1029 Ридинг – Виган (16.00 часот)
Важен меч за двата тима од англиската Лига 1 на кои бодовите им се потребни. Ридинг е осми на табелата и има два бода помалку од шестиот, а шестото место носи плејоф за влез во Чемпионшип. Ридинг во последните три кола имаше и победа и пораз и реми. Само Болтон има повеќе нерешени игри од нив во лигата. Виган е во долниот дел, се бори за опстанок и во последно време добро му оди, освои седум бодови на последните три меча и сега е на три бода над опасната зона. Ридинг дома нема пораз уште од почетокот на декември, а пред месец ипол го победија Виган на гости со 2-1.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.04)
1038 Салфорд – Милтон Кејнс (16.00 часот)
Ова е на некој начин дерби во четвртата англиска лига, затоа што Салфорд е шести, а Милтон Кејнс втор на табелата. Двата тима, особено МК Донс се во добра позиција во борбата за влез во Лига 1. Есеноска во Милтон Кејнс беше 2-0 за вечерашниот гостин. Ова се два тима кои ретко играат нерешено, Салфорд нема реми уште од крајот на декември што е серија од 20-тина меча во кои или победува или губи. На Милтон Кејнс во минатото коло му заврши серијата од 13 меча по ред без пораз.
Предлог тип: 2 (2.30)
6971 Унгарија – Словенија (18.00 часот)
Унгарија е една од најсилните европски селекции кои месецов не играат бараж за СП, а ниту се пласираа директно на Мундијалот. Истото важи и за Словенија, па овие два тима вечерва во Будимпешта ќе играат само пријателски меч. Словенците во мундијалските квалификации не добија ниеден меч во групата со Швајцарија, Шведска и Косово, но ги добија последните два пријателски меча кои ги играа. Унгарија и Словенија досега играле само двапати и двапати победила Словенија, но тоа биле пријателски мечеви играни прилично одамна, во 2003 и 2008 година.
Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.06)
6893 САД – Белгија (20.30 часот)
Овој пријателски меч ќе се игра во градот Атланта. Американците имаат серија од пет, а Белгијците од девет меча по ред без пораз. Белгија е поквалитетна селекија, но Американците се домаќини и ќе сакаат со добар резултат против Црвените ѓаволи да ја загреат јавноста во нивната земја пред Светското првенство. Во белгискиот тим ќе ги нема Лукаку и Тросар кои отпаднаа иако беа на листата, но тука се Де Бројне, Доку, Опенда, Салемакерс, па нападот ќе има оружја.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.96)
1316 Спортинг Х. – Ла Коруња (21.00 часот)
Депортиво Ла Коруња е на второ место на табелата во втората шпанска лига, но има уште 11 кола за играње, а на седмиот му бегаат само пет бодови, па имаат уште многу работа во трката за директно враќање во елитното друштво или бараж за влез во Ла Лига. Ла Коруња има четири победи во последните пет кола, во форма се, за разлика од Спортинг Хихон кој е во средина на табелата и има само една победа во последните шест меча. Спортинг дома одамна не загубил, а Депортиво е најопасниот гостин во лигата.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)