15.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025
Дома Blog Страница 9488

Кристијано не успеа во мисијата да ја продолжи традицијата

Кристијано Роналдо донесе радост на навивачите на Јувентус, постигнувајќи ги двата гола во триумфот од 2:1 против Сампдорија. Сепак, Португалецот загуби една лична битка. За прв пат по осум години не успеа да ја заврши календарската година со барем 50 постигнати голови.

Со двата гола против Аталанта, Роналдо стигна до 49 голови во 53 средби и само за еден погодок не ја достигна границата од 50 голови. Во дресот на Јувентус, Роналдо даде 15 голови, а 34 му се во дресот на Реал Мадрид и националанат селекција на Португалија.

Роналдо од 2011 година до 2017 година, секогаш календарските 12 месеци ги завршувал со барем 50 погодоци на своето конто. За разлика од Роналдо, Меси оваа година ја надмина бариерата од 50 голови. Аргентинецот постигна 51 погодок во 54 дуели.

Шоу на Иличиќ – влезе во 63 минута и постигна хет-трик

Словенецот Јосип Иличиќ дефинитивно е играчот на ова коло во италијанската Серија А. Офанзивниот играч за врска на Атланта направи нешто невидено. Влезе во игра во 63 минута и до крајот на средбата против Сасуоло успеа да постигне три погодоци. На крајот Аталанта победи со убедливи 6:2.

Аталанта уште на полувремето водеше со 2:0, а потоа Сасуоло намали на 1:2. Следеше нов гол за гостите за 3:1, а потоа Данкан погоди во 58 минута за 2:3. Сасуоло се надеваше дека може да се спаси од пораз, но тоа беше се до моментот кога во 63 минута во игра влезе Иличиќ. За помалку од половина час, словенечкиот репрезентативец постигна хет-трик, па Аталанта сега со 28 бодови стигна до седмото место на табелата.

За Иличиќ ова беше трет хет-трик во 2018 година, нешто што во топ 5 лигите им успеало само уште на Серхио Агуеро и Лионел Меси.

Рома победи на гости кај Парма со 2:0, благодарение на погодоците на Кристанте и Ундер во второто полувреме.

Резултати: Киево – Фросиноне 1:0, Емполи – Интер 0:1, Џенова – Фиорентина 0:0, Лацио – Торино 1:1, Парма – Рома 0:2, Сасуоло – Аталанта 2:6, Удинезе – Калјари 2:0, Јувентус – Сампдорија 2:1.  Од 18 часот играат Наполи – Болоња, а од 20:30 часот е дуелот Милан – СПАЛ.

 

Кејн даде еден од најубавите голови сезонава (Видео)

Тотенхем е во потера на Ливерпул, кој е лидер во Премиер лигата. Лондонскиот тим попладнево е домаќин на Вулверхемптон во обид да се освојат нови три бода и да му направи дополнителен притисок на Ливерпул, пред дербито против Арсенал.

Гледачите кои се на „Вембли“ беа сведоци на еден од најубавите погодоци сезонава во англиското првенство. Во 22 минута Кејн ја одличен начин се ослободи од противничките играчи, а потоа од далечина пласираше во голот на гостите, за водство на Тотенхем од 1:0.

https://twitter.com/Footbal01414401/status/1079035832277876736

 

 

Роналдо со дриблинг „зезни се сам себе“ (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше спасител на Јувентус. Португалецот ги даде двата гола во победата од 2:1 над Сампдорија. Иако беше вистински предводник на теренот, Роналдо направи еден смешен потег, кој се случува на многу фудбалери, но кога е тој во прашање, веднаш станува тема за мајтапење.

Во еден напад, Роналдо покрај аут линијата сакаше со дриблинг да го помине гостинскиот играч, но наместо тоа, Португалецот ја загуби топката. Погледнете како изгледаше тоа.

https://twitter.com/FoootballPlanet/status/1079028098434252802

Откриена причината: Боатенг често е повреден бидејќи постојано има секс со жена му

Кевин-Принс Боатенг веќе подолго време не е на теренот, бидејќи е повреден и не може да му помогне на тимот на Сасуоло. За тоа која е причината за честите повреди на некогашниот репрезентативец на Гана, реши да проговори неговата убава жена Мелиса.

„Причината поради која Кевин е често повреден е тоа што силата најмногу ја троши на секс, па на тренинг оди многу уморен. Имаме секс седум до 10 пати неделно и поради тоа има проблеми со истегнување на мускулите“, рече Мелиса.

Кевин-Принс има 31 година, а оваа година дојде во Сасуоло и досега одигра само осум меча во кои даде четири гола. Низ кариерата настапуваше за Ајнтрахт, Лас Палмас, Милан, Шалке, Портсмут, Тотенхем и Херта.

Стивен Џерард со најважната победа во тренерската кариера (Видео)

Глазгов Ренџерс им даде многу причини за радост на своите навивачи, откако славеше со 1:0 против Селтик во едно од најстарите дерби мечеви во светот. Популарното „Олд Фирм“ дерби, беше решено во 30 минута, кога Рајан Џек погоди за 1:0, што на крајот се покажа и како доволно за победа. Трибините на „Иброкс“ стадионот едноставно експлодираа од радост, при постигнувањето на голот.

За Ренџерс ова е прва победа против Селтик по таа во март 2012 година. Во овој период Селтик имаше 12 победи и три нерешени.

Тренерот на Ренџерс, Стивен Џерард како играч има победувано во многу дерби дуели, но кога се работи за тренерската кариера, ова дефинитивно е негова најважна победа.

Со освоените три бода, Ренџерс сега се израмни со Селтик на врвот на табелата. Двата тима имаат по 42 бодови, но Селтик има меч помалку.

 

Им преседна пршутата – Хајдук го суспендираше триото стриптизери

Хајдук ги суспендираше тројцата фудбалери што го прекршија клупскиот правилник, со покер журка од која објавија фотографии кои беа шокантни за сите во клубот.

Стипе Вучур, Андреј Фомичов и Стелијано Филип непосредно пред дербито со Динамо Загреб, објавија фотографии, кои потоа предизивикаа лавина од негативни коментари.

Полуголи со пршути на чело Вучур, Фомичов и Филип играле покер, а потоа ги објавија и фотографиите на социјалните мрежи. Хајдук во тој период играше слабо, што дополнително го навлече гневот на навивачите.

Раководството на клубот одлучи триото разиграни фудбалери да ги пресели во младинскиот погон, а најавуваат дека ќе се обидат да ги продадат сите тројца во зимскиот преоден рок.

 

ВАР и Роналдо се главни во Торино – Јувентус ја победи Сампдорија

Шампионот Јувентус со победа ја заврши 2018 година, а во контроверзен меч со два гола на Кристијано Роналдо ја победи Сампдорија со 2:1.

ВАР системот и популарниот ЦР 7 беа главни на последниот дуел за двете екипи годинава, а судијата Валери дури трипати проверуваше спорни моменти. Досуди два пенали, од кои Кваљарела и Роналдо постигнаа голови и и поништи погодок на Сампдорија во самиот финиш за реми 2:2.

Кристијано Роналдо беше човекот на одлука со два погодоци и сега е прв стремец во Серија А со 14 голови, а првиот го постигна во третата минута. Потоа Валери досуди сомнителен пенал за гостите, откако проверуваше со Вар системот, а Кваљарела погоди за десетти гол на послендите 9 меча.

Потоа пак имаше спорен момент и по проверка на Вар системот и нов сомнителен пенал, овојпат за Јувентус. Роналдо постигна гол за победа, која можеше да лесно да се претвори во реми во финишот на мечот. Сапонара постигна прекрасен гол, но по нова проверка на ВАР системот, погодокот беше поништен поради офсајд за триумф на Старата дама од 2:1.

Јувентус ќе ја пречека Новата година на врвот на табелата со 53 бодови и без пораз на 19 натпревари во Калчото. Сампдорија е на петтото место со 29 бодови.

Вакво нешто не беше видено досега – 15 победи во една година

Американската скијачка Микаела Шифрин, ја продолжи доминацијата во слаломските трки од Светскиот куп, триумфираше и на петтиот слалом годинава, а ова беше нејзина 15-та победа во 2018 година, и стана првата во историјата со ваков подвиг. Ниту еден друг скијач или скијачка во историјата на СК, немал 15 победи во една календарска година.

Шифрин која има 23 години, дојде до својата 51-ва победа во кариерата, од тоа 36 се во слалом, со што веќе е лидер во женското скијање. Американката беше подобра од второпласираната Петра Влхова од Словачка, и со тоа се реваншираше за вчерашниот пораз во Семеринг во велеслалом. Влхова победи на велеслаломот, а Шифрин беше втора. Но, во слалом, Шифрин доминира како ниту една скијачка претходно и во пет трки сезонава има пет победи во оваа техничка дисциплина.

Нека се пази Елмас, во Фенербахче доаѓа опасниот Балотели

Марио Балотели се сели во Турција ќе игра за Фенербахче, според најавите на неговиот менаџер и еден од најдобрите на светот Мино Рајола.

Супер Марио правеше супер проблеми и во Ница, се скара со легендата Патрик Вјеира, кој е тренер на францускиот прволигаш и ќе мора да си оди.

Ќе биде интересно да се види како Балотели ќе функционира во Фенербахче, клуб кој бележи слаби резултаи и атмосферата во тимот не е на ниво. Марио против своја волја ќе се сели во Турција, откако изјави дека сака пак да игра во Серија А, што е најава за нови проблеми.

За Фенербахче игра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, клубот е трет одоздола на табелата, па вистинскиот Балотели, кога не прави проблеми ќе им биде добредојден. Но, ако му се врати навиката да прави проблеми ќе биде пеколно тешко за соиграчите на Супер Марио, секако и за Елмас.