20.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025
Дома Blog Страница 9509

ВКЛУЧЕТЕ СЕ: Се разгорува трката за „Патување на СП во Германија со Sport Life“

Во првите неколку дена од стартот на трката за патување на Светското ракометно првенство во Германија и бодрење на македонската репрезентација беа уплатени неколку одлични ливчиња. Обложувалниците на Sport Life нудат една и единствена можност да се изборите во живо да бидат дел од Мунндијалот и да ја бодрите Македонија на сите шест меча од групната фаза во Минхен.

Во изминативе неколку дена беа направени два одлични тикети кои се најдоа на првото и третото место во играта „Навиваме заедно со Sport Life во Германија“.

Ливчето кое беше уплатено во Новоселски пат (Даме Груев) е на лидерската позиција. Богољуб е стручњакот кој успеа да погоди коефициент 2.091,06, што го однесе на чело од колоната. Тој погоди само пет меча, но сo одличен коефициент. Тој за малку успеа да го надмине Стефан од Куманово, кој има погодено коефициент од 2.069, 65.

На третото место се најде тикетот уплатен во Неготино на Sport Life картичката на Ленче. Таа има погодено коефициент од 1.051,38, доволно за третото место. Добитниот тикет на Ленче ѝ донесе дури 441.581 денари, а сега има можност и за дополнителна награда.

Ливчињата кои носат одлични добивки, но и можност за учество во играта „Навиваме заедно со Sport Life во Германија“, може да ги погледнете ТУКА.

Побрзајте и вие да бидете дел во оваа одлична можност која ја нудат обложувалниците на Sport Life. За сите детали околу тоа како може да бидете токму тој кој може да патува во Германија и да ја бодри македонската ракометна репрезентација, ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА. 

Најдобриот млад играч на Палермо си има идол: Ги „крадам“ потезите на Несторовски

Кевин Канаво е најдобриот млад играч и стрелец на Палермо, има 18 години и си има идол во сениорскиот состав. Играта на капитенот Илија Несторовски не го остава рамнодушен топчијата од младинскиот тим на „розевите“ од Сицилија.

„Со Антонио Ла Гумина игравме заедно и многу го ценам, но за мене се знае кој е играчот број 1 во сениорскиот состав. Се обидувам да ги украдам потезите на Илија Несторовски. Неговото движење во шеснаесетникот и инстинктот за гол се неверојатни. Имам од кого да учам и се радувам на секој меч на Палермо кога игра капитенот“, вели Канаво.

Со 13 голови на 23 меча лани, Кевин беше најзаслужен за промоцијата на јуниорскиот состав на Палермо во Примавера 1, која е најсилна лига во Италија за играчи до 19 години.

Дини му се закани на Ришарлисон: Вечер нема да му дозволам да се види на теренот

Трој Дини и бразилскиот ас Ришарлисон вечерва од 21 часот на „Гудисон парк“ ќе играат еден против друг и двајцата како главни ѕвезди во двата табори, Евертон и Ватфорд, откако лани беа соиграчи.

Ришарлисон си замина од Ватфорд и беше главното засилување за Евертон, а Дини остана, иако имаше понуди да ја смени средината.

„Вечерва ќе бидеме главни непријатели на терен. Ќе сторам сè за да не се види на теренот“, изјави Дини. Тој е голем адут на Ватфорд, за овој тим игра константно добро неколку сезони и е меѓу најдобрите стрелци.

Ришарлисон со 7 голови е најдобриот голгетер на Евертон во новата сезона и ќе биде главна закана за голот на својот поранешен тим Ватфорд од 21 часот на „Гудисон парк“.

 

Роналдо со порака до Меси: Доста седиш во Барселона, прифати предизвик и дојди во Италија

Кристијано Роналдо сезонава за првпат заигра во Серија А, но покажува дека за него тоа не е проблем и повторно блеска. Португалската ѕвезда досега даде 10 погодоци во дресот на Јувентус, а „старата дама“ го има најдобриот старт во историјата на Серија А. Од 15 одиграни дуели, гигантот од Торино има 14 победи и едно реми, па на табелата е со осум бода пред второпласираниот Наполи.

Во интервју за „Газета дело спорт“, Роналдо не пропушти шанса да му испрати порака на Лионел Меси од Барселона, со кој девет сезони беа големи ривали во шпанското првенство, додека Португалецот играше за Реал Мадрид. Запрашан дали му недостасува ривалството со Меси, Роналдо имаше подготвено одговор.

„Не. Јас сум играл во Англија, Шпанија, Италија и Португалија. Имам европска титула со репрезентацијата. Меси целата кариера не се помрдна од Барселона и Шпанија. Така што веројатно повеќе јас нему сум му потребен, отколку тој мене. Животот е предизвик, а јас сакам предизвици. Би сакал и Меси да го направи тоа што го направив јас, да го прифати предизвикот. Го канам да дојде во Италија да игра, но ако тој е среќен таму каде што е цел живот, тогаш јас го почитувам тоа. Меси е фантастичен играч и добро момче. Јас сум среќен со одлуките кои ги направив во мојот живот“, рече Роналдо, кој сега има цел да освои што е можно повеќе трофеи со Јувентус.

 

 

Кога среќата ќе посака: Нареди 16 меча и доби 7.000 евра

Одлично чувство за тоа кои 16 меча треба да ги одигра и на уплата од 300 денари да добие 441.581 денари имал играч во обложувалниците на Sport Life во Неготино. На добитното ливче нема коефициент кој е поголем од 1.95, но тактиката да игра на сигурни типови му донесе радост на стручњакот, кој искомбинирал неколку игри на мечеви од повеќе од 10 различни првенства во Европа.

Поголем дел од погодените парови се на двојни шанси во комбинација со број на голови, но има и мечеви од играта полувреме-крај. Интересно е што дури 14 одиграни игри се со коефициенти помеѓу 1.30 и 1.75, што значи дека фокусот е ставен на пореални варијанти, па уплата од пет евра донесе преку 7.000 евра добивка.

Дека и со многу ситни пари, односно со 20 и 30 денари може да се има одлична добивка во обложувалниците на Sport Life,  покажаа двајца играчи од Струмица и Новосоелски пат. На струмичкото ливче одиграни се дури 12 натпревари за кои прогнозата е дека двата тима ќе дадат барем по еден гол. На таква игра, со 30 вложени денари, добивката е 75.646 денари.

Само пет погодени мечеви му биле доволни на играч од Новоселски пат да добие 41.821 денари со вложени само 20 денари. Играта на сите пет средби е иста и е добитна. На полувремето од мечот требало да биде нерешено, а на крајот домаќините да победат. На една таква игра погодени се победите на Јувентус, Порто, Пескара, Лех и Вердер.

„Црвен аларм“ се вклучи за Атлетик, потребна е победа

Атлетик Билбао – Жирона (21 ч.)

Ситуацијата за Атлетик Билбао е алармантна. Клубот кој може да се пофали дека е единствен во друштво на Барселона и Реал Мадрид што никогаш не испаднале од Примера дивисион, сега е во опасната зона. Баскијците секогаш знаеле кога е најтешко, на свој терен да направат атмосфера на која ќе потклекне ривалот.

Жирона не е противник од кого Атлетик не треба да се плаши, но факт е дека гостите играат одлично и веќе осум меча се без пораз. За Атлетик сезонава како да е баук да се стигне до победата, па во 14 средби имаат само една радост.

Домаќините имаат проблеми со составот, па вечерва ќе бидат без суспендираните Јури Берчиче, Иниго Мартинес, Перу Ноласкоаин, а ќе недостасува и повредениот Микел Рико. И гостите имаат прблеми со повредени играчи. Фактот дека Атлетик ќе ги брка трите бода, ќе даде простор за игра и на противникот, па се очекува да има и погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.10)

 

Евертон – Ватфорд (21 ч.)

На четири од последните пет меѓусебни дуели одиграни на „Гудисон парк“, домаќините се радувале на триумф. Евертон се обидува да држи чекор со горниот дел од табелата, а за да остане во тој ритам, потребни му се три бода од денешниот меч.

Ватфорд добро го почна првенството, но сега е во криза. На последните пет меча во шампионатот, од можни 15 поени, освои само еден, но и понатаму е сигурен на средината од табелата. Евертон дома игра сигурно и од осум средби има пет победи, две ремија и само еден пораз, но Ватфорд сигурно ќе се обиде да ги прекине лошите резултати, па ќе нападне да даде гол.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.35)

 

Нордсјиланд – Архус (19 ч.)

По 18 одигран меча во данското првенство, овие два ривали имаат освоено по 21 бод и се еден до друг на табелата. Нордсјиланд важи за тим кој игра отворено без многу калкулации, па токму затоа на последните 10 средби во првенството тие даваат, но и примаат барем по еден гол, што значи дека е ГГ (гол-гол).

Архус во октомври и ноември немаше ниту една победа, но славеше во првиот меч од декември. И гостите знаат како да дадат гол, па затоа се очекува отворен фудбал и игра која нуди погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.95)

 

Бохум – Сент Паули (20:30 ч.)

Бохум веќе и заборавил кога последен пат се радувал на меч против овој ривал. На последните девет меѓусебни средби Сент Паули има пет победи и четири нерешени. Бохум последната победа ја има во февруари 2014 година. Двете екипи се борат за место кое би донело пласман во Бундеслигата.

Сент Паули има 25 бода досега, еден повеќе од Бохум, кој веќе седум средби не знае за пораз во втората германска лига. Кога игра дома, Бохум сезонава го има вториот најдобар биланс, додека Сент Паули може да се пофали дека е одличен гостин само со два порази во осум средби. На пет од последните седум меѓусебни дуели имало меѓу два и три погодоци.

Предлог тип: 2-3 (1.95)

 

Касимпаша – Кајсериспор (18 ч.)

Екипата на Касимпаша игра историска сезона во Турција. Изминува речиси првата половина од сезоната, а Касимпаша е во борба за лидерското место. Кајсериспор е како ривал по мерка, бидејќи гостите се во криза и ги загубија последните четири средби. Токму поради тоа, Кајсериспор се најде во зоната за испаѓање, односно е на претпоследната 17-та позиција само со 12 бодови од 14 дуели.

Победата на домаќините очигледно дека не е дилема, а фактот дека Касимпаша е убедливо најефикасната екипа со 31 гол досега, овој дуел ветува погодоци.

Предлог тип:  1-1&3+ (3.20)

 

Навивачите на Интер се молат Меси да игра утре во ЛШ

Лионел Меси блесна на градското дерби против Еспањол постигнувајќи два гола од слободен удар, а имаше и една асистенција за голот на Дембеле, па Барселона лесно стигна до триумф од 4-0. Сега каталонскиот гигант се подготвува за дуелот против Тотенхем во Лигата на шампиони, каде што ќе игра без никаков притисок.

Барселона е сигурно прва во групата, но кога игра на „Камп ноу“, сигурно не сака да загуби. Тотенхем е во битка за второто место со Интер, а лондончани моментно се на посакуваната позиција. Доколку Тотенхем успее да ги освои трите бода на гостувањето на најголемиот стадион во Европа, тогаш воопшто нема да биде важно што направил Интер против ПСВ Ајндховен. „Нераѕурите“ се фаворити против холандскиот тим и се очекува победа на домаќините на „Џузепе Меаца“, но и неуспех на Тотенхем кај Барселона.

Сите навивачи на Интер повеќе се фокусирани дали Барселона ќе игра со најдобриот тим против Тотенхем или тренерот Ернесто Валверде ќе ги одмора Меси и другите ѕвезди.

„Дали Меси ќе игра против Тотенхем? Тоа ќе го знаеме во вторник. Како и да биде, на Интер му ветувам дека мојот тим ќе оди на победа, без разлика дали ќе игра Меси или нема да игра. Нашиот клуб ја почитува Лигата на шампионите и сака да победи на секој натпревар. Ние ќе играме за самите нас, а не за Интер“, рече стратегот на Барселона, Валверде.

 

На Коман му здосадија повредите: Ако има уште една операција, се простувам од фудбалот

Кингсли Коман ќе се прости од фудбалот ако е неопходно уште еднаш да оди на операција на проблематичниот глужд на ногата, иако е еден од најталентираните млади играчи во Европа.

Крилото на Баерн Минхен го пропушти Мундијалот во Русија летово и пропушти шанса да стане светски првак со Франција, а и малку игра во новата сезона за својот клуб.

