20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025
Дома Blog Страница 9510

Историска ноќ и за Рони О’Саливен

Покрај победата на Ривер плате во финалето на Купот Либертадорес против Бока јуниорс, вечерва беше испишана и историја во снукерот. Легендарниот Рони О’Саливен стигна до седмата титула на шампионатот на Велика Британија и вкупно 19 Гренд слем. Такво постигнување нема ниту еден друг играч.

Во финалето на шампионатот на Велика Британија, О’Саливен со 10:6 го победи Марк Ален. Интересно е тоа што Ален добро го отвори мечот и поведе со 1:0, а потоа и со 2:1 во фремови. Сепак, потоа следи серија од 5:0 на Рони и фаворитот на пауза замина со предност од 6:2.

Потоа двајцата играчи освоија по два фрејма, за 8:4 на втората пауза, а потоа Ракетата стигна и до 9:4, па пред себе имаше шест меч-топки. О’Саливен ги загуби следните два фрејма, но ја искористи третата „меч-топка“ и стигна до нова титула.

„Бомба“ на Кинтеро – Ривер по четврти пат е шампион на Јужна Америка (видео)

Ривер плејт го освои Либертадорес купот совладувајќи го големиот градски ривал Бока јуниорс со 3-1 (вкупно 5-2) во реванш-средбата која се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. За пр пат во историјата, одлучувачкиот меч се играше надвор од Јужна Америка, а Ривер по продолженија успеа да ја освои четвртата континентална титула во својата историја.

Бенедето пред финишот на првото полувреме донесе предност за Бока, а Ривер возврати преку Прато во 68-мата минута. Регуларните 90 минути не донесоа победник, па се одлучуваше во дополнителните 30, во кои Ривер доминираше.

Голема работа за нив заврши и црвениот картон на Бариос, па Бока се обидуваше да изнуди пенал-рулет, додека фудбалерите на Ривер притискаа за одлучувачки гол. До посакуваната цел стигнаа во 109-тата минута, Кинтеро беше човекот кој со фантастичен удар надвор од шестнаесетникот го матираше противничкиот голман.

Бока во финишот можеше и со два играчи помалку да стигне до израмнување, меѓутоа нивната закана заврши во дирекот, па веќе во следниот напад Мартинез го казни притисокот на Бока и погоди празна мрежа во последната минута од дополнителните 30.

https://youtu.be/7Pfy-fvks5c

Два гола зад грбот на Димитриевски во поразот од Бетис

Столе Димитриевски не успеа да нареди два меча во Ла Лига на кои успеал да ја сочува мрежата. Неговиот Рајо Валјекано претрпе пораз на гоствањето кај Реал Бетис со 2-0.

Македонскиот репрезентативец по првите 45 минути беше стабилен на голот, но во вториот дел издржа само петнаесетина минути. Ло Селсо го постигна водечкиот гол за домаќините во 59-тата минута, а Сидни ја осигури победата на Бетис во 76-тата минута од средбата.

Деветтиот пораз за Рајо го остави на претпоследната позиција на табелата во шпанскиот шампионат со 10 бода, додека Бетис сега е на седмото место со 22 бода.

Мируваа мрежите на „Сан Сиро“ – Милан и Торино си поделија по еден бод

Милан и Торино ги поделија бодовите во последната средба од 15-тото коло во Серија А. Мрежите мируваа, а фудбалерите и на двете екипи не пронајдоа начин како да се изборат за позитивен исход.

Моментот на средбата припадна на голманот на Милан, Џиџи Донарума, кој во петтата минута спречи одличен удар на Јаго Фалке. Офанзивецот на „биковите“ се најде во непосредна близина пред голот на домаќините, но италијанскиот чувар на мрежата со брилијантна интервенција ја сочува својата мрежа.

Милан се задржа на четвртата позиција со 26 бода, Торино е шести со четири бода помалку.

https://twitter.com/WorldACMilan/status/1071856609545084928?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1071856609545084928&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fdonaruma-potseti-zoshto-e-naslednik-na-bufon-video%2F

Ништо не е готово – Ривер и Бока ќе се „тепаат“ уште 30 минути

Реванш-пресметката помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс не се одлучи во регуларниот дел во натпреварот кој се игра во Мадрид. Освојувачот на Либертадорес купот ќе се знае откако ќе се одиграат дополнителни 30 минути, а доколку и во тие не се одлучи победникот, ќе се изведуваат пенали.

Бока кон крајот на првиот дел стигна до водечкиот гол пред Бенедето, а во 68-мата минута Прато го врати Ривер во игра.

Овој дуел се чекаше дури 29 дена, откако немирите пред стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес во кои беа нападнати фудбалерите на Бока, ги натераа организаторите да го преместат реваншот надвор од Аргентина, но и надвор од Јужна Америка. За првпат во историја континенталниот клупски владетел се одлучува на друго место, во овој случај Мадрид, односно „Сантијаго Бербанеу“.

https://www.dailymotion.com/video/x6yo3t5

 

Прато го врати Ривер во игра, 1-1 на „Сантијаго Бернабеу“! (видео)

Лукас Прато донесе израмнување за Ривер плејт против Бока јуниорс за 1-1. Се играше 68-мата минута кога Прато го совлада противничкиот голман, па сега одново се започнува од нула.

Доколку победникот не се реши во регуларните 90 минути, продолженија или пенал-рулет ќе го донесат новиот владетел на Јужна Америка.

Донарума потсети зошто е наследник на Буфон (видео)

Милан и Торино го играат последниот дуел од рамките на 15-тото коло во Серија А. Мрежите мируваат по првиот дел, а „биковите“ можеа да поведат само по пет минути игра.

Фалке остана сам пред голот на Милан, одлично го проследи центар-шутот и со глава силно ја пренасочи топката, но Џиџи Донарума со фантастична одбрана спречи рано изненадување на „Сан Сиро“.

https://twitter.com/WorldACMilan/status/1071856609545084928

Смртоносен контра-напад за водство на Бока на полувреме (видео)

Реванш-пресметката помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс веќе е на половина пат. Бока ја делат 45 минути од седмата титула во Либертадорес купот, а Дарио Бенедето засега ја прави разликата на „Сантијаго Бернабеу“.

Фудбалерите на Ривер пропуштија одлична шанса да ја затресат мрежата на противникот, а од тој момент Бока создаде контра-напад само во два потега.

Бенедето го стигна долгото додавање од својот соиграч и се најде сам пред голот на Армани, па без тешкотии ја смести топката зад неговиот грб.

По првиот меч резултатот е 2-2, а со погодокот на Бенедето, Бока јуниорс е на чекор од седмата титула во својата историја во континенталното натпреварување на Јужна Америка.

https://www.dailymotion.com/video/x6yo3t5

Лионел Меси никогаш немал ваков пречек на „Сантијаго Бернабеу“ (Видео)

Најголемото аргентинско дерби во Шпанија не може да помине, а на трибините да не биде најдобриот играч на „гаучосите“, Лионел Меси. Како што најави, Меси се појави на „Сантијаго Бернабеу“, а веднаш штом навивачите го здогледаа, завладеа лудило.

Меси е капитен на Барселона и никогаш досега немал ваков пречек на стадионот на најголемиот ривал Реал Мадрид.

https://twitter.com/UT170204/status/1071852187641413632

 

Суботиќ вон животна опасност, брзо ќе се врати на терените

Дефанзивецот на Сент Етјен, Невен Суботиќ, брзо ќе закрепне од страшната повреда која ја претрпе во дуелот против Бордо. Исеченицата на главата не создаде дополнителни проблеми, па се очекува да се врати на терените за десетина дена, а дотогаш ќе мора да одмара по совет од специјалисти.

Српскиот стопер во текот на првиот дел од средбата доби нокаут со колено во главата, и тоа од својот клупски колега, голманот Стефан Руфие, по што Суботиќ остана да лежи на тревата. Лекарскиот тим брзо интервенираше, а набрзо потоа дефанзивецот беше одведен во болница.

Од клубот очекуваат да биде подготвен пред почетокот на зимската пауза, односно за дуелот против Дижон, кој е закажан за 22-ри декември, додека ќе ја пропушти средбата против Ница една седмица порано.