24.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025
Дома Blog Страница 9505

Надал тренира по операцијата на глуждот (фото)

Вториот светски рекет, Рафаел Надал, им се врати на тренинзите откако целосно закрепна по операцијата на глуждот. Шпанецот ги почести своите фанови со фотографија на „Твитер“ како тренира, што значи дека ќе биде подготвен за првиот Гренд слем во 2019 година, поточно за Отвореното првенство на Австралија.

Седумнаесеткратниот освојувач на Гренд слем титули последен пат играше во септември, кога во полуфиналето на Отвореното првенство на САД се откажа во дуелот со Хуан Мартин дел Потро поради повреда на коленото. Повредата на стомачните мускули го оневозможи да ја заврши сезоната, а слободното време го искористи да ги санира проблемите со зглобот.

Се очекува Надал да се појави на егзибицискиот турнир во Мубадала, Абу Даби, турнир кој ќе се игра од 27-ми до 29-ти декември, каде што ќе настапи и бранителот на трофејот, Кевин Андерсон, како и рекетот број 1 во светот, Новак Ѓоковиќ.

https://twitter.com/RafaelNadal/status/1072096617178783745

Кога Бејл дава гол, Реал победува

Герет Бејл цели 100 дена немаше постигнато гол во шпанската лига, но кога ја затресе мрежата на Уеска за минимална победа од 1-0, а неколку пред тоа и на „Олимпико“ против Рома, го потврди својот статус на „среќно момче“ за Реал Мадрид.

Кога талисманот Бејл давал гол или голови во дресот на европскиот првак, Реал има фасцинантен биланс од 65 победи, 8 нерешени и само еден пораз. Единствениот пораз на Реал кога Бејл постигнал гол беше во сезоната 2014/15, на гостувањето кај Реал Сосиедад (4-2 за тимот од Сан Себастијан).

Вкупниот биланс на Бејл како играч на Реал е 141 победа, 35 нерешени и 32 порази, но кога тој дава гол, тимот победува во огромен дел од случаите. Бејл вечерва против ЦСКА Москва можеби нема да игра, но ако игра и даде гол, тогаш според оваа традиција, „единицата“ е речиси сигурна.

Дека Бејл е човек за важни голови, потврдува и податокот дека тој погодуваше во три од четирите финалиња во ЛШ, даде легендарен гол за победа против Барселона и во своето единствено финале во шпанскиот куп, како и во финалето на Светското клупско првенство во 2014.

Казната за доцнењето на тренинг ќе го чини Дембеле еднонеделна плата

Стигна казната за Усман Дембеле по неговото второ задоцнување на тренинг во период од триесетина дена. Управата го казни со 200.000 евра, речиси цела еднонеделна плата на Французинот (Барса го плаќа 240.000 евра седмично).

На овој начин од клубот сакаат да испратат порака, обврските мора да се почитуваат, правилата се исти за сите ѕвезди, па дури и за Меси. Строгата казна е напомена дека нема да го толерираат непрофесионалното однесување на Дембеле, па се надеваат дека со астрономската сума ќе се вразуми.

Младиот офанзивец и пред еден месец не се појави навреме на тимскиот тренинг, а во неделата задоцни цели два часа, па мораше да тренира сам.

Дембеле вчера ги замолкна критичарите со неговиот маестрален соло продор и погодок против Тотенхем, во мечот кој заврши без победник (1-1).

https://www.dailymotion.com/video/x6ysjo4

Се бараат уште три полуфиналисти на женското ЕП

Европското првенство во ракомет за жени влегува во фаза кога репрезентациите немаат право на грешка. Денешното последно коло од фазата по групи треба да одреди кои четири селекции ќе се најдат во полуфиналето.

Во групата 2, дури пет тима имаат шанса да влезат во полуфиналето, само Шпанија е сигурно во аут. Романија оди во полуфинале ако не загуби од Унгарија, но може да оди и со пораз доколку ѝ одат во прилог резултатите од другите два меча. Холандија ќе биде полуфиналист со победа или реми против Германија, а ако загуби, ќе се надева на победи на Унгарија и Шпанија.

Норвежанките можеби ќе го фатат последниот воз, но не зависи сè од нив. Мора да ја победат Шпанија и плус уште двата резултати од групата да им бидат по ќеиф. Германија оди понатаму ако ја совлада Холандија и Романија не загуби од Унгарија, но има и уште една комбинација која ѝ одговара. И Унгарките имаат шанса, но мора да ја победат Романија во комбинација со успеси на Шпанија и Холандија.

