Мадрид заработи 42 милиони евра од „Суперкласико“

Ривер плејт го освои Либертадорес купот по победата над Бока јуниорс (3-1) во реванш-дуелот кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“, но најголем победник од овој спектакл беше престолнината на Шпанија, Мадрид. Пресметките по големото финале стигнаа, а преттставникот на градските власти на Мадрид, Родригес Урибес, потврди дека градот заработи 42 милиони евра од директни приходи.

„Уште 50 милиони евра ќе пристигнат како ефект на шпанскиот бренд и брендот Мадрид“, додаде Урибес.

За рекордно време, целопукната оргнизација се одработи на перфектен начин. Вкупниот приход ја надминува заработката на Лисабон и Милано (55 милиони евра), градовите каде што се одиграа последните две финалиња во Лигата на шампионите.

Дури и Реал Мадрид си зеде „парче од големиот колач“. На нивна сметка ќе „легнат“ 2,5 милиони евра за домаќинство, како и за продажба на 13.000 билети, додека четири милиони евра ќе бидат издвоени за данок на Шпанија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести