Дома Blog Страница 10590

ДЕФИНИТИВНО: Вечерва нема фудбал на „Ла Бомбоњера“! (Видео)

Натпреварот од финалето на Копа Либертадорес помеѓу Бока јуниорс и Ривер плата кој целиот фудбалски свет го чекаше и кој требаше да почне во 21 часот, нема да се игра денеска. Ваква е одлуката на фудбалската асоцијација на Јужна Америка по консултации со судиите кои се уверија дека на теренот на „Ла Бомбоњера“ нема нормални услови за играње.

https://twitter.com/i/status/1061322693247725568

Силниот дожд (95 милилитри на метар квадратен) кој што наврна на неколку часа пред почетокот на аргентинското Суперкласико (од 1 јануари наваму, во Бунос Аирес имало вкупно 90 милилитри), создаде хаос, и одложувањето беше логично. Поплавен е теренот, како и трибините.

Домашниот клуб инсистираше да се игра вечерва, макар и со два часа задоцнување, но дренажата на теренот не ја собра целата вода. Ова е добра вест за Ривер, бидејќи ако првиот меч се игра наредната сабота, ќе може да смета на Понсио и Скоко кои се повредени.

Според последните информации, првиот меч од финалето сепак нема да се игра другата сабота, туку утре во 20 часот по македонско време, се разбира, ако дозволат временските услови.

Се чека уште првакот на Јужна Америка

Бока јуниорс или Ривер плата е единственото прашање кое остана неодговорено околу финалниот изглед на учесници на Светското клупско првенство од 12 до 22 декември во Обединетите Арапски Емирати.

Првиот меч од ова финале требаше да се игра од 21 часот, но тоа нема да се случи, поради поплавениот терен и трибини на стадионот во Буенос Аирес, после неверојатно силниот дожд. Се чека одлуката дали средбата ќе стартува во 23, или нема да игра денеска, туку следната сабота.

Европа ќе ја претставува Реал Мадрид, мексикански Чивас е од КОНКАКАФ зоната (Средна и Северна Америка), новозеландски Велингтон од Океанија, организаторот Ал Аин од ОАЕ, а денеска место си осигураа уште Есперанс од Тунис како африкански првак, и Кашима од Јапонија како шампион на Азија.

Kашима со вкупни 2:0 во двомечот во ирански Персеполис, дојде до титулата во Азија. Јапонците дома беа подобри со 2:0, а денеска како гости одиграа без голови.

Хамилтон со рекорд на Интерлагос до пол-позиција

Луис Хамилтон имаше најдобро време на патеката Интерлагос за Големата награда на Бразил во Формула 1, но тоа не е гаранција дека утре ќе стартува од пол-позицијата бидејќи ќе се разгледува еден спорен момент во кој Британецот од Мерецедес може да биде прогласен за виновен.

За Хамилтон, ова е десетта пол-позиција во 2018 година.

Хамилтон постави нов рекорд на патеката, а второ најдобро време (заостанување од 73 илјадити делови од секундата) имаше Себастијан Фетел од Ферари, кој истотака може да биде казнет поради прекршување на правилата на ФИА. Зад нив двајца, се другите двајца пилоти на Мерцедес и Ферари, Финците Валтери Ботас односно Кими Раиконен.

Квалификациската сесија не беше драматична како што се очекуваше бидејќи немаше силен дожд, но времето можеби утре на трката ќе ги расипе сметките на фаворитите.

Велкоски со гол покажа зошто доби повик и во репрезентацијата (Видео)

Крсте Велкоски ја продолжува гол серијата во тимот на Сараево. Напаѓачот кој доби покана за враќање во репрезентативниот состав, погоди во ремито 2:2 против Зрински, во дербито од 17. коло во првенството на БиХ. Зрински имаше водство од 1:0 на полувремето, а Велкоски со гол од пенал во 61 минута израмни на 1:1. Гостите поведоа и со 2:1, но Зрински до крајот успеа да израмни на 2:2. По ова реми, Сараево сега има 37 бодови и остана пет бода пред Зрински.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски го повика Велкоски за дуелите против Лихтенштајн и Гибралтар во Лига на Нации.

Хадерсфилд дома даде гол по 726 минути игра

Екипата на Хадерсфилд го постигна првиот гол на домашен терен сезонава. Алекс Притхард погоди во шестата минута против Вест хем, но тоа не беше доволно за победа, бидејќи на крајот дуелот заврши 1:1. Ова е втор пат Хадерсфилд да ја затресе мрежа на противникот на својот стадион сезонава, но првиот погодок беше автогол, а сега прв пат погодува домашен играч.

Без победник, со резултат 1:1 заврши и дуелот Саутемптон – Вотфорд, а немаше голови во Лестер, каде домаќинот освои бод против Барнли. Предноста на домашниот терен ја искористија Кардиф и Њукасл.

Резултати: Кардиф – Брајтон 2:1, Хадерсфилд – Вест хем 1:1, Лестер – Барнли 0:0, Њукасл – Борнмут 2:1, Саутемптон – Вотфорд 1:1.

