Ѕвезда игра против Рад, но мисли на Ливерпул

Црвена Ѕвезда има домашна задача, да ги освои трите бода во дуелот против Рад, во првенството на Србија. Актуелниот првак се подготвува за градскиот дуел, но веќе мислите полека се насочуваат кон Ливерпул. „Црвено-белите“ во рамките од третото коло во Лигата на шампионите ќе гостуваат на „Енфилд Роуд“.

„Не можеме да побегнеме од фактот дека в среда треба да гостуваме во Ливерпул, но ние мора да пробаме да се фокусираме на следниот ривал а тоа е Рад. Првенството ни е приоритет, сакаме да ја одбраниме титулата“, рече тренерот на Ѕвезда, Владан Милојевиќ.

Мечот против Рад ќе го пропушти капитенот Вујадин Савиќ, а неизвесен е настапот на уште неколку играчи. И покрај ваквите проблеми актуелниот првак на Србија е голем фаворит за победа против Рад. Ако „црвено-белите“ се фаворити против Рад, во дуелот против Ливерпул ситуацијата ќе биде сосема поинаква. Англискиот гигант речиси сигурно ќе ги освои трите бода во мечот од Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести