар, каде настапува за Ал Гарафа. Холаѓанецот стрелаше два пати за да му донесе на неговата екипа триумф од 2-0 против тимот на Катар СЦ, но Снајдер пред финишот на средбата заработи исклучување, поради што бурно реагираше.

Имено, Снајдер при излегување од теренот се обрати према клупата на неговот тим, повторувајќи неколку пати дека ова му е последен меч што го одиграл во Катар.

https://twitter.com/yousef_teclab/status/1060991611147091973

Шок за Дортмунд на само четири часа пред дербито со Баерн

На само неколку часа пред почетокот на најголемото дерби во Германија, меѓу Б. Дортмунд и Баерн Минхен, стигнаа лоши вести за тимот на Лусиен Фавр. Неговиот прв избор за голман, Роман Бурки, има повреда на бутниот мускул која му оневозможи да брани денеска, што е голем проблем за „милионерите“.

Бурки се повреди во вторникот за време на натпреварот против Атлетико Мадрид. Во дуел со Никола Калиниќ, Бурки го повреди бутниот мускул, па токму поради тоа не можеше да тренира деновиве. Денес е потврдено дека не е во можност да настапи, па меѓу диреците ќе застане поискусниот Швајцарец, Марвин Хиц.

Дербито од 11. коло во Бундеслигата, започнува денес, во 18:30 часот.

Ривер сака да ја замолкне „Ла Бомбоњера“, но се прашува и Бока

Типстерските совети за викенд обично ги почнуваме и завршуваме со натпревари од најпознатите пет лиги во Европа. Но, денес мораше да се најде место и за аргентинското дерби, познатото „суперкласико“ кое ќе се игра во рамките на континенталното првенство во Јужна Америка, Либертадорес купот.

Бока јуниорс – Ривер плате (21 часот)

Бока јуниорс во првото финале од двомечот со Ривер плата, ќе биде домаќин на популарната „Ла Бомбоњера“, најавениот спектакл треба да ги достигне, односно да ги оправда сите очекувања. За прв пат во историјата, двата најголеми ривали од Аргентина ќе се сретнат во финале на ова натперварување, па знаејќи колкав е влогот, тешко е да се предвиди кој ќе биде шампион по само еден одигран меч. Бока има предност што игра пред своите фанови, но Ривер најдобро знае како се победува на тло на ривалот.

На последние пет меѓусебни средби во аргентинското првенство, Ривер три пати гостуваше на „Ла Бомбоњера“ и три пати си замина како победник, додека Бока возврати со иста мерка и два пати славеше триумф во „домот“ на Ривер. Головите се очекувани, овие две екипи во тој сегмент речиси никогаш не потфрлуваат, па ќе биде драматично и вечерва.

Предлог тип: 1X & 2+ (2.30)

Борусија Дортмунд – Баерн Минхен (18:30 часот)

Германскиот класик ќе биде најголемото возбудување во Германија денес. Актуелниот шампион гостува кај лидерот во Бундеслигата, па така 11-то коло ќе биде во знакот на „der Klassiker“. Дортмунд ќе сака и по ова дерби да остане непоразен во германскиот шампионат, додека Баерн мисли само на победа и ништо друго, за да остане во тек со трката за титулата.

„Милионерите“ сѐ ги боли поразот од последната меѓусебна средба. Тоа не беше пораз, туку дебакл, Баерн победи со 6-0 на „Алијанц“, а „баварците“ славеа и на последното гостување на „Сигнал Идуна парк“ со 3-1. Токму затоа, Дортмунд ќе сака да се свети за тие понижувања, а сега се во најповолна позиција да го сторат тоа.

Предлог тип: X2 & GG (2.15)

 

Њукасл  – Борнмут (16 часот)

Њукасл и Борнмут денес по петти пат ќе се пресметаат во рамки од Премиер лигата. Избраниците на Еди Хау по убаво ги паметат двете гостувања на „Сент Џејмс“, со победи од 3-1 и 1-0, па и денес ќе сакаат со позитивен исход да го напуштат „домот“ на „страчките“. Тимот кој ко предводи Рафа Бенитез, дури по 11 средби конечно оствари победа. Во претходното коло со минимални 1-0 го совладаа Вотфорд, така што немаат намера да застанат на само таа, една победа.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.05)

 

Џенова – Наполи (20:30 часот)

Тежок распоред за Џенова. По поразите од Милан и Интер, денес на гости им доаѓа Наполи, екипа против која немаат остварено победа уште од јануари 2012 година. Од тогаш, Наполи издвојуваше триумф на осум од последните 12 средби. Оваа статистика никако не му одговара на тимот за кој игра и нашиот Горан Пандев, но и на таа традиција мора да ѝ дојде крајот.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.55)

 

Гингамп – Лион (17 часот)

Лион се врати на прав пат по дебаклот од ПСЖ со 5-0, па во следните три меча освои седум бода од можни девет. Денес ќе можат да ја продолжат серијата, бидејќи играат против последно пласираната екипа во Лига 1, Гингамп. На домаќините не им се пишува добро, со седум порази и само еден триумф од 12 меча е недоволно да се остане во елитата, иако е рано за такви предвидувања. „Лавовите“ треба да имаат лесна задача, доколку сакаат да останат при врвот на табелата и да продолжат со борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Предог тип: 2 & T2 2+ (2.15)

Навивачите на Лестер ќе маршираат во чест на Вишај

Се очекува почесен марш пред денешниот натпревар меѓу Лестер и Барнли. Навивачите на „лисиците“, уште еднаш ќе му оддадат чест на починатниот сопственик, Вишај Шриваданапраба, кој го загуби животот во хеликоптерската несреќа која се случи на 27-ми октомври.

