Вакво нешто не беше видено досега – 15 победи во една година

Американската скијачка Микаела Шифрин, ја продолжи доминацијата во слаломските трки од Светскиот куп, триумфираше и на петтиот слалом годинава, а ова беше нејзина 15-та победа во 2018 година, и стана првата во историјата со ваков подвиг. Ниту еден друг скијач или скијачка во историјата на СК, немал 15 победи во една календарска година.

Шифрин која има 23 години, дојде до својата 51-ва победа во кариерата, од тоа 36 се во слалом, со што веќе е лидер во женското скијање. Американката беше подобра од второпласираната Петра Влхова од Словачка, и со тоа се реваншираше за вчерашниот пораз во Семеринг во велеслалом. Влхова победи на велеслаломот, а Шифрин беше втора. Но, во слалом, Шифрин доминира како ниту една скијачка претходно и во пет трки сезонава има пет победи во оваа техничка дисциплина.

- Оглас -

Најнови вести