34.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025
Дома Blog Страница 9506

Мадрид заработи 42 милиони евра од „Суперкласико“

Ривер плејт го освои Либертадорес купот по победата над Бока јуниорс (3-1) во реванш-дуелот кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“, но најголем победник од овој спектакл беше престолнината на Шпанија, Мадрид. Пресметките по големото финале стигнаа, а преттставникот на градските власти на Мадрид, Родригес Урибес, потврди дека градот заработи 42 милиони евра од директни приходи.

„Уште 50 милиони евра ќе пристигнат како ефект на шпанскиот бренд и брендот Мадрид“, додаде Урибес.

За рекордно време, целопукната оргнизација се одработи на перфектен начин. Вкупниот приход ја надминува заработката на Лисабон и Милано (55 милиони евра), градовите каде што се одиграа последните две финалиња во Лигата на шампионите.

Дури и Реал Мадрид си зеде „парче од големиот колач“. На нивна сметка ќе „легнат“ 2,5 милиони евра за домаќинство, како и за продажба на 13.000 билети, додека четири милиони евра ќе бидат издвоени за данок на Шпанија.

 

Дембеле се „пали“ кога го казнуваат (Видео)

Во текот на денов низ шпанските медиуми се пишуваше дека Усман Дембеле ќе биде казнет од неговиот клуб Барселона со 100.000 евра, сума која може да биде и удвоена, но младиот Французин не обрнува внимание на тоа, барем според играта вечерва против Тотенхем.

Дембеле даде прекрасен гол за водство на Барса од 1-0 и со тоа ги омекнува сите кои бараа казна за него, за критиките кон тренерот Валверде и доцнењето од два часа на еден од последните тренинзи. Можеби е проблематично момче на кое му фали дисциплина, но дефинитивно има фудбалско знаење.

Видете како се прошета низ одбраната на лондонскиот тим пред да го совлада Уго Љорис:

https://www.youtube.com/watch?v=LNVycy-UeGI

Порто го урна Галатасарај и во Истанбул, Шалке во финишот стигна до триумф

Порто со конечни 3-2 го совлада турскиот шампион Галатасарај, иако триумф не им беше потребен на „змејовите“. Сепак, избраниците на Консесијао се израдуваа во Истанбул, па освоија вкупно 16 бода од максимални 18 по шест натревари во групната фаза. Јасно е дека во осминафиналето ќе патуваат како лидери, додека Галатасарај ќе се теши со нокаут-фазата во Лигата на Европа.

Фелипе во 17-тата минута им донесе прва предност на гостите, а Марега од пенал зголеми на 2-0 во 42-рата минута. Пред крајот на првиот дел и Галата доби најстрога казна, а ја искористи Фегули.

Оливеира во 57-мата минута погоди за 3-1, и тоа беше првиот гол од игра на средбата. Дергијок им даде надеж на домаќините во 65-тата минута, а Галатасарај можеше да го израмни резултатот само по две минути. Фегули одново се намести да изведе пенал, но овојпат пречката им беше сојузник на „змејовите“.

Шалке во финишот го скрши отпорот на Локомотив Москва, совладувајќи го рускиот првак со 1-0. Во првата минута од судиското надополнување, Шоф ја донесе третата победа во групите за германскиот тим. За Локомотив заврши европската авантура, само со три бода завршија на последното место во групата Д.

 

 

Блокотехна во Драч ја преплива Теута

Добрата одбрана и ефикасниот напад во последната четвртина му ја донесоа втората победа на тимот на Блокотехна во оваа сезона во регионалната Балканска лига. Во салата „Рамазан Њала“ во Драч, Блоко славеше против Теута со 70:61 и на албанскиот тим му го нанесе првиот пораз сезонава во БИБЛ. Сега без пораз се само бугарски Берое и Блокотехна.

