Дома Blog Страница 10822

И Мурињо во Подгорица ќе ги гледа „соколите“ и „орлите“

Понудата на SPORT LIFE за денеска, нуди примамливи квоти за натпреварите од Лигата на нации, и серијата пријателски мечеви кои се играат низ светот. Издвојуваме пет натревари, три од Лигата на нации и два контролни, за кои мислиме дека се најинтересни во овој не баш „посен“ празничен четврток.

Секако на прво место е дуелот на двете земји кои до пред некоја година беа во заедничка држава, а потврдено е дека во ложата на стадионот во Подгорица ќе биде и тренерот Жозе Мурињо, кој бил поканет од Предраг Мијатовиќ.

Црна Гора – Србија (20.45 часот)

Според сите најави, треба да се очекува голови да дадат двете селекции, бидејќи во двата тима ќе фалат неколку значајни играчи. Гостите се поквалитетен тим, но домашните ќе бидат помотивирани, и можеби ќе имаат проблем да ја контролираат еуфоријата. Предност на Црна Гора е искуството на селекторот Тумбаковиќ кој му беше тренер на српскиот селектор Крстајиќ во Партизан.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.20)

 

Полска – Португалија (20.45 часот)

Ова е меч на кој не би требало да има премногу голови поради ситуацијата со ѕвездите. Левандовски не е форма, од друга страна ќе го нема Кристијано Роналдо. После СП, двата тима одиграа два меча со 0-2 гола. Полјаците не забораваат дека беа елиминирани на пенали од Португалија на ЕП 2016.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.20)

 

Франција – Исланд (21.00 часот)

Светскиот првак е голем фаворит против островјаните кои имаат низа од девет меча по ред без победа. Мбапе и Гризман треба да бидат гаранција дека „галските петли“ ќе дадат барем три кола, од кои најмалку еден во првото полувреме. Франција во 2018 година има само еден пораз, пролетоска во пријателски меч со Колумбија.

Предлог тип: Т1 1+I& T1 3+ (2.05)

 

Велс – Шпанија (почеток 20.45 часот)

Велшаните се непредвидливи, особено кога играат дома, но за нив голем хендикеп е отсуството на Герет Бејл. Од друга страна, Шпанија со новиот селектор Луис Енрике, славеше на „Вембли“ и на растури Хрватска со 6:0, па реално е добрите игри и победи да продолжат. „Црвената фурија“ 33 години нема гостувано во Кардиф и ова им е шанса да се реваншираат за тогашниот пораз од 0:3.

Предлог тип: 2-2 (2.15)

 

Русија – Шведска (21.45 часот)

„Единицата“ за мечот во Калининград се наметнува бидејќи Русите некако полесно ја пребродија смената на генерации, и имаат подобри резултати во последно време, отколку „викинзите“. Победата на гости кај Турција е голем чекор за Русите кон освојување на првото место во групата. Шведска има три порази по ред, од кои еден дома од Турција.

Предлог тип: 1 (2.12)

„Риско“ чека да се сликаат со него, и да подели влезници

Денеска во трговскиот центар „Скопје Сити мол“ од 17 до 19 часот, Фудбалската федерација на Македонија организира настан преку кој може да се дојде до билет за саботниот меч помеѓу Македонија и Лихтенштајн од Лигата на нации.

Тоа што треба да се направи е заинтересираните да се фотографираат со маскотата „Риско“, потоа на „Фејсбук“ да ја озчачат групата Фудбалска Репрезентација на Македонија, да постираат #АјдеНаСтадион, и ќе освојат влезница.

Натпреварот се игра на 13 октомври со почеток во 20.45 часот, а пред средбата, ќе се одржи и церемонија во чест на составот кој во 1993 година во Крањ, Словенија, го игра првиот историски натпревар за националниот тим самостојна Македонија.

 

МЗТ во Копер може да зададе авторитетен удар

Македонскиот вицешампион, МЗТ Скопје Аеродром, од 18 часот во Копер, ќе игра дерби на АБА 2 лигата против Сикст Приморска, и евентуално освојување на два бода, ќе ја потврдат кандидатурата за влез во главната јадранска лига.

„Сино-белите“ од Аеродром добро го почнаа настапот во регионалното натпреварување со две домашни победи против Хелиос и Борац, но ова им е прв меч надвор, и тоа гостување кај еден од најголемите ривали во борбата за првото место. И Приморска со два триумфи ја почна сезоната.

Тренерот Ѓорѓи Кочов мисли дека Приморска е најсериозен кандидат за пласман во АБА лигата, и има екипа која добро би играла и во најдоброто регионално натпреварување.

„Квалитетно се пополнети на сите позиции, имаат екстра центарска линија и играат агресивно. Нормално, имаат и слабости во играта, кои ќе се обидеме да ги искористиме со максимално пожртвувана и агресивна игра. Имаме ситни повреди во тимот, но верувам дека ако ни се укаже шанса, ќе може да дојдеме до посакуваните бодови“, – изјави стратегот на МЗТ.

Љубомир Младеновски и Иве Иванов имаат играно во словенечки тимови и добро се познати за Приморска, а член на словенечкиот тим е крилниот центар Иван Маринковиќ, кој играше за МЗТ.

Мечот на колото ќе биде директно пренесуван на телевизијата Арена Спорт 2.

 

Интер фино се опари од играњето во ЛШ

Приходите на Интер од досегашното играње во Лигата на шампионите се 44,3 милиони долари, а уште 10 милиони од продажба на билети на „Џузепе Меаца“.

Оваа позитивна финансиска ситуација ќе се подобрува и во наредниот период, ако се знае дека следуваат два домашни меча со Барселона и Милан, кога трибините ќе преполни.

Сопственикот на Интер, Џанг Џиндонг, е 13-ти најбогат човек во Кина, богатство од 14 милијарди долари, па за него можеби 54 милиони и не се премногу пари, но за клубот Интер, секако се, особено што ова се приходи за само еден ипол месец, а сезоната е долга.

Оваа сума е околу 20 проценти од зацртаниот буџет на клубот. Двете победи во ЛШ се голема стимулација, а десетте милиони за само пет домашни меча, се уште еден плус.

Долгот е отплатен – Ѓоковиќ го растури Чекинато

Новак Ѓоковиќ го порази Марко Чекинато со 6-4, 6-0 во осминафиналето на Мастерсот во Шангај, и со тоа му се реваншираше за поразот пред неколку месеци на гренд-слемот „Ролан Гарос“.

Србинот имаше проблеми на почетокот, па после петтиот гејм, направи кратка пауза за да ги смени патиките. Од тој момент, заигра многу подобро, при 3-3 направи брејк, доволен за да го земе сетот со 6-4. Ова делуваше стимулирачки за него, а депримирачки за противникот, па во вториот сет немаше никакцва неизвесност, и Италијанецот беше прегазен со 6-0.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со Кевин Андерсон, кој со 6-4, 7-6 беше подобар од Стефанос Циципас. Другото познато четвртфинале е Кајл Едмунд – Александер Зверев. И тие се од истата страна на жрепката, па еден од овие четворица (Ѓоковиќ, Андерсон, Зверев или Едмунд) ќе биде финалист.

Официјално: Германецот дојде на печалба во Вардар

Ракометниот тим Вардар и официјално се засили со доаѓањето на репрезентативецот на Германија, Кристијан Дисингер, потврдија од клубот. Овој 26-годишен лев бек, потпиша двегодишен договор.

Дисинер (203 см) веќе е во Скопје каде ќе ги мине лекарските прегледи пред да и се приклучи на екипата. Тој ќе биде првиот првиот германски репрезентативец што играл за Вардар.

Германецот ќе донесе свежина во играта на Вардар. Тој е седма принова на македонскиот првак сезонава.

Пред неколку дена, тој го раскина договорот со Кил со кој го освои германскиот Куп, а исто така како член на репрезентацијата на Германија, во 2016 година стана европски сениорски првак. Со репрезентацијата го освои и бронзениот медал на Летните олимписки игри во 2016 година.

Во својата кариера има настапувано за екипите на ТСГ Фреизенхајм (2008-2011), Кадетен (2011-2013), Нептуно (2013), Либек (2015-2015) и од 2015 година за Кил. За Кил има одиграно 130 натпревари и постигна 235 гола.

Реал ги има најверните играчи

Швајцарскиот институт за фудбалско истражување (ЦИЕС) во своите најнови резултати истакна дека Реал Мадрид е клубот кој ги има најверните играчи. Актуелниот европски првак се најде на врвот на ова истражување, иако често пати се случуваат скандали во кои дел од фудбалерите се во конфликт со тренерот или со претседателот на клубот.

Според просекот на време поминати во Реал Мадрид од сегашните играчи, „кралевите“ се на врвот со просек од 5,84 години. Веднаш зад Реал е Барселона. Играчите на каталонскиот гигант во просек се задржуваат на „Камп Ноу“ 5,36 години.

Меѓу клубовите со најлојални играчи се и Баерн Минхен (5,26), Атлетико Мадрид (4,17), Тотенхем (3,89), Атлетик Билбао (3,80), Манчестер јунајтед (3,72), Борусија Менхенгладбах (3,48), Наполи (3,43) и Борнмут (3,37 години во просек). Ова е истражување за клубовите кои се во Топ 5 лигите во Европа.

Погба ја копира НБА: Купува шампионски прстени за Франција

Пол Погба реши да потроши огромна сума на пари за да купи шампионски прстени во стилот на НБА лигата и да ги подели на сите фудбалери кои со Франција станаа светски прваци. Шампионските прстени се направени од 11 каратни дијаманти, а на нив ќе има украси и од сафири и рубини.

Засега цената на еден прстен не е позната, но претседателот на француската фудбалска федерација, најави дека ќе плати 10.000 евра за транспорт на прстените од Лос Анџелес до Париз. Франција стана светски првак, откако во финалето на Мундијалот во Русија со 4:2 ја победи Хрватска.

Прв историски меч по распадот на заедничката држава

По распадот на СФР Југославија, Србија и Црна Гора беа републиките кои продолжија во заедничка држава. Сепак, по неколку години и Црна Гора си доби независност и станаа две посебни држави. Од тогаш, па се до денес, на фудбалски план немало дуел меѓу „братските“ земји.

Вечерва во Подгорица, Црна Гора е домаќин на Србија, во рамките од третото коло од Лигата на Нации. Црногорците апелираат на овој меч повторно да се навива како и на сите претходни и да се бодрат „соколите“ да стигнат до значајни три бода.

Србија има проблеми околу составот, па селекторот Младен Крстајиќ нема да може да смета на Александар Коларов и Немања Матиќ, со што значително е ослабен дефанзивниот ред. Без разлика на овие проблеми, гостите најверојатно ќе бидат со двајца напаѓачи и нема да се бранат. Задолжени за голови од првата минута треба да бидат Александар Митровиќ и Александар Пријовиќ, кој се наоѓа во одлична форма. Во средниот ред на Србија контролата на топката треба да ја имаат Миленкови-Савиќ, Тадиќ, Максимовиќ и Костиќ.

 

 

Стерлинг може да добие повик од Реал Мадрид

Реал Мадрид многу сериозно размислува да тргне во обид да го купи Рахим Стерлинг од Манчестер сити. Брзоногиот играч е еден од најдобрите во тимот на „граѓаните“, па токму затоа и Реал се заинтересира за неговите услуги. Крилото има уште две години од договорот со Сити и засега нема знаци дека сака да ја продолжи соработката со тимот од „Итихад“.

Самиот Стерлинг неодамна потенцираше дека размислува и за кариера надвор од Премиер лигата, што е уште еден знак плус дека Реал има добри шанси да го купи и тоа за не многу висока сума. Сепак, додека во Сити игра одлично, кога се работи за националниот тим, Стерлинг е речиси невидлив. Англиските медиуми потенцираат дека се поминати три години од неговиот последен гол во репрезентативниот дрес, па дури се доведува во прашање дали заслужува да го носи дресот на „гордиот албион“.

Проблеми со реализацијата во оваа сезона има и Реал Мадрид. По заминувањето на Кристијано Роналдо, мадридскиот гигант покажа дека ја нема истата сила од лани. Тимот моментно игра без идеја во нападот, па затоа е во серија од 409 минути без постигнат гол.