Дали е терен или базен? На „Ла Бомбоњера“ условите се очајни!

Историското прво финале во Либертадорес купот меѓу Бока јуниорс и Ривер плата е многу блиску до одлука да се одложи и да не се игра вечерва. Во текот на целиот ден, во Буенос Аирес врне обилен дожд и тоа создава голем проблем.

Дуелот за кој со децении мечтаеа многу фанови на „Супер класико“ е закажан за во 21 часот. Засега нема одлука дали ќе се игра или не, а дел од навивачите веќе се на стадионот. Сепак, теренот на стадионот „Ла Бомбоњера“ е прекриен со вода. На поголем дел од стадионот водата е на повисокото ниво од нормалното, па интервенираат и работници.

Очајна е ситуацијата пред стадионот, каде има и вода и до колена. Погледнете ТУКА.

 

Барселона се плаши од Вардар

Вардар утре во „Јане Сандански“ ќе ја пречека Барселона, во дербито од ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак и каталонскиот гигант имаат по 5 победи и еден пораз и кој ќе слави на утрешниот меч, ќе биде осамен на врвот на табелата в А групата.

Тренерот на Барселона, Чави Пасквал многу добро ја знае силата на Вардар и без разлика на неколкуте измени во составот од минатата сезона, стратегот на гостите се плаши од силата на „црвено-црните“.

„Вардар направи неколку промени во играчкиот состав, но ја задржа силата. Фактот дека имаат пет победи и само еден пораз покажува на кое ниво е нивната игра. Ова дефинитивно е едно од најтешките гостувања во Европа и затоа мора да одиграме максимално сконцентрирани и да нема опуштање во текот на сите 60 минути“, вели Чави Пасквал.

Барселона на последното гостување во Скопје си замина поразена, а секако дека навивачите на Вардар посакуваат исто сценарио и по утрешната средба.

 

Хофенхајм и во Бундес лигата е опасен во завршницата

Хофенхајм стигна до третата победа во низа во германската Бундес лига, откако со 2:1 славеше против Аугзбург, во меч од 11. коло. Сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме. Крамариќ ги доведе домаќините во водство, а Финбогасон во 70 израмни на 1:1. Сепак, дека Хофенхајм е најопасен во последните минути се покажа уште еднаш и на овој меч. Нелсон со погодокот во 83 минута донесе победа за домаќините од 2:1.

Екипите кои се на дното од табелата се радуваа попладнево. Штутгарт со 2:0 славеше на гостувањето кај Нирнберг, а Фортуна во Дизелдорф беше убедлива против Херта и победи со 4:1. Денешните возбудувања во германската елитна лига ќе се комплетираат со дербито мешу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Мечот се игра од 18:30 часот.

Резултати: Фортуна Д. – Херта 4:1, Фрајбург – Мајнц 1:3, Хофенхајм – Аугзбург 2:1, Нирнберг – Штутгарт 0:2, Вердер – Борусија М. 1:3.

Лоша најава од Аргентина: Можно е да се одложи Бока – Ривер

Сите се во исчекување на историското прво финале во Либертадорес купот помеѓу Бока јуниорс и Ривер плата. Сепак, последните слики кои доаѓаат од Буенос Аирес не веруваат ништо добро. Можно е да се одложи дуелот кој треба да се одигра на легендарната „Ла Бомбоњера“.

Не се работи за никакви навивачки нереди, туку за временски непогоди. Силниот дожд создаде проблеми во областа во која е и стадионот на кој треба да играат двата најголеми ривали во Јужна Америка. Фотографиите покажуваат дека околу стадионот има многу дожд и доколку тоа не се среди, поради безбедноста, може да се случи дуелот да се одложи.

Временската прогноза вели дека дождот не само што нема да престане, туку е можно да се засили токму за време на одигрување на дуелот.

Останува во следните неколку часа да видиме каква ќе биде ситуацијата во главниот град на Аргентина.

https://twitter.com/golazoargentino/status/1061236228266307584

 

Клоп: Сити и ПСЖ треба да добијат казна од УЕФА

Јирген Клоп верува дека англискиот ривал Манчестер сити и францускиот првак Пари Сен Жермен, мора да бидат казнети од УЕФА, доколку навистина го прекршиле правилото за финансиски фер-плеј.

„Ако Сити и ПСЖ се навистина виновни, нешто мора да се случи. Тие мора да бидат казнети. Само нешто имам прочитано за нивното непочитување на правилата, а ако е тоа вистина, не смеат да се извлечат без казна. Секој што ги прекршува правилата, мора да добие санкција. Ако е се во ред тогаш добро, но ако не е, мора да има казна“, рече Клоп, чиј Ливерпул е голем ривал на Манчестер сити во трката за титулата во Премиер лигата.

Ливерпул во летниот преоден рок потроши 182 милиони евра, но остана во скпол со прописите, па затоа Клоп уште повеќе инсистира дека секој кој не ги почитувал правилата, мора да добие и казна.