Пен со 19 поени и 10 скока имаше прилика да се воигра со својот нов тим и покажа дека ќе биде важен играч во ротацијата на Марјан Илиевски. Двоцифрени беа и Николиќ и Мијатовиќ со 13, односно 12 поени, додека Младеновиќ имаше 8 асистенции. Тренер на Теута е Миодраг Балетиќ, црногорски стручњак кој во сезоната 1994/95 го водеше МЗТ Скопје.

Блокотехна убаво ја отвори последната четвртина со серија од 7-0 (четири поени на Пен и тројка на Младеновиќ), но предноста од 52-43 како да ги опушти играчите во црвени дресови, па домашните се вратија со низа од 6-0 и се влезе во неизвесна завршница.

При резултат 61-59, Пен и Мијатовиќ погодија по една тројка и на една и пол минута до крајот, македонскиот тим поведе со клучни 67-59, кои беа доволни за мирна завршница во која Пен со слободно фрлање донесе и плус девет.

Утре настап во БИБЛ има и другиот македонски претставник, Кожув. Гевгеличани гостуваат во Пловдив кај Академик Бултекс, а следниот меч за Блокотехна е на 18-ти декември дома против Башкими.

Завршува авантурата на Јаја Туре во Грција

Ексѕвездата на Манчестер сити, Јаја Туре, само по четири месеци откако се врати во Олимпијакос, ќе го напушти грчкиот гигант. Раководството на клубот не е задоволно од она што тој го прикажа досега, па ќе ја прекинат соработката со почетокот на новата 2019-та година.

Туре во септември потпиша за Олимпијакос како слободен играч, откако му завшри договорот со Сити, и одигра само пет натрпевари во црвено-белиот дрес, а по сите изгледи, неговата авантура во Грција ќе трае уште неколку дена.

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска по 13 години се врати во редовите на Олимпијакос, откако за него настапуваше во сезоната 2005/06, пред да се пресели во Монако.

Баерн без Робен ќе гостува во Амстердам

Крилниот офанзивец на Баерн Минхен, Арјен Робен, не отпатува со остатокот од тимот за Амстердам во пресрет на дуелот со Ајакс. Искусниот Холанѓанец ќе го пропушти последниот дуел на „баварците“ во групната фаза од ЛШ, што воедно за него ќе значеше и враќање во родната земја.

Робен веќе извесно време се мачи со повреда на бутниот мускул, која го оневозможи да настапи на последните два првенствени мечеви против Вердер Бремен и Нирнберг. Засега не е познато колку ќе паузира, додека на неговата позиција треба да заигра закрепнатиот Кингсли Коман или, пак, Ковач ќе се одлучи да му даде шанса на Гнабри од првата минута.

Дуелот Ајакс – Баерн Минхен е предвиден за утре, со почеток од 21 часот.

Давид Силва ќе паузира три недели

Плејмејкерот на Манчестер сити, Давид Силва, ќе пропушти околу три седмици откако стана јасно дека има повреда на мускулот од задната страна на десната нога, здобиена за време на дербито со Челзи кое Сити го загуби со 0-2.

Шпанецот ќе го пропушти последниот меч од ЛШ против Хофенхајм, придружувајќи им се на Кевин де Бројне, Данило, Серхио Агуеро, Бенџамин Менди и Клаудио Браво на листата на отсутни. Најблиску до враќање е Аргентинецот Агуеро, кој има шанса да се појави за неколку дена на дуелот од Премиер лигата против Евертон.

„Давид нема да биде на располагање во следните неколку седмици. Не е нешто сериозно, но ќе пропушти неколку натпревари”, изјави тренерот Пеп Гвардиола, кој утре ќе одмори голем дел од стартерите.

Се очекува шанса да добие младиот Фил Фоден, кој остана да се бори за место во тимот и не замина на друго место следејќи го примерот на Санчо, кој игра редовно во Борусија Дортмунд, а во дуелот со Хофенхајм ќе има простор за докажување и за Брахим Дијаз.