„Нема шанси да одам на уште една операција. Премногу е. Ако нема друго спас, нема повеќе да играм фудбал“, изјави Кингсли.

Еден од најблескавите таленти со настапи за ПСЖ, Јувентус и Баерн до својата 19 година има големи проблеми со повредите.

Двапати имаше паузи поради проблеми со глуждот, потоа и ги истегна лигаментите на коленото, проблеми што му ја загрозуваат фудбалската кариера.

 

Бадијала талентот, Дембеле прави сериозни проблеми во Барселона

Усман Дембеле е вториот најскап играч во историјата на Барселона откако каталонскиот гигант за него плати 150 милиони евра. Дембеле со своите игри неколкупати го покажа раскошниот талент и даде погодоци кои беа вредни победа за Барселона.

Сепак, францускиот репрезентативец прави големи проблеми кога се работи за дисциплината. Дембеле често знае да не се појави на тренинг, и тоа без никаква причина. Најчесто тоа е поради неговата желба цела ноќ да игра видеоигри, па не може да се разбуди навреме за тренинг.

Иако многупати добивал опомена дека тоа не смее да го прави, Дембеле не се појави на тренингот на Барселона и по победата во градското дерби против Еспањол. На тој дуел, Французинот даде еден гол, но тоа никако не може да биде оправдување дека може да го прескокне тренингот на кој се појавија сите останати играчи на каталонскиот гигант.

Поради оваа недисциплина, многу е веројатно дека Дембеле ќе биде продаден во јануарскиот преоден рок или да ја смени навиката и да присуствува на секој нареден тренинг.

 

Двоен џек-пот за „милионерите“ – Ривер плејт ќе плати 5 милиони евра за јунакот Кинтеро

Хуан Фернандо Кинтеро постигна гол за паметење и клучен за големата победа на Ривер плејт во финалето на Копа Либертадорес, а интересно е што во аргентинскиот клуб го минува перидот на трета позајмица од клубот со којшто има договор. Тоа е португалскиот Порто, кој ги откупи комплетно правата за Кинтеро од Пескара, а потоа го позајмуваше во француски Рен, во колумбискиот Индепендиенте и сега во Ривер плејт.

Во 2013 година Порто ѝ плати на Пескара 5 милиони евра за да го добие Колумбиецот, кој тогаш имаше 20 години и беше во кругот на најталентираните млади играчи на светот.

Пескара тогаш задржа 50 отсто од правата при евентуална следна продажба на Кинтеро, но веќе следната година Порто комплетно го откупи договорот и одреди клаузула со фантастична отштета од 40 милиони евра за Хуан.

Но, на Кинтеро не му одеше најдобро во Порто, почесто ја „грееше“ клупата отколку што играше, патем и се повреди и долго пазуираше, па португалскиот клуб одлучи да му го позајми на француски Рен.

И таму сега веќе 25-годишниот играч не се снајде најдобро, па повторно замина во друг клуб како позајмен играч. Заинтересирани за него беа од Индепендиенте, па на Кинтеро добро му дојде камбекот во родниот град Меделин.

Но и таму остана краток период, малку повеќе од една година, од септември 2016 до декември следната година, и повторно како позајмен играч со договор со Порто се пресели во Ривер плејт.

Во јануари годинава аргентинскиот клуб му плати на Порто 300 илјади евра, но од Ривер беа мудри, па во договорот вклучија и клаузула дека имаат право да го откупат неговиот договор од Португалците за 5 милиони евра.

И сега најавуваат дека ќе ја активираат можноста да го откупат комплетно договорот на нивниот нов јунак и стрелец на вториот гол против Бока јуниорс во финалето на Копа Либертадорес.

Кинтеро со вистинска бомба во 109-тата минута постигна гол на „Сантијаго Бернабеау“ за предност на Ривер плејт од 2-1 против вечниот ривал Бока јуниорс, што беше и клуч на триумфот од 3-1 за пехар во јужноамериканската Лига на шампиони, или како што се нарекува Копа Либертадорес.

За Хуан е поврзан уште еден интересен детаљ – тој е првиот Колумбиец што постигнал голови на две светски првенства. На Мундијалот во Бразил во 2014 година погоди против Брегот на Слоновата Коска, а годинава во јуни беше стрелец и против Јапонија на Светското првенство во Русија.