Дома Blog Страница 10657

Tухел ќе го одмора Нејмар против Амиен

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, во пресрет на натпреварот против Амиен во Лига 1, во рамките од 10. коло, потврди дека Нејмар, Маркињос и Мение нема да настапат. „Светците“ ќе ја бркаат десеттата победа во низа во францускиот шампионат без најскапиот фудбалер во светот, а со отсуството на уште неколку првотимци, Тухел против Амиен ќе излезе со  комбинира состав, со цел главните адути да бидат одморени за дуелот со Наполи во Лигата на шампионите, средба која е предвидена за в среда.

Исто така, на голманската позиција предност ќе добие Алфонс Ареола, наместо Џиџи Буфон, додека искусниот италијански чувар на мрежата би требало да брани против Наполитанците.

Тежок удар за Франција: Карабатиќ го пропушта Светското првенство

Еден од најдобрите светски ракометари, Никола Карабатиќ, ќе го пропушти Светското првенство кое се игра во Германија и Данска на почетокот од следната година. Ракометарот на ПСЖ веќе подолго време се мачи со повреда на десното стапало, па затоа мора да оди на операција поради која ќе биде надвор од терените најмалку четири месеци.

Раул Гонзалез често го оставаше Карабатиќ на клупата за резерви токму поради оваа повреда, а сега нема да биде во можност да помогне на својот национален состав во одбрана на титулата која ја освоија пред две години на домашен терен. Се очекува да биде подготвен во февруари за завршницата во Лигата на шампионите, известуваат француските медиуми.

Лоренцо нема да вози во Јапонија, неизвесен и за следната трка

Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, нема да се трка за Големата награда на Јапонија викендов. Шпанскиот мотоциклист се откажа поради ненавремено опоравување од повредите на зглобот на десната нога и зглобот на левата рака, кои го спречија да го заврши првиот тренинг кој се одржа во раните утрински часови.

Лоренцо почувствува неудобност при возењето уште во првите неколку кругови на патеката „Мотеги“, по што не можеше да го даде максимумот. Повредите ги заработи уште на тренинг пред трката на „Бурирам“ за Големата награда на Тајланд, која се одржа пред две недели.

„Тажен сум, но и претходно знаев дека нема да можам да возам како што сакам и можам. На свиоците влегував премногу споро, не кочев како што треба поради болките во зглобот, па јасно беше дека е најдобро да се откажам од оваа трка. Ако не се чувствувам удобно не можам да се тркам, а уште помалку да се борам за наградата“, истакна Лоренцо.

Засега е неизвсно дали Лоренцо ќе се појави следниот викенд, кога шампионатот во МотоГП се сели од Јапонија во Австралија. Трката на „Мотеги“ ќе се одржи во недела наутро, со почеток од 7 часот, додека квалификациите започнуваат утре во 7 часот.

Ѕвезда игра против Рад, но мисли на Ливерпул

Црвена Ѕвезда има домашна задача, да ги освои трите бода во дуелот против Рад, во првенството на Србија. Актуелниот првак се подготвува за градскиот дуел, но веќе мислите полека се насочуваат кон Ливерпул. „Црвено-белите“ во рамките од третото коло во Лигата на шампионите ќе гостуваат на „Енфилд Роуд“.

„Не можеме да побегнеме од фактот дека в среда треба да гостуваме во Ливерпул, но ние мора да пробаме да се фокусираме на следниот ривал а тоа е Рад. Првенството ни е приоритет, сакаме да ја одбраниме титулата“, рече тренерот на Ѕвезда, Владан Милојевиќ.

Мечот против Рад ќе го пропушти капитенот Вујадин Савиќ, а неизвесен е настапот на уште неколку играчи. И покрај ваквите проблеми актуелниот првак на Србија е голем фаворит за победа против Рад. Ако „црвено-белите“ се фаворити против Рад, во дуелот против Ливерпул ситуацијата ќе биде сосема поинаква. Англискиот гигант речиси сигурно ќе ги освои трите бода во мечот од Лигата на шампиони.

 

Најефектниот автогол во футсал и тоа во финале (Видео)

Бразил го освои златниот медал на Олимписките игри кои од 6 октомври, па се до синоќа се играат во Буенос Аирес. „Кариоките“ во финалето со 4:1 ја победија Русија, а мечот го одбележа првиот погодок. Тоа всушност беше автогол на Русите.

Даниел Карпиук е стрелец на можеби најефектниот автогол во футсал мечевите. Бразилците беа во контра напад, но ја загубија топката, која стигна до рускиот играч. Карпиук сакајќи да ја изби топката во аут, шутираше силно и ја „искина“ мрежата на својот голман.

Сите на теренот беа збунети од реакцијата на рускиот играч. На крајот Бразил без проблеми даде уште три гола и стигна до златниот медал.

https://twitter.com/OlympicCh_pt/status/1052957325831663622

 

Реал доби противник од Африка во шпанскиот куп

Реал Мадрид ќе мора да патува во Африка за да одигра меч од првото коло во Купот на Шпанија. Тоа стана јасно откако „кралскиот клуб“ за противник го доби тимот на Мелилја, кој игра во третата лига на Шпанија. Мелилја е една од двете енклави кои Шпанија ги има на северниот брег на Африка, што значи дека Реал ќе мора да патува на африканско тло за да го помине првиот ривал во Кралскиот куп.

Третолигаш за противник доби и актуелниот освојувач на Купот, екипата на Барселона. Каталонците ќе играат против Леонеса. Овие два тима еднаш веќе имаат играно во Купот. Во 2009 година Барселона без никакви проблеми со 7:0 по двата меча го елиминираа овој противник.

Лесна задача ќе има и Атлетико. „Јорганџиите“ ќе играат против четвртолигашот Сент Ендрју.

Завршија маратоните на Вимблдон, се воведува тај-брејк

Вимблдон ќе го воведе правилото за тај-брејк во решавачкиот петти сет, како последен од престижните турнири со вакво правило, објави Би-Би-Си.

Досега се играше на два гема разлика за да се победи во последниот сет и во мечот, што доведе до неколку невообичаени ситуации. Интересно е што во „Ол Ингланд клубот“ размислуваат тај-брејкот да се игра при резултат 12:12, а не како што е вообичаено на 6:6 во последниот сет.

Неколкупати се играат вистински маратони, а се уште се памети дуелот меѓу Николас Маи и Џо Иснер што заврши со резултат 70:68 во гемови во петтиот сет.

И на последното издание имаше долг петти сет меѓу Кевин Андерсон и Џон Иснер, а овојпат Американецот беше поразен со 24.26.

Ѓорѓиев доминира во Братислава, битка за злато на ЕП против Баксанов

Македонскиот шампион во Лоу-кик, Димитар Ѓоргиев ќе бие битка за ново злато на големите натпреварувања, откако успеа да се пласира во финалето на Европското првенство во Словачка.

Трикратниот свестки првак од Македонија доминира и во Братислава и со 3:0 го победи Милош Цвјетичанин од Србија за ново финале. Противник за златен медал ќе му биде рускиот кик-боксер Рамазан Баксанов.

Шанса за финале има уште еден македонски кик-боксер, Бобан Илиоски. Денеска во категорија до 81 килограм во К-1 тој ќе му се спротивстави на Белорусинот Дмитри  Баранов.

Ништо од Венгер во Баерн, за сѐ биле виновни новинарите

Арсен Венгер нема да дојде на клупата на Баерн Минхен. Актуелниот стратег Нико Ковач има апсолутна доверба кај челниците на клубот и тој ќе остане на клупата и на следните мечеви. По серијата слаби резултати, Баерн падна на шестото место на табелата во Бундес лигата, но заостанува само четири бода зад лидерот Борусија Дортмунд. Тоа е негатива која лесно може да се достигне, па затоа уште не е запалено „црвеното копче“ за тренерот.

Неочекуваната прес конференција на која многумина чекаа смена на тренерот, всушност беше „час по објаснување“ со новинарите за тоа што го пишуваат за Баерн Минхен.

„Сакам да ви кажам нешто што нема врска со Баерн Минхен. Срамно е извесувањето за свирежите кон Нико Ковач за време на кошаркарскиот меч. Пишувате како не можеме без Бернат и дека не требало да го продадеме. Ќе видиме на крај кој ќе биде во право. Заборавате дека поради тој играч за малку ќе испадневме од Лигата на шампиони“, рече претседателот на клубот Ули Хенес.

И извршниот директор Карл-Хајнц Румениге имаше забелешк на начинот на известување и критиките кои ги трпат играчите на Баерн.

„Одлучивме да застанеме зад играчите кои добиваат премногу критики. Тука е еден Мануел Нојер кој заслужва повече почит. Неверојатно е што се пишуваше за него, а тој човек е светски првак и четири сезони беше прогласуван за најдобар голман на планетата. Точно дека не бранеше добро против Аугзбург и против Холандија за националниот тим на Германија, но не заслужува такви критики. Или кога ќе слушнам дека Боатенг и Хумелс се стари. Можеби треба да погледнете во другите држави како ги штитат играчите. Роналдо на 33 години замина во Јувентус и сите пишуваат сѐ најдобро, а кај нас ги бркате Рибери и Робен кои се по повеќе од 10 години во клубот“, рече Румениге.

Со ставовите на Хенес и Румениге се сложува и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ кој на новинарите им ги демантираше гласините дека е скаран со Ковач.

Баерн Минхен има четири меча без победа, а утре гостува на Волфсбург во Биндес лигата.

 

Раул нема да експериментира против Турција и Грција

Со проверени сили македонската ракометна репрезентација ќе излезе на мегдан за дуелите против Грција и Турицја. На понеделничкиот собир ќе треба да се појават 20 ракометари предводени од капитенот Кирил Лазаров.

Квалификациите за Европското првенство 2020 година ќе ги стартуваме во Битола каде на 25 октомври ќе играме против Турција. Три дена по тој меч, „црвено-жолтите“ ќе гостуваат во Грција.

На списокот на селекторот Раул Гонзалез се најдоа: