Дома Blog Страница 122

Јан Облак се враќа во вистински момент, за дуелите против Барселона во ЛШ

Вториот капитен на Атлетико Мадрид, Јан Облак, заедно со младите фудбалери Марк Пубил и Родриго Мендоса, повторно се приклучија на тренинзите, пренесуваат шпанските медиуми.

Тимот на Диего Симеоне активно се подготвува за првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите против Барселона, кој е закажан за в среда. Сепак, настапот на тројцата фудбалери сè уште не е целосно сигурен, иако постојат добри шанси да бидат подготвени.

Облак последен пат настапи на 10 март, кога Атлетико славеше со 5-2 против Тотенхем во првиот осминафинален натпревар од елитното натпреварување. Враќањето на голманот е од големо значење за тимот, особено ако се има предвид дека во негово отсуство екипата прими осум гола на четири натпревари во сите конкуренции.

Неизвесен за натпреварот е и Хосе Марија Хименес, кој заработи удар при поразот од 1-2 од Барселона во саботата, во шпанското првенство.

Според најавите од шпанските медиуми, Хименес најверојатно нема да започне на „Камп ноу“, па тренерот Диего Симеоне би можел да се одлучи за тандемот Робин ле Норман и Давид Ханцко во срцето на одбраната.

Граѓаните потврдија дека Бернардо Силва заминува од „Етихад“: „Секоја убава приказна има крај“

Бернардо Силва, капитенот на Манчестер сити, ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, кога истекува неговиот договор. Оваа вест, која британските и португалските медиуми ја најавуваа со недели, официјално ја потврди Пеп Линдерс, асистентот на Пеп Гвардиола.

Силва, кој има 31 година, пристигна на „Етихад“ од Монако во 2017 година. Во саботата го одигра својот 450-ти натпревар за клубот, освојувајќи 19 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиер лигата и трофеј во Лигата на шампионите.

„Никогаш не барате замена за ваков тип на играч бидејќи таква едноставно не постои. Бернардо е уникатен, начинот на којшто ја контролира играта, како се движи, како ја прима топката, како го води тимот и како носи одлуки. Не барате негова копија, туку играч кој може да расте со тимот и да се вклопи во првите единаесетмина. Се надеваме дека младите од академијата, како и оние што веќе ги донесовме, ќе го направат тој чекор во средниот ред.

Ќе биде тешко бидејќи кога Бернардо не игра, неговото отсуство веднаш се чувствува. Замислете како би изгледала цела сезона без него. Но, секоја убава приказна има крај. Се надевам дека ќе ужива во последните шест недели и ќе се збогува на вистински начин – тој го заслужува тоа“, изјави Линдерс.

Кливленд ќе ги лови Мечките во Полноќниот експрес (Фото)

Полноќниот експрес и претстојната ноќ ќе понудат одлични квоти за петте натпревари од НБА-лигата. Покрај тоа, подготвени се и квоти за поентерскиот ефект на вкупно 48-мина кошаркари.

Тимот на Кливленд кавалирс е огромен фаворит на гости против Мемфис гризлис и ќе се обиде да ги улови Мечките.

Фаворити на домашен терен се и Сан Антонио спарс и Денвер нагетс.

Покрај стандардните квоти, можете да ја одиграте и омилената игра на голем број типувачи „плус/минус поени“ на ефектот на кошаркарите.

 

Артета мора да освои трофеј, ако сака да остане долгорочно на „Емирати“

Раководството на Арсенал и понатаму стои зад својот менаџер Микел Артета, иако тимот загуби два од четирите трофеи на кои претендираше оваа сезона. Поразите од Саутхемптон во четвртфиналето на ФА купот (1-2) и од Манчестер сити во финалето на Карабао купот (0-2) се оценети како разочарувачки, но не и како доволна причина за драстични потези.

Во клубот се свесни дека елиминацијата од тим од понизок ранг е сериозен удар, но сепак сѐ уште веруваат дека Артета е вистинскиот човек за долгорочната визија и развој на екипата.

Но, неговата позиција не е целосно сигурна и ќе зависи од резултатите до крајот на сезоната. Арсенал во моментов се наоѓа на врвот во Премиер лига, а воедно важи и за еден од главните кандидати за трофејот во Лигата на шампионите. Очекувањата на клупското раководство се јасни, освојување барем на еден значаен трофеј оваа сезона.

Вонреден состанок на „Енфилд“: Арне Слот ќе добие отказ ако Ливерпул не обезбеди пласман во ЛШ

Раководството на Ливерпул одржало вонреден состанок по убедливиот пораз (0-4) против Манчестер сити во четвртфиналето од ФА купот, пренесува „Скај спортс“.

На состанокот се дискутирало за иднината на менаџерот Арне Слот. Тој ќе биде отпуштен доколку Ливерпул не успее да се пласира во Лигата на шампионите.

Поразот во саботата беше 15-ти за Ливерпул оваа сезона. Ова е најтешкиот пораз за Црвените од 2015 година наваму.

Слот го презеде Ливерпул во 2024 година и го одведе до титулата во Премиер лигата во сезоната 2024/25.

Тимот моментално е петтопласиран на табелата во Премиер лигата со 49 бода. Ливерпул ќе игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

Топ тикети и одлични добивки изминатиов викенд во Дебар, Берово и во Битола (Фото)

Изминатиот викенд донесе одлични добивки во Sport Life. Издвојуваме неколку тикети кои навистина заслужуваат посебно внимание. Со мајсторство и мала уплата, до одлична сума и тикет за пофалба.

Во Дебар, со влог од 100 денари среќниот обложувач ќари речиси 2.000 евра. Осум натпревари и идентична игра, еден до два гола во првото полувреме и повеќе од три гола на крајот од мечот. На крајот – топ добивка.

Следниот тикет е од Берово. Десет натпревари и идентична игра на сите, двете екипи да постигнат најмалку по еден гол. И добивката на крајот е повеќе од убава, 1.000 евра и кусур…

Третиот издвоен тикет е од Битола. Исто така десет натпревари, поголем дел од нив на конечен тип „кец“, а останатите со „гол-гол 3+“. За вложени 150 денари, добивка од од 1.400 евра. Воопшто не е наивно, напротив. Добивка за респект.

Арбелоа: Реал Мадрид ги има наjдобрите играчи и треба да биде најдобриот тим во светот

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа прес-конференција во пресрет на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Натпреварот се игра утре од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

„Утре сакам да го видам тој Реал Мадрид кој секогаш знаел како да се носи со најсилните противници. Имаме посебна историја со Баерн и сигурен сум дека нè очекува уште една голема вечер во Лигата на шампионите на ‘Бернабеу’. За да победиш, мораш да бидеш на високо ниво во сите фази од играта. За да станеш голем тим, потребни се заедништво и колективен дух. Тоа се работите што најчесто им ги нагласувам на фудбалерите. Реал Мадрид ги има најдобрите играчи и мора да бидеме најдобриот тим во светот. Треба да го ставиме индивидуалниот талент во служба на тимот“, изјави Арбелоа.

Тој се осврна и на квалитетите на противникот.

„Баерн е одлично организиран тим со препознатлив стил на игра. Играат многу агресивно во одбраната и ги тераат противниците постојано да се враќаат назад. Кога ја имаат топката, создаваат опасности по крилата со помош на исклучително талентирани фудбалери.

Сметам дека Баерн е многу избалансирана екипа со многу силни страни. Една од нив е посветеноста во одбраната. Венсан Компани заслужува пофалби затоа што врши одлична работа“, додаде тренерот на Кралевите.

Арбелоа го прокоментира и фактот дека шестмина играчи на Реал се на работ на суспензија пред реваншот во Минхен.

„Не можам многу да влијаам на тоа. Утрешниот натпревар носи голем влог и играчите знаат дека ако треба да добијат жолт картон за доброто на тимот, ќе го направат тоа“, заклучи Арбелоа.

Винисиус јуниор ги откри плановите за својата иднина

Винисиус јуниор долго време беше цел на шпекулации околу неговата иднина, но сега е јасно дека тој ќе остане во Реал Мадрид.

Бразилецот ја стекна својата слава токму во Реал Мадрид, а во последно време се зборуваше за можен трансфер. Иако има договор до 2027 година, се појавија информации дека би можело да го напушти клубот ова лето.

Манчестер јунајтед, како и други големи клубови, беа споменати како потенцијални дестинации, а нивните менаџери беа во контакти и со Манчестер сити, Арсенал, Челзи, Ливерпул, ПСЖ и Баерн Минхен.

„Кога ќе дојде вистинското време, ќе го продолжам договорот со Реал и ќе останам тука уште долго. Реал Мадрид е клубот на моите соништа. Имам уште една година од договорот, но мирен сум околу преговорите и имам доверба во претседателот Флорентино Перес. Имам посебна врска со тренерот Алваро Арбелоа како што имав и со Карло Анчелоти. Тренерот секогаш ми зборува што очекува од мене, а јас давам сè од себе и ќе продолжам така“, изјави Винисиус јуниор.

Со ова Бразилецот ги отфрли сите дилеми околу неговата иднина и потврди дека ќе остане во Реал. Сега клубот го очекува двомеч со Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Покрај тоа, Винисиус ќе мора да биде подготвен и за Светското првенство што годинава ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, каде што Бразил се наоѓа во група заедно со Мароко, Хаити и со Шкотска.

Дефинитивно се смирија: Чеферин утре ќе седи до Перес и ќе гледа Реал – Баерн

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, најголемото дерби во четвртфиналето на Лигата на шампионите на два тима кои заедно имаат 21 европска титула и никој нема повеќе мечеви од нив во елитното натпреварување, ќе го следи и првиот човек на европскиот фудбал, Александер Чеферин. 

Ова е вест затоа што тоа е знак дека дефинитивно дошло до помирување на Реал и УЕФА откако Кралскиот клуб се откажа од Суперлигата. Дојде и моментот кога и Реал Мадрид ќе ги отвори вратите на својот стадион за претседателот на УЕФА.

Чеферин утревечер ќе биде покрај Флорентино Перес во претседателската ложа на „Бернабеу“ во Мадрид, а таму ќе биде и претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Рафаел Лузан. Се очекува да дојдат уште неколку претседатели. 

Самиот Чеферин неодамна на последниот конгрес на УЕФА рече дека не му е проблем да се врати на стадионот на Реал.

„Враќање на Бернабеу? Секако, зошто да не. Веќе одам во Париз, Милано или Барселона. Нема проблем“.

Бејл: Некои луѓе мислеа дека Модриќ е пренизок за да игра во среден ред

Легендарниот велшки фудбалер Герет Бејл во емисија зборуваше за својот поранешен соиграч Лука Модриќ, со кого играа во Тотенхем, а потоа заедно освоија многу трофеи во Реал Мадрид.

„Лука Модриќ многу ми помогна, беше одличен кон мене. Тој е играчот со кого најмногу сум играл во мојата кариера. На почетокот во Тотенхем имаше мал физички проблем бидејќи беше низок, му требаше краток период на адаптација, но потоа беше одличен. На почетокот беше крилен играч, играше пред мене и влегуваше во средината, а јас добивав простор на крилото. Некои луѓе мислеа дека е премногу низок за да игра во средината, но тој влегуваше во средината, одеднаш ја менуваше насоката и покажуваше дека не секогаш е потребна сила“, рече Бејл.

Бејл одиграл повеќе натпревари со Модриќ (301) отколку со кој било друг соиграч. Модриќ стана еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата, го зацврсти својот статус со освојувањето на Златната топка во 2018 година, откако ја водеше Хрватска до финалето на Светското првенство.