Погледнете ги сите погодоци од натпреварите во Лигата на шампиони, 6. коло (видео)

*Крај на натпреварите:

Барселона Тотенхем 1-1

Клуб Бриж – Атлетико Мадрид 0-0

Црвена ѕвезда – ПСЖ 1-4

Интер – ПСВ 1-1

Ливерпул – Наполи 1-0

Монако – Б. Дортмунд 0-2

*ГОООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛ 90+2‘ – Мбапе ја прави победата на ПСЖ уште поубедлив во Белград, 1-4

https://www.dailymotion.com/video/x6ysq5j

*ГООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛ 88‘ – Геце зголеми на 2-0 против Монако, „милионерите“ со овие два гола предност се први во групата А

https://www.dailymotion.com/video/x6ysr0r

 

*ГОООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 85‘ – Тотенхем израмни на 1-1 против Барселона на „Камп ноу“, стрелецот е Лукас Мура 

https://www.dailymotion.com/video/x6ysn0n

 

*ГОООООООООООООООЛЛЛЛЛ 74‘ – ПСЖ повторно стигна до два гола предност против Ѕвезда, Маркињос за 1-3

https://www.dailymotion.com/video/x6ysmrw

 

*ГООООООООООООООООООЛЛЛЛЛ 73‘ – Икарди го враќа Интер во игра против ПСВ, 1-1

https://www.dailymotion.com/video/x6ysmjs

 

*ГООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 56‘ – Ѕвезда преку Гобелјиќ го намалува водството на ПСЖ, 1-2

 

*Полувреме:

Барселона – Тотенхем 1-0

Клуб Бриж – Атлетико Мадрид 0-0

Црвена ѕвезда – ПСЖ 0-2

Интер – ПСВ 0-1

Ливерпул – Наполи 1-0

Монако – Б. Дортмунд 0-1

*ГООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 40‘ – ПСЖ повторно преку контра-напад го тресе голот на Ѕвезда, Нејмар се прошета во шестнаесетникот на „црвено-белите“, 0-2

 

*ГООООООООООООООООООЛЛЛЛЛ 34‘ – Конечно, Ливерпул остварува предност од 1-0 против Наполи, а стрелец на голот е кој друг, ако не Мохамед Салах

https://www.dailymotion.com/video/x6yskdd

 

*ГОООООООООООООООЛЛЛЛЛ 15‘ – Дортмунд води со 1-0 против Монако, Гереиро прецизен

https://www.dailymotion.com/video/x6ysjog

 

*ГОООООООООООООООЛЛЛЛЛ 13‘ – ПСВ поведува против Интер на „Џузепе Меаца“ со 0-1, Лозано стрелец

 

*ГООООООООООООООООЛЛЛЛЛ 10‘ – Контра-напад на ПСЖ, Кавани го отвора резултатот на „Рајко Митиќ“ против Ѕвезда, 0-1

https://www.dailymotion.com/video/x6ysjfj

 

*ГООООООООООООООООЛЛЛЛ 7‘ – Барселона поведува против Тотенхем со 1-0, Дембеле носи радост за „каталонците“

https://www.dailymotion.com/video/x6ysj8h

 

*Крај на натпреварите: Галатасарај – Порто 2-3; Шалке 04 – Локомотив Москва 1-0

*ГОООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 90+1‘ – Шалке пред финишот на средбата поведува со 1-0 против Локомотив Москва, Шоф е стрелец на голот

 

*67‘ – Каква драма на „Турк телеком“ арена. Галатасарај доби втор пенал на средбата, Фегули имаше огромна шанса да го изедначи резултатот, но ја погоди пречката, резултатот останува 3-2 за Порто

*ГОООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 65‘ – Галатасарај се враќа во игра, Дердијок го намали водството на гостите на 3-2

https://www.dailymotion.com/video/x6yshhs

 

*ГООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 57‘ – Порто има веќе убедливи 3-1 против Галатасарај, Оливеира имаше лесна задача да ја затресе мрежата

https://www.dailymotion.com/video/x6ysh6p

 

*Официјални состави:

Ливерпул – Наполи

Ливерпул: Алисон, Александер – Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Милнер, Вајналдум, Мане, Салах, Фирмино.