Во групата 1, Русија е сигурно прва, а Франција, Црна Гора и Шведска се надеваат дека ќе бидат втори. Французинките не смеат да загубат од Србија, а ако загубат, ќе им треба помош од Данска и Русија. Математиката на Црна Гора е победа над Данска и пораз на Франција од Србија. Шведска мора да слави над Русија и да чека порази на Франција и Црна Гора.

Реал и Сити ќе дадат барем по три гола, Шахтар на сè или ништо

Иако имаат обезбедено прво место во своите групи, Реал Мадрид и Манчестер сити  пред своите навивачи ќе сакаат да се покажат во добро светло, а особено мотив ќе има актуелниот европски првак кој загуби во Москва, па сега ќе се обиде да се реваншира.

Понудата од денешните мечеви од ЛШ е идеална прилика за посета на уплатните места на SPORT LIFE, а ние Ви даваме пет предлози што да играте за денеска, со квотите на денот и мини-анализи на пет фудбалски меча кои предизвикуваат најголемо внимание.

 

Реал Мадрид – ЦСКА Москва (18.55 часот)

Средбата нема резултатско значење за Реал, но домашните сакаат да ѝ се реваншираат на ЦСКА за поразот во Москва. Можеби Реал ќе истрча со подмладен состав (Рамос е суспендиран), но резервите сакаат да се докажуваат и на ЦСКА нема да ѝ биде лесно. ЦСКА ако остане непоразена, може да оди во Лигата на Европа, а ќе мора да игра без повредениот Џагоев.

Предлог тип: 1 & 3-5 (2.10)

 

Манчестер сити – Хофенхајм (21.00 часот)

Германскиот тим мора да брка победа ако сака да биде трети и да продолжи во Лигата на Европа, но мора да чека и пораз на Шахтар. Сити на последните четири меча во ЛШ секогаш дава барем два гола, па на Хофенхајм не му се пишува добро. Двата тима имаат голем број повредени играчи, но англискиот првак има многу поквалитетен играчки кадар, иако има само 15 здрави играчи. Откако Гвардиола седна на клупата на Сити, тимот нема пораз против германски екипи.

Предлог тип: Т1 1+ I & T1 3+ (1.95)

 

Валенсија – Манчестер јунајтед (21.00 часот)

На Валенсија овој меч ништо не ѝ значи, но на Јунајтед да. Ако тимот на тренерот Мурињо победи, ќе чека кикс на Јуве за освојување на првото место и полесна ждрепка за осминафиналето. Манчестер нема примено гол на последните три гостувања на „Месталја“ и секогаш тоа беа тврди мечеви со не повеќе од еден гол.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.10)

 

Шахтар – Лион (21.00 часот)

Ова е директен меч за пласман меѓу 16-те најдобри во Европа. На Украинците им одговара само победа, а на Лион доволно му е и нерешено за да биде осминафиналист. Средбата се игра во Киев и можеби поларните временски услови ќе бидат проблем за францускиот тим. Овие тимови играле трипати меѓусебе и секогаш било „гол-гол“.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

Ајакс – Баерн Минхен (21.00 часот)

Амстердамскиот тим е во страшна серија од 13 победи и две нерешени на последните 15 меча во сите натпреварувања. Проблем за Ајакс се повредите на Фелтман, Долберг и Ван де Бек. И Баерн е некомплетен (Робен, Родригес и Толисо), но излегува од кризата, почна да победува и тешко дека ќе си дозволи пораз и пад на второто место.

Предлог тип: 2 (2.05)

Блокотехна ќе се освежува, по Нова година тимот ќе биде посилен

Тренерот на Блокотехна, Марјан Илиевски, по триумфот на неговиот тим против албанска Теута во Балканската лига, најави дека во наредниот период гевгелискиот клуб ќе донесе уште засилувања во својот тим.

Блокотехна има големи амбиции и во домашното првенство и во Купот, но и во БИБЛ, а за да биде успешна на два фронта истовремено, ќе треба поголема ротација. Засега на тимот добро му оди, во првата лига има само еден пораз, во БИБЛ се приклучи подоцна и има 2-0.

„Задоволен сум како одигравме во одбраната во текот на целиот меч со Теута, но имавме проблеми во нападот. Во првото полувреме постигнавме само 28 поени. Увидов дека проблемот е во начинот на изработката на акциите. На почетокот на второто полувреме заигравме многу подобро во нападот, но Теута се врати и постојано беше блиску“, рече Илиевски.

Потоа тренерот се осврни и на наредниот период.

„Пред почетокот на сезоната имавме состав доволен само за настап во едно натпреварување. Сега треба да бидеме подготвени за два фронта. Наскоро ќе земеме нови играчи и ќе бидеме поконкурентни во две натпреварувања истовремено. Мислам дека по Нова година ќе имаме поразличен состав од овој сега“, најавува Илиевски.

