31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025
Дома Blog Страница 9511

Унгарски нокаут за Германките, Франција и Шведска ремизираа

Ракометарките на Унгарија во фото-финиш со гол на десетина секунди до крајот ја победија Германија со 26:25 и веројатно ја исфрлија од игра за полуфинале.

Еднакво возбудливо беше и во Нант, а домаќинките не успеаја да ја победат Шведска и да си го запечатат пласманот во полуфиналето.

Мечот заврши нерешено, 21:21, а Франција остана лидер со пет бода, но од 4 меча има пет бода и настапот во полуфиналето не им е сигурен. Шведска има три бода од четири натпревари.

Леванте е „петсто-кец“ во Ла Лига

Антонио Гарсија Аранда, или попознат само како Тоњо е стрелец на петстотиот гол за Леванте во Ла Лига. Причина за прослава на голот во тој момент немаше, бидејќи Тоњо со јубилејниот погодок само намали на 3:4 против Еибар, но затоа „петстокецот“ на Борха Мајорал во последните моменти на дуелот од 12 часот денеска донесе голема радост за Барди и соиграчите.

Леванте има 11 настапи во најсилната шпанска лига, а денеска стаса до јубилејот со голот на Тоњо.

Нашиот репрезентативец Енис Барди има солидно учество со вкупно 10 голови во нецели две сезони како го носи дресот на тимот од Валенсија. Лани даде 9 гола што е супер учинок за играч од средниот ред, а во тековното првенство засега по 15 кола постигна еден погодок.

Ристовски доби слободен викенд, не игра и против Авеш

Стефан Ристовски нема да игра за Спортинг вечерва против Авеш и доби уште некој ден за комплетно да се рехабилитира по повредата на препоните.

Се очекуваше тој да биде подготвен за настап против Авеш, минатата недела се врати на тренинзите, но новиот тренер на Спортинг, Марсел Кајзер одлучи да го поштеди нашиот репрезентативец и овој викенд.

Ристовски се повреди на мечот со Арсенал во Европа Лигата на 25. октомври и оттогаш нема играно. Против Авеш ќе  му биде деветти меч како не е на терен, крај десната аут-линија во дресот на Спортинг.

Се очекува 26-годишниот дефанзивец на „лавовите“ од Лисабон да биде подготвен за настап во четврток против Ворскла во меч од Европа Лигата.

Барселона подготви 200 милиони фунти, но не за Нејмар

До почетокот на зимскиот преоден рок има уште помалку од еден месец, а веќе започнаа шпекулациите за тоа која може да биде „трансфер бомбата“ на почетокот на 2019 година. Според најавите кои доаѓаат од Англија, Барселона е подготвена да плати 200 милиони фунти за едно големо засилување.

Иако цело време се форсира најавата за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“, таблоидот „Дејли Стар“ како „ексклузивно“ ја носи веста дека Хари Кејн може да си замине од Тотенхем, за да го облече дресот на Барселона. Кејн игра одлично и е главен носител на играта на лондонскиот тим, а во Барселона би требало да го замени Луис Суарез. Уругвајскиот голгетер има 32 години и веќе се најавува негово заминување од „Камп Ноу“, за да се отвори простор за некој помлад, кој ќе може во следните години да биде и носител на играта.

Тотенхем во изминативе неколку години се научи да останува без големите ѕвезди, кои кариерата ја продолжуваат во Шпанија. Таков беше примерот со Лука Модриќ и Герет Бејл, но двајцата решија да го облечат дресот на Реал Мадрид. Останува да се види дали Тотенхем ќе остане и без Кејн, но овојпат по вина на Барселона.

Интересно е што оваа вест е пласирана непосредно пред меѓусебниот дуел на Барселона и Тотенхем на „Камп Ноу“ во меч од Лигата на шампиони.

 

Тикет според вашите мислења на Спортска прогноза

Повеќе од 500 типстери беа дел од ова коло на Спортска прогноза и дадоа свое мислење на понудените 12 мечеви. Синоќа се одиграа поголем дел од мечевите кои беа на понудата, а за денеска и утре има уште пет двојки кои треба да се одиграат, за да се комплетира колото.

Петте меча кои допрва треба да се одиграат се одлична можност и за правење на тикет кој би можел да ви донесе добивка. Ние ќе ви ги понудиме петте меча со процентите за тоа како размислуваат повеќе од 500 типстери. Според прогнозата, во сите пет дуели има фаворит за победа, но дали прогнозите на типстерите ќе бидат точни, ќе се увериме по завршување на средбите.

Аталанта е голем фаворит на гостувањето кај Удинезе, бидејќи речиси секој втор од повеќе од 500 прогнози се со мислење за „двојка“. Победа на Аталанта во обложувалниците на Sport Life е со коефициент 1.95, што е прилично примамливо.

Триумф на домаќините со дури 56,55 отсто прогнозираат како конечен исход на дуелот помеѓу Њукасл и Вулверхемптон. Според коефициентите, се очекува многу неизвесен меч, но типстерите на Спортска прогноза очигледно немаат дилеми, па советуваат да се игра „кец“ на коефициент 2.85.

Милан е апсолутен фаворит против Торино на „Сан Сиро“. За победа на домаќините прогнозираа 390 играчи на Спортска прогноза, додека само 1 отсто верува во триумф на Торино. Победа на Милан се „плаќа“ со коефициент 1.87.

Дуелот од француското првенство меѓу Сент Етјен и Олимпик Марсеј е одложен, па затоа тој пар нема да влезе во оваа понуда. Тикетот кои го нудиме по мислењата на играчите на Спортска прогноза, ќе го заокружиме со два меча од понеделник.

Евертон е апсолутен фаворит против Ватфорд, бидејќи 80 отсто прогнозираат „единица“. Коефициентот е 1.80. Радост за домаќините се очекува и на мечот од втората Бундес лига меѓу Бохум и Сент Паули, бидејќи повеќе од половина веруваат во триумф на Бохум, додека 38 отсто се за „икс“. Победа на Бохум „вреди“ 2.30 коефициент.

Ако се одиграат овие пет меча, според мислењето на поголемиот дел од типстерите на Спортска прогноза вкупниот коефициент е 43, што нуди можност за добра заработувачка.

[Нед 15:00] Удинезе – Аталанта 69 (13,69%) 188 (37,30%) 246 (48,81%)
[Нед 17:00] Њукасл – Вулверхемптон 285 (56,55%) 157 (31,15%) 61 (12,10%)
[Нед 20:30] Милан – Торино 390 (77,38%) 106 (21,03%) 7 (1,39%)
[Нед 21:00] Сент Етјен – Марсеј 114 (22,62%) 206 (40,87%) 183 (36,31%)
[Пон 20:30] Бохум – Сент Паули 277 (54,96%) 192 (38,10%) 34 (6,75%)
[Пон 21:00] Евертон – Ватфорд 404 (80,16%) 87 (17,26%) 12 (2,38%)

 

Леванте на Барди даде четири гола, но не победи

Меч со осум голови и без победник одиграа Еибар и Леванте во Примера дивисион. Уште почетните 10 минути навестија дека ќе има вистинска голеада. Еибар поведе со 1:0, но Леванте брзо израмни. По одлична асистенција на Енис Барди, Моралес израмни на 1:1. Гостите на полувремето стигнаа и до предност од 2:1.

Во второто полувреме Еибар тргна во целосна офанзива и тоа се исплатеше. Домаќините дадоа три гола во низа и стигнаа до предност од 4:2 во 65 минута. И покрај негативата од два гола Барди и другарите не се предадоа. Тоњо погоди во 75 минута што беше јубилеен 500 погодок за Леванте во Примера дивисион и намали на 4:3. Во судиското надополнување Мајорал го даде и четвртиот гол за гостите и Леванте, иако даде четири гола на крајот освои само еден бод на гостувањето кај Еибар.