Наполи: Оспина, Максимовиќ, Албиол, Кулибали, Руи, Руиз, Хамшик, Алан, Калјехон, Инсиње, Мертенс.

 

Црвена ѕвезда – Пари Сен Жермен

Ѕвезда: Борјан, Стојковиќ, Дегенек, Гобелјиќ, Родиќ, Чаушиќ, Јованчиќ, Марин, Бен, Симиќ, Павков.

ПСЖ: Буфон, Керер, Кимпембе, Тијаго Силва, Бернат, Маркињос, Верати, Ди Марија, Мбапе, Нејмар, Кавани.

 

Барселона – Тотенхем

Барселона: Силесен, Семедо, Ленгле, Вермален, Миранда, Алења, Артур, Ракитиќ, Кутињо, Дембеле, Мунир.

Тотенхем: Љорис, Вокер – Питерс, Алдервирелд, Вертонген, Роус, Винкс, Сисоко, Али, Ериксен, Сон, Кејн.

 

Интер – ПСВ Ајндховен

Интер: Хандановиќ, Д‘амброзио, Де Врај, Шкриниар, Асамоа, Валеро, Брозовиќ, Перишиќ, Кандрева, Политано, Икарди.

ПСВ: Цоет, Вергевер, Ангелино, Хендрикс, Де Јонг, Лозано, Бергвијн, Росарио, Сејнсбури, Дамбрис, Гутиерес.

 

Монако – Борусија Дортмунд

Монако: Бенаљо, Бјанконе, Глик, Раџ, Бадијашиле, Тилеманс, Бенасер, Хенрих, Масенго, Диоп, Фалкао.

Дортмунд: Хиц, Хакими, Дијало, Топрак, Шмелцер, Дахуд, Вајгл, Гереиро, Геце, Пулишиќ, Филип.

 

Клуб Бриж – Атлетико Мадрид

Бриж: Хорват, Пулин, Мекеле, Денсвил, Нгонге, Вормер, Накамба, Амрабат, Ванакен, Опенда, Весли.

Атлетико: Облак, Аријас, Годин, Монтеро, Саул, Томас, Родри, Коке, Лемар, Мартинс, Гриезман.

*ГООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛ 45+1‘ – Судијата повторно досуди пенал во Истанбул, овојпат во корист на домаќинот Галатасарај. Фегули прецизен од белата точка за 2-1

https://www.dailymotion.com/video/x6ysfvg

 

*ГООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛ 42‘ – Марега стигна до петтиот погодок на пет настапи во ЛШ сезонава, Порто води и со 2-0 против Галатасарај, со гол од белата точка

https://www.dailymotion.com/video/x6ysfnv

 

*ГОООООООООООООООЛЛЛЛЛЛ 17‘ – Порто поведува со 1-0 на гостувањето во Истанбул против Галатасарај. Дефанзивецот Фелипе е стрелец на погодокот

https://www.dailymotion.com/video/x6ysein

 

*Официјални состави:

Галатасарај – Порто

Галатасарај: Муслера, Маријано, Мајкон, Кабак, Нагатомо, Донк, Фернандо, Ндиаје, Фегули, Родригес, Дердијок.

Порто: Касилјас, Переира, Фелипе, Леите, Телес, Данило, Ерера, Оливеира, Ернани, Лопес, Марега.

Шалке 04 – Локомотив Москва

Шалке: Фарман, Мендил, Настасиќ, Налдо, Голер, Стамбули, Сердар, Шоф, Маркасел, Коноплјанка, Тешер.

Локомотив: Гиљерме, Игнатиев, Квервелија, Хеведес, Рибус, Криховјак, Денисов, Алексеј Миранчук, Баринов, Фарфан, Едер.

Последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите ќе ги донесе последните европски возбудувања за оваа година. Денес и утре ќе се дознаат сите осминафиналисти, неколку се веќе познати, но празни места останаа за пополнување.

Во терминот од 18:55 часот започнуваат дуелите од групата Д. Галатасарај го пречекува лидерот од оваа група и веќе пласираниот Порто, додека Шалке на свое тло ќе го вгости актуелниот руски првак, Локомотив Москва. Галата и Локомотив се екипите кои ќе се борат за третото место од групата кое води во нокаут фазата од Лигата на Европа, турскиот гигант има четири бода, тимот од Москва еден помалку.

 

Кинеската лига е попрималива од Евролигата за тие со амбиција за НБА

Поранешниот кошаркар на НБА, Џимер Фредет, кој беше десетти пик на драфтот во 2011 година, од 2016 е член на Шангај шаркс и вели дека негови колеги постојано му се јавуваат и го прашуваат како е во кинеската лига.

„Постојано ми пишуваат пораки на телефон и по социјалните мрежи. Многу момци сакаат да знаат како може да заиграат во Кина и јас им помагам да си најдат кинески агент, бидејќи ако немате менаџер од тука, ниеден клуб нема да разовара со вас. Кина е прекрасна земја, најдобро нешто што ми се случило“, вели некогашната НЦАА-ѕвезда.

Во ЦБА-лигата во Кина има 20 тима и секој клуб може да има двајца странци (само еден клуб нема странци), а во последната четвртина смее да игра само еден. Сезонава во Кина играат ексиграчи на НБА, како: Фредет, Донатас Мотиејунас, Брендон Бас, Марис Спејтс, Џејсон Томпсон, Пјер Џексон и Ендрју Николсон.

Кинеските тимови плаќаат подобро од тие во Евролигата, затоа низ кинеските клубови минаа НБА-ѕвезди, како: Марбери, Мекгрејди, Аринас, Френсис, Ворлд Пис, итн. Им плаќаат авионски билети до САД, им даваат по 1.500 долари месечно за исхрана по ресторани, спијат во хотели со пет ѕвездички.

„Речиси за сите играчи кои не се во НБА, прв избор е Кина. Во Кина нема многу странци кои се без искуство во НБА. Мислат дека само ако некој играл во НБА, е добар кошаркар. Многумина имаат милионски договори, дури и пониските плати се солидни. Покрај тоа, сезоната е релативно пократка,и трае шест до седум месеци, па по нејзиното завршување, играчот може да замине во НБА до крајот на сезоната. Во Евролигата се игра 9-10 месеци“, вели еден менаџер кој сакаше да остане анонимен.

Како најнегативна работа е тоа што многу често ги менуваат странците и ретко кој останал долго време таму. Оваа сезона избркан беше докажаниот во НБА, Ал Џеферсон. Ако не играш „ѕверски“, брзо добиваш отказ и затоа некои лигата ја нарекуваат кошаркарски „Див Запад“.

 

Малолетен Кореец може за дебитира во ЛШ

Седумнаесетгодишниот Ли Канг-ин од Кореја е ставен на листата фудбалери на Валенсија кои се во комбинација за утрешниот натпревар со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите. Ли досега нема настап во шпанската лига, а играше на два меча во Кралскиот куп, па затоа може да има директен скок од Купот во ЛШ, прескокнувајќи го првенството.

Ли е една од надежите на школата на Валенсија, полека го уфрлаат во првиот тим, но доколку дебитира во елитното европско натпреварување, тоа би било голем чекор за него, со оглед на тоа дека нема играно официјален меч против тим кој не е нисколигаш.

Тренерот Марселино се реши на ваков чекор откако не можеше да смета на суспендираниот Гаја и четворица повредени, а тоа се Гедеш, Гамеиро, Паулиста и Муриљо.