19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025
Дома Blog Страница 9512

Сари: Среќен сум, но не затоа што конечно го совладав Гвардиола

Челзи со 2-0 им го нанесе првиот пораз сезонава на шампионот Манчестер сити. На тој начин „сините“ ги одржаа во „живот“ своите шанси во борбата за шампионската титула, а воедно ги симнаа „граѓаните“ од врвот на табелата.

По мечот, Маурисио Сари ги истакна своите видувања за дербито, во кое италијанскиот стратег за прв пат го надмудри Гвардиола во својата тренерска кариера.

„Да, среќен сум за триумфот, но не поради тоа што конечно успеав да славам против Пеп Гвардиола. Среќен сум поради начинот на кој ги забележавме трите бода. Претходно ни недостасуваше мотивација и самодоверба, а во ваквите натпревари тие две карактеристики треба да ни бидат на највисоко ниво. Токму тоа и се случи, па сметам дека заслужено победивме. Посебно сум горд што ја победивме најдобрата екипа во Англија, а можеби и во Европа“, истакна Сари.

Вардар се врати на врвот во СЕХА лигата

Вардар победи на гостувањето кај Железничар од Ниш при конечни 24-22. Во мечот од рамките на 11. коло во СЕХА лигата, актуелниот бранител на трофејот го запиша деветтиот триумф и се врати на врвот на табелата.

Избраниците на Роберто Парондо по првите 30 минути остварија предност од два гола (12-10), сепак, јасно беше дека ништо не е решено. Домаќините цело време се обидуваа да направат пресврт, меѓутоа искуството на вардарци во финишот од мечот им ги обезбеди бодовите.

Карачиќ реализираше пенал во последните моменти и ја запечати победата, а воедно Железничар мораше да се помири со седмото разочарување во регионалното првенство.

Дисингер беше најефикасен со пет подогоци за Вардар, по четири реализираа Чупиќ и Криштопанс, додека Милосављев запиша девет интервенции. Кај поразените, најсраположени беа Вејин и Павловиќ со по четири гола.

Meси и слободен удар, останатото е веќе стара приказна (видео)

Нова мајсторија на Лео Меси. Аргентинецот постигна прекрасен слободен удар против Еспањол во 17-тата минута од средбата, за да му донесе предност на својот тим во каталонското дерби.

https://www.dailymotion.com/video/x6ympht

Пред финишот на првото полувреме, Луис Суарез изведе вистинска уметност. Ја протна топката меѓу нозете на голманот на домаќините и од мртов агол зголеми на 3-0.

https://www.dailymotion.com/video/x6ymqjg

Шегобиецот Златан: Перес се трка со Меси за Златната топка

Златан Ибрахимовиќ никогаш нема да ја освои Златната топка, иако и на 36 години е во врвна форма. Самиот фудбалер своевремено истакна дека таа награда не му треба за да докаже дека е најдобар, а имаше и свое видување за последното доделување на престижното одличје кое заврши кај Лука Модриќ.

„Кој ја освои Златната топка? Модриќ ја заслужи, но вистинскиот добитник е Флорентино Перес. Тој се трка со Меси кој ќе има повеќе Златни топки“, иронично одговори Златан.

Кристијано Роналдо освои четири од вкупно пет Златни топки како играч на Реал Мадрид, последната е во рацете на Модриќ, исто член на „кралевите“, па токму затоа Златан на овој начин го прокоментира доделувањето. Значи, Перес има пет, исто колку и Лео Меси.

Грујиќ ја направи разликата меѓу Херта и Ајнтрахт

Херта со минимални 1-0 го совлада тимот на Ајнтрахт Франкфурт. Значајната победа ја донесе позајмениот фудбалер од Ливерпул, Марко Грујиќ, реализирајќи за домаќините во 40-тата минута од средбата.

Херта ја запиша шестата победа по 14 меча во Бундеслигата и се израмни по бројот на бодови со нивниот денешен противник, имаат по 23, и го делат петтото место на табелата.

Шоу од пет гола и триумф на Селта против Вилјареал

Селта Виго со 3-2 беше подобар противник од Вилјареал, во мечот од рамките на 15. коло од Ла Лига. Иако до 51-та минута Селта имаше убедлива предност од три гола, Бака сам се обидуваше да ја одржи во игра „жолтата подморница“, но залудно.

Мендез го отвори мечот во 44-та минута, а Јокуслу и Гомес беа прецизни за убедливи 3-0. Два гола на Бака во 83-тата и 87-та минута за момент  им дадоа надеж на домаќините, кои сепак на крајот не успеаја да се спасат од седми пораз во шпанскиот шампионат.

Сари првпат го надмудри Пеп: „Граѓаните“ потклекнаа против Челзи

Челзи со 2-0 го совлада Манчестер сити во дербито во 16. коло од Премиер лигата. Маурисио Сари за првпат во својата тренерска кариера го надмудри Пеп Гвардиола, а неговите избраници им го нанесоа првото разочарување на „граѓаните“ во оваа сезона.

