33.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025
Дома Blog Страница 9489

Барселона се разбуди и го „тресна“ Анадолу

Барселона го совлада Анадолу Ефес со 80:65 во мечот од рамките во 15-тото коло во Евролигата. Каталонскиот состав добро се намачи за да ја оствари осмата победа во европскиот шампионат, гостите беа блиску до славење во „Палау Блауграна“.

Првото полувреме комплетно му припадна на Анадолу, во моменти од втората четвртина имаа сигурна предност од +17 поени, но кошаркарите на Светислав Пешиќ и пред самата пауза покажаа дека остатокот од мечот нема да мине без борба. Домаќините се разигра и со пресврт при конечна разлика од +15 ја забележаа новата победа во континенталниот шампионат.

Ориола како најефикасен за Барселона постина 14 поени, по 13 имаа Серафан и Синглтон. Во гостинскиот состав најмногу се истакна Мотум со 13 поени, Мициќ додаде 11.

Претходно Макаби Тел Авив ја забележа вкупно петтата победа во Евролигата со триумфот над Армани Милано при конечни 94:92. За домаќините клучни беа слободните фрлања на Реј Кендрик на 19 секунди до крајот, па во последниот напад Макаби успеа да се одбрани.

О‘Брајан одигра феноменален меч и практично постигна една третина од поените на Макаби, поточно 32 (5/8 од поле, 5/7 за три, 7/8 слободни). Недовиќ беше најефикасен во тимот на Милано со 17 поени, по 16 постигнаа Мицов и Џејмс.

Андерсон го „олади“ Саутхемптон

Вест хем славеше на гостувањето кај Саутхемптон на „Сент Мери“ со конечни 2-1. Фудбалерите на Мануел Пелегрини им се вратија на победите откако во претходното коло загубија првпат по пет меча (против Ватфорд 0-2). „Светците“ таман се воиграа со новиот тренер Ралф Хазенхитл и нанижаа две победи, „чеканите“ практично им ги одзедоа трите бода вечерва.

Само пет минути по почетокот на второто полувреме, Нејтан Редмонд ги израдува домашните навивачи, a набрзо потоа следуваше колапс на Саутхемптон.

Фелипе Андресон во два напади го совлада Форстер во период од шест минути за конечни 2-1. Бразилецот можеше да стигне и до трет гол во последните минути од средбата, но обидите му беа неуспешни.

Вест хем со овие бодови има вкупно 27 за преземање на деветтата позиција на табелата. Саутхемптон останува 15-ти со исто толку бодови.

Шенгелија ја скрши таблата (Видео)

Во последните години откако се поставуваат зглобни обрачи на кошевите, ретки се, а речиси и да нема ситуации во кои се кршат табли, но вечерва попушти таблата на еден евролигашки натпревар.

Грузиецот Торнике Шенгелија од Басконија на гостувањето кај Химки, кое Шпанците го добија, при еден обид да забие, му побегна топката, но тој се обеси на обрачот и таблата пукна. За среќа, не паѓаа парчиња стакло на паркетот.

Откако се санираше штетата, мечот продолжи и Басконија дојде до победата. Погледнете што се случи во салата во московската област:

https://twitter.com/twitter/statuses/1078355846499717120

Официјален став на Интер: Оној кој не ја разбира нашата историја, не е еден од нас

Раководството на Интер се огласи преку соопштените дека не поддржува никаков вид дискриминација и расизам. Во триумфот над Наполи со минимални 1-0, фудбалерот на гостите Калиду Кулибали беше навредуван од страна на навивачите на „нероаѕуите““, по што клубот од „Џузепе Меаца“ доби казна од два меча без публика во домашното првенство.

„Уште од деветти март 1908 година Интер значи интреграција, гостопримство и прогресивност. Со нашиот град, заедно се бориме за иднина без дискриминација и омраза. Овие особини ја дефинираат историјата на Милано, а оној кој не ја разбира историјата, не е дел од нас. Ние како фудбалски клуб сме посветени да ги истакнеме нашите вредности на кој било начин, тие секогаш се изворот на гордост“, стои во соопштението на Интер.

Не вреди извинувањето – ФА поднесе тужба против Емери (видео)

Фудбалската Асоцијација на Англија поднесе тужба против Унаи Емеи за неприфатливо однесување покрај теренот во ремито против Брајтон од 1-1. Предводникот на „топчиите“ го загуби трпението по самиот крај на средбата, па во нервоза шутна шише со вода кон публиката и притоа погоди во еден од навивачите на домашната екипа.

Шпанскиот стратег веднаш тргна да се извини, нагласувајќи дека немал намера никого да повреди. Сепак, тој нема да избегне казна.

Хамес е одличен и со баскет (видео)

Фудбалерот на Баерн Минхен, Хамес Родригес, зимскиот одмор покрај за рехабилитација, го користи и за рекреација. Колумбиецот е вистински мајстор со фудбалска топка, а сега покажа дека знае да биде и одличен со баскет. Поради повреда на коленото, ги пропушти последени осум натпревари за „баварците“, а очигледно е дека целосно закрепнал.

Покрај тоа што Хамес го посветил животот на фудбалот, тој е фан и на кошарката, па во слободното време сака да „фрли“ неколку топки во кошот.

 

https://twitter.com/jamesdrodriguez/status/1078319194704396293?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1078319194704396293&ref_url=https%3A%2F%2Fbleacherreport.com%2F

Германскиот шампионат продолжува на 18-ти јануари, а токму актуелниот бранител на титулата, Баерн Минхен, го отвора вториот дел од сезоната. Фудбалерите на Нико Ковач гостуваат кај Хофенхајм, во меч од рамките во 18тото коло.

Милан го продава отпадокот, Борини се сели во Кина

Фудбалерот на Милан, Фабио Борини, по сите изгледи ќе се пресели во Кина откако неговиот агент отпатува за далечниот Исток да преговара со Шензен. Новаците во кинеската Суперлига имаат намера да издвојат 12 милиони евра за неговите услуги откако Борини отпадна од плановите на Гатузо во изминатиов период.

Италијанецот има шанса да се врати и во Премиер лигата, а наводно и Њукасл наводно се обидува да го договори неговиот ангажман. Меѓутоа, кинескиот клуб многу веројатно ќе му понуди повисока плата од тимот кој го води Рафа Бенитес, па така и Борини ќе ја прифати нивната, попримамлива понуда.

Дваесет и седумгодишниот фудбалер пристигна во Милан во текот на летото 2017 година како едно од 11-те засилувања на „росонерите“. Главно игра во офанзивата, но Гатузо знаеше да го користи и поназад во формацијата. Сепак, Борини не успеа да обезбеди статус на првотимец, особено откако не забележа ниту една минута на последните пет меча, додека вкупно сезонава настапи на 11 натпревари.

Олимпијакос разочара против најслабиот тим во Евролигата

Дарушафака ја оствари само втората победа сезонава во Евролигата совладувајќи го Олимпијакос на домашен терен со конечни 79:75. Тимот од Истанбул ја прекина низата од 12 последователни порази во европскиот шампионат, додека избраниците на Дејвид Блат шести пат сезонава трпат пораз.

Одличниот почеток на средбата им обезбеди сигурна предност на домаќините. Првиот период го освоија со 24:12, а во еден момент имаа и +19 поени предност. Трикратниот европски првак со сите сили се обидуваше да се врати во игра резултатски, па во последните минути од решавачката четвртина го направија тоа. Сепак, Олимпијакос успеа да стигне само до минус 2, а домаќините го задржаа резултатот во своја корист на 14 секунди до крајот.

Даглас и Пејнерс ја предводеа Дарушафака со 17, односно 16 поени. Од таборот на Олимпијакос разочара цела прва петорка, додека најефикасен беше Стрелниекис со 15 поени.

Химки никако да фати победнички ритам, екипата од Москва на домашен терен го претрпе 10-тиот пораз сезонава. Басконија ги освои бодовите на тешкото гостување со конечни 85:77. Повредениот Алексеј Швед очигледно е голем недостаток во Химки.

Гостите од Шпанија како што го започнаа, така и го завршија мечот. Фуриозно ги освоија првата и последната четвртина, а на крајот го запишаа вкупно седмиот триумф во Евролигата.

Шилдс заврши со 15 поени, Воигтман постигна еден помалку за Басконија, додека во составот на поразените најмногу се истакна Мики со 19 поени.

Тотенхем ја активираше клаузулата на Алдервејрелд, но…

Тотенхем ја активираше клаузулата на Тоби Алдервејрелд, дефанзивецот ќе остане во редовите на „петлите“ до 2020 година. Неговиот важечки договор истекуваше по крајот на оваа сезона, а при потпишувањето на тој договор, клубот стави ваква клаузула за секој случај.

Сепак, не е толку едноставно, бидејќи на таа клаузула има уште една. Доколку Тотенхем се одлучи да ја активира (што и го направи тоа), Алдервејрелд може да биде продаден за 25 милиони фунти во текот на летото ако стигне понуда за него. Но, и тука има замка. Доколку има наддавање за него, последната понуда мора да биде испратена 14 дена пред завршувањето на преодниот рок, со цел Тотенхем да може да купи адекватна замена.

Познато е дека за услугите на Алдервејрелд се интересираат неколку гиганти, додека Манчестер јунајтед силно притиска за неговиот потпис. Оваа клаузула ќе им овозможи на „црвените ѓаволи“ да го доведат за разумна цена, бидејќи претходно Тотенхем одбиваше да го продаде дури за три пати повеќе од 25 милиони фунти.

Белгискиот дефанзивец е клучна алка во тимот на Маурисио Покетино. Сезонава настапи на 24 средби во сите натпреварувања, а дури 17 од нив се во Премиер лигата. Алдервејрелд во Тотенхем пристигна во 2015 година од редовите на Атлетико Мадрид за сума од 11,5 милиони фунти.

Шаља: Да бев до Бобан во 1990, можеше да има и жртви на „Максимир“

Кујтим Шаља е фудбалер од Косово кој го задолжи Динамо Загреб и хрватскиот фудбал, а вчера објави слика со Звонимир Бобан од деновите кога беа во Динамо. Во тоа време Шаља беше омилен кај фановите во Загреб, доби и хрватско државјанство, а настапи и на историскиот меч Хрватска – САД на 17-ти октомври 1990, кога многу родени Хрвати се плашеа да играат. Поради настапот на тој меч, Шаља цели десет години не смеел да оди во своето Косово.

За Динамо, Шаља одигра 53 меча и даде 19 гола, а денеска живее во Германија.

„Не сум се чул со Звоне, пробав да стапам во контакт, но не оди. Не ме повика на мечот кога се повлече, но му простувам, секогаш ќе ми биде драг“, изјави неодамна Шаља.

Кујтим поради суспензија не беше во составот на Динамо на 13-ти мај 1990, кога на „Максимир“ се судрија навивачите на Динамо и Црвена ѕвезда, со што се најави распадот на Југославија.

„Бев казнет, а кога ќе размислам, фала му на Бога што не бев на терен. Не знам како ќе реагирав ако милицаецот ме удреше со пендрек, како што се изживуваше со Звоне Бобан. Видов како Бобан добива удари додека се обидува да спаси роднина. Кога ќе се сетам дека милицаецот сакал да пука, ме полазуваат морници. Да бев во близина, можеби ќе имаше мртви. На трибините имаше многу мои пријатели и роднини од Косово и Албанија, којзнае како ќе реагираа ако јадев ќотек од милицијата“, рече Шаља.