Спортска прогноза: Деветтото мени нуди и хрватско мегадерби

Дуелот помеѓу најтрофејните и најпопуларни хрватски клубови Динамо Загреб и сплитски Хајдук не можеше да не се најде во паровите кои ќе треба да ги погодувате претстојниот викенд, во деветтото коло на Спортската прогноза.

Телефонот „самсунг галакси А6“ уште го чека својот прв добитник, а по неуспешното осмо коло, во кое немаше ниту девет погодоци од предложените 12 меча, овојпат би требало да биде многу подобро.

Динамо и Хајдук на „Максимир“ играат во недела, од 15 часот. „Модрите“се лидери на табелата, со девет бода предност пред второпласираната Риека, па ова им е прилика уште повеќе да се зацврстат на врвот, а Хајдук да го стават во уште понепријатна позиција.

„Билите“ се само шести, со 19 бода помалку од Динамо, а седум бода зад местата кои водат во Европа (квалификации за Лига на Европа).

Аријан Адеми и другарите се големи фаворити според сите параметри, но ова е дерби и мотивите може да бидат многу важни. Не треба да се заборави дека Динамо утре треба да игра со Андерлехт во Лигата на Европа.

И меѓусебните дуели на овие два тима најавуваат голема борба. Во минатата сезона Хајдук изненади во Загреб со 1-0, пред тоа беше 3-1 за Динамо, пред две години беше и нерешено. Сплиќани добија 1.000 билети за овој меч, па гостите ќе имаат мотив плус да не ја разочараат својата „Торцида“, но и бод би бил голем за Хајдук на ова тешко гостување.

Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

Тотенхем прекина 12-годишна доминација на Барселона

Барселона против Тотенхем играше без поголем притисок, нивното учество во нокаут-фазата го обезбедија по четири средби. Освојувањето на првото место во групата Б му дозволи на Ернесто Валверде да одмори неколку клучни играчи, а со комбиниран и подмладен состав да настапи против „петлите“.

На Тотенхем му беше потребен бод за да обезбеди пласман во осминафиналето, па притисокот за израмнувачки гол пристигна во 85-тата минута, а со тоа избраниците на Маурисио Покетино прекинаа една доминација на Каталонците која до вчера траеше 12 години.

Имено, Барселона за првпат по 2006 година имаше помал посед на топката на еден меч од европски рамки. Домаќините завршија со 48,8 отсто посед, додека Тотенхем имаше 51,2. Вердер Бремен е последниот тим кому му успеа да забележи ваков учинок против шпанскиот првак.

Се играше последниот меч од групната фаза во сезоната 2006/07 (петти декември), Барса го совлада Вердер со 2-0 на „Камп ноу“, но германскиот состав оствари 57,1 отсто посед на топката, додека Каталонците имаа 42,9.

 

Попович го надмина легендарниот Рајли на вечната листа

Вчерашната победа на Сан Антонио против Феникс санс (111:86) е вкупно 1.211-та победа во кариерата на Грег Попович. Предвоникот на Спарси го надмина легендарниот тренер Пет Рајли на вечната листа во оваа конкуренција, сега е четврти.

Пред помалку од два месеци, Попович влезе во специјалниот клуб „1.200“,  а ноќеска направи нов подвиг. Сега пред него се само Џери Слоун (1.221), Лени Вилкенс (1.332) и Дон Нелсон со 1.335 победи.

Во текот на оваа сезона, тренерот со српско потекло може да застане и на третата позиција на оваа листа, бидејќи Слоун од него има само 10 победи повеќе, а со оглед дека се играат 82 натпревари само во регуларниот дел од сезоната, Сан Антонио би требало да оствари 10 или повеќе победи.

Клоп го велича Алисон: Да знаев дека е олку добар…

Голот на Салах му ја донесе потребната победа на Ливерпул против Наполи за пласман во нокаут-фазата. Но, „црвените“ имаат друг херој кој вчера ги одржа во живот во последните моменти од средбата на „Енфилд“.

Наполи можеше многу лесно да израмни во втората минута од судиското надополнување, откако Милик се најде сам пред голот на Алисон, а бразилскиот голман со маестрална интервенција не дозволи неговата мрежа да се затресе.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имаше само пофални зборови за неговата одбрана.

„Да знаев дека е олку добар, ќе понудев двојно повеќе од сумата за која дојде тука. Едноставно, останав без зборови по таа одбрана. Никогаш претходно не сум видел таква интервенција, ни го спаси животот“, истакна Клоп по триумфот над Наполи.

Алисон во текот на летото стана вториот најскапо платен голман на сите времина, откако Ливерпул за неговите услуги исплати 70 милиони евра на Рома. Оваа одбрана ги оправда сите средства потрошени за него.