Иако гостите тргнаа самоуверено на средбата и беа поконкретни, Челзи при првата посериозна прилика ја затресе мрежата на Едерсон. Во 45-тата минута, Азар го пронајде Канте во шестнаесетникот, а овој без размислување ја заби топката за грбот на бразилскиот голман.

„Граѓаните“ се обидуваа да се вратат во игра што побрзо во вториот дел, но наместо да израмнат, Челзи повторно искористи една од ретките шанси да постигне гол. Азар повторно во улога на асистент, овојпат од корнер нафрли точно до Давид Луиз, кој беше највисок во скокот и практично ја осигура значајната победа.

Со првиот овосезонски пораз, Сити го загуби првото место и остана на 41 бода, сега Ливерпул се први со 42 бода, додека Челзи со  34 бода се наоѓа на третото место по 16 натпревари.

https://www.dailymotion.com/video/x6ymkws

 

https://www.dailymotion.com/video/x6ymnay

 

Гевгелиското дерби за Блокотехна, Гостивар со 118 поени го потопи Пелистер

Блокотехна го совлада Кожув со 76:64 во гевгелиското дерби кое се одигра во рамките од деветтото коло во Првата лига на Македонија. Избраниците на Марјан Илиески уште од стартот на средбата ја презедоа контролата, чувајќи ја предноста до самиот финиш. Со осмиот овосезонски триумф, Блокотехна остана на врвот на табелата со 17 бода, два повеќе од шампионот Работнички.

Младеновиќ одигра одличен меч, реализираше 17 поени, а му недостасуваа еден скок и една асистенција да оствари трип-дабл учинок. Мијатовиќ додаде 15 поени и осум скока. Луис беше најефикасен кај поразените со 21 поени, 19 додаде Караколев.

Гостивар го растури тимот на Пелистер со конечни 118:60. Гостиварци фатија залет во шампионатот, нанижаа пет победи, а веќе втор пат сезонава ја надминуваат границата од 100 поени на еден меч.  Домаќините ја завршија работата веќе по првите две четвртини, по кои имаа предност од +15, но, во третиот период ја покажаа вистинската моќ, реализирајќи дури 39 поени.

Фурстингер одново беше најефикасен за својата екипа, постигна 27 поени и седум скока, Зекири додаде 19 поени и девет скока. За битолчани, најрасположен беше Билер со 22 поени.

Фени Индустри го изненади Куманово пред нивна публика, совладувајќи ги со 86:74. Втората четвртина ја направи разликата на оваа средба, која припадна на тимот од Кавадарци со 28-21. Од тој момент Фени ја задржа предноста до самиот крај.

Фунденбург заврши со високи 28 поени за Фени, а имаше голема помош од Маер кој реализираше 26 поени, оствари и дабл-дабл учинок со 12 скока. Ниту 27 поени на Џекиќ не беа доволни за Куманово да го избегне четвртиот пораз сезонава.

Охрид триумфираше над Вардар со конечни 83:80. За домаќините ова беше само втора победа сезонава, откако претходно беа во црна серија од шест последователни порази. Хил беше најефикасен и најзаслужен за славјето на Охрид, постина 24 поени и 11 скока. Провел кај Вардар беше најрасположен со 21 поени, Радос постигна еден помалку.

Каков шок за Рома – Калјари за пет минути се спаси од пораз

Рома испушти драгоцени бодови на гостувањето кај Калјари, во ремито кое заврши со 2-2. Избраниците на Еузебио Ди Франческо уште од првиот дел си остварија удобра предност од два гола, но, во финишот на средбата не успеаја да ја задржат истата, а Калјари и со два црвени картони се избори за бод.

Кристанте по само 14 минути игра стрелаше за предност на Рома, а Коларов зголеми на 2-0 во 41-та минута, откако бекот на „римската волчица“, ја затресе мрежата од слободен удар, со мала помош на живиот ѕид. Јоната во 85-та минута го намали водството на гостите, a потоа во последната минута од средбата, Сау израмни за конечни 2-2.

Фараго и Срна само неколку минути пред израмнувачкиот гол заработија црвени картони, па домаќините и со два играчи помалку успеаја да се спасат од пораз.

 

Салах е вистински херој: Наградата за најдобар играч на мечот му ја подари на Милнер (видео)

Мо Салах по големата победа над Борнмут (4-0) заслужи да ја добие и наградата за најдобар играч на мечот. Египќанецот имаше голема улога за освојувањето на трите бода за „црвените“, постигна хет-трик, сепак, не сакаше да ја прими наградата.

Денешниот првенствен натпревар беше 500-ти во кариерата на Џејмс Милнер, па Салах одлучи да му ја врачи наградата токму на неговиот соиграч кој го прослави овој голем јубилеј. Милнер стана 13-от фудбалер кој стигна до бројката 500 настапи во Премиер лигата.

Што се однесува за Салах, тој уште еднаш покажа дека не е само одличен фудбалер, туку и .човек со големо срце.

„Не можам да ја примам наградата, Милнер денес го одигра 500-от меч. Можам само да му честитам за неверојатната кариера која ја има, само се надевам дека сезонава ќе освоиме трофеј заедно, а оваа награда нема да ја земам, Милнер ја заслужи“, ја заврши изјавата Салах.