Навивачите ќе маршираат од центарот на градот, па сѐ до стадионот „Кинг Пауер“ пред почетокот на мечот. Маршот ќе почне од 13:45 часот, додека од клубот потврдија дека пред натпреварот ќе биде прикажан краток видео запис, да на присутните на трибините ќе им бидат поделени комеморативни подароци. Натпреварот ќе започне со двеминутен молк.

„Ќе биде тешко да ги контролираме емоциите поради целокупната ситуација. Сакаме сѐ да биде според планот. Ќе има многу активности во текот на целиот настан, но ние мора да бидеме сконцентрирани со она што ќе се случува на теренот“, истакна капитенот Вес Морган.

Натпреварот Лестер – Барнли започнува во 16 часот.

Стерлинг во Сити до 2023 година

Се исполни желбата на Пеп Гвардиола, Рахим Стерлинг потпиша нов,  петгодишен договор со Манчестер сити. Англичанецот ќе заработува 300.000 фунти неделно, а во клубот ќе остане најмалку до 2023 година.

Претходниот договор на брзоногиот офанзивец истекуваше на крајот од следната сезона, а константните пофалби од Гвардиола, како и неговото потенцирање дека сака да го задржи Стерлинг во своите редови, го натераа раководството да реагира и да го направат фудбалерот еден од најплатените во Премиер лигата.

„Среќен сум што потпишав нов договор. Мојот развој во овој клуб е неверојатен, секој ден сѐ повеќе напреднувам како фудбалер. Уште првиот пат кога пристигнав тука знаев дека го направив вистинскиот избор. Мојот труд се исплати и мило ми е што и другите го забележаа тоа“, истакна Стерлинг.

Дваесет и тригодишниот Стерлинг пристигна на „Етихад“ во 2015 година од редовите на Ливерпул, за сума од 49 милиони фунти. Во сите натпреварувања, Стерлинг одигра над 150 натпревари за „граѓаните“, на кои постигна 51 погодок и 55 асистенции.

Ојарзабал е хит, си легна на трева за да го сопре Барди (Видео)

Микел Ојарзабал одлично се снајде и со неговиот потег да легне на земја за да го спречи погодокот на Енис Барди од слободен удар е хит на социјалните мрежи.

Играчот на Реал Сосиедад добро го простудирал стилот на нашиот репрезентативец, си легна на земја, а топката упатена од Барди го погоди во телото.

Ојарзабал потоа постигна и гол за Реал Сосиедад со кој ја запачати победата од 3:1 на гостувањето кај Леванте.

Двајцата играчи одлично се познаваат уште пред Барди да пристигне во Леванте, а беа ривали на Европското првенство за младинци во Полска. Шпанија во меч од фазата по групи ја победи Македонија со 5:0. Барди тогаш го одигра целиот меч, а Ојарзабал го замени трикратниот стрелец Марко Асенсио.

Веројатно уште тогаш одличниот играч на Реал Сосиедад се запозна со невериоатните слободни удари што ги изведува Барди, па вчера најде чаре на несекојдневен начин да го сопре неговиот удар.

Автогол во српското првенство ги разгоре страстите (Видео)

За неполни две минути Раднички Ниш направи пресврт во Нови Сад и го победи Пролетер со 2:1, а вториот погодок ги разгоре страстите и сомнежите во Србија.

Зарија Ламбулиќ си постигна чуден автогол во 69. минута, а само 120 секунди претходно гостите од Ниш израмнија со гол од пенал.

Чуден тек имаше мечот межу новакот во Првата српска лига, Пролетер и Раднички. Особено е спорен автоголот на Ламбулиќ за триумф на гостите, а моментот од 69. минута предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Погледнете го видеоматеријалот од вчерашниот дуел меѓу Пролетер од Нови Сад и Раднички Ниш и обрнете внимание на погодокот на Ламбулиќ во сопствената мрежа.

 

Дрогба го даде најоригиналниот демант (Видео)

Многу светски медиуми го испратија легендарниот напаѓач на Челзи, Дидие Дрогба во пензија. Дрогба настапува за тимот на Феникс во САД. По поразот од Луисвил, заврши и сезоната за Феникс, па веста беше дека тоа е последен натпревар во професионалната кариера за Дрогба, кој имаше најавено дека ова ќе биде негова последна активна сезона.

Сепак, се чини дека 40-годишниот голгетер се премисли. На социјалните мрежи Дрогба постираше еден интересен клип, кој најавува дека тој сепак нема да се пензионира. Се работи за сцена од еден популарен филм со Леонардо ди Каприо.

https://twitter.com/didierdrogba/status/1060968900601528320