Де Јонг од девојката разбрал дека има понуда од ПСЖ

Френки Де Јонг нема потпишано, ниту договорено трансфер во ПСЖ. Младиот фудбалер на Ајакс од девојката слушнал дека има понуда од парискиот клуб, вредна 75 милиони евра. Тој вели дека нема шанса да одлучи пред нова година каде ќе ја продолжи кариерата од следната сезона.

„Девојката ме разбуди во петокот наутро и ми кажа дека сум имал понуда од 75 милиони. Нема никаков договор. Немам донесено одлука. Размислувам само за игрите во Ајакс. Ни останаа уште пет меча до зимската пауза, не можам да си го трошам времето со шпекулации околу мојата иднина. Би било непочитување кон клубот и соиграчите ако коментирам за следен клуб“ – изјави Де Јонг.

За него се интересираат Барселона, Манчестер сити, ПСЖ, и други клубови. Барса беше најзагреана за него, но тој „лајкува“ објави на Реал Мадрид по социјалните мрежи, а Сити и ПСЖ му нудат многу пари.

Навивачите на Ривер не се само хулигани, знаат да направат и фешта (Видео)

Ривер плејт и Бока јуниорс вечерва конечно би требало да го одиграат реванш-мечот од финалето во Купот Либертадорес и да дознаат кој ќе биде шампион на Јужна Америка. По две одложувања на мечот, кој требаше да се игра во Буенос Аирес, вечерва Мадрид ќе биде домаќин на двата аргентински гиганти.

Реваншот не се одигра во првично планираниот термин поради дивеењето на навивачите на Ривер. Овојпат тие покажаа дека знаат да направат и вистинска фешта, па го „окупираа“ центарот на Мадрид и покажаа што е фудбалска страст.

 

https://youtu.be/ji2UbMritSQ

 

Барди со асистенција „ала Меси“

Македонскиот репрезентативец Енис Барди покажа дека знае и одлично да асистира. На гостувањето на Леванте кај Еибар, Барди имаше феноменално додавање кон Моралес, кој во 10 минута изрмани на 1:1.

Барди прифати една топка на 35 метри од противничкиот гол и успеа со додавање во стилот на Лионел Меси, да измами неколку домашни дефанзивни играчи, а Моралес се најде сам пред голманот на Еибар, па лесно погоди за 1:1. Тој гол даде дополнителен мотив за гостите, па по 27 минути игра, имаат предност од 2:1.

 

Рио Фердинанд ја откри тајната: Англичаните плачеле и молеле за живот

Поранешниот англиски репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивци во изминативе неколку децении, Рио Фердинанд откри една тајна која повеќе од 10 години ја чувале сите во репрезентацијата на „Гордиот Албион“. Рио се присети и раскажа за тоа како сите кои биле дел од националниот тим на Светското првенство во 2006 година во Германија, претрпел невидена траума.

„Во четвртфиналето на Мундијалот бевме елиминирани од Португалија, а потоа ни се случи вистински кошмар. Го имавме најстрашното враќање кон дома. Додека летавме се појави големо невреме и сите помисливме дека авионот може да се сруши. Сите плачевме. Седев во близина на Руни, Џерард и нивните сопруги и сите вриштеа. Луѓето и багажот неконтролирано се движеа, а никој не знаеше да каже што се случува. Кога ги погледнав лицата на стујардесите, знаев дека ситуацијата е многу загрижувачка. Најчесто кога се возам во авион сум смирен, но овојпат не беше така“, раскажува Фердинанд.

На крајот, авионот безбедно слетал во Лондон и сите биле неповредени. Во таа генерација на англискиот национален состав беа и Дејвид Бекам, Мајкл Овен, Џон Тери, Ешли Кол… Никој од нив досега не зборувал за оваа ситуација, а Фердинанд е првиот кој откри што се случувало на тој лет од Германија кон Англија.