9.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025
Дома Blog Страница 9513

Работнички релаксирано до плус 38 против Шкупи

Младите Виктор Ефремовски и Славчо Темелковски против Шкупи ја искористија минутажата која им ја даде Марин Докузовски, и беа меѓу подобрите поединци кај Работнички во рутинската победа од 96:58 во првиот меч од денешното коло во првата кошаркарска лига на Македонија.

Ефремовски за 30 минути на паркетот во „Градски парк“ беше прв стрелец со 21 поен, погоди шест тројки од 11 обиди, додека Темелковски даде 10 поени, а имаше и девет скока, со што беше најдобар скокач во победничкиот тим. Шанса доби и Андреј Јордановски, кој одигра речиси 15 минути. Брандон Билбија со 16 поени и 16 скока беше најдобар кај Шкупи, тим кој уште не знае за победа сезонава.

Останатитре дуели од ова коло се играат попладнево, а дерби е гевгелиската пресметка помеѓу Кожув и Блокотехна, а слободен е МЗТ Скопје Аеродром.

Трајковски и Несторовски го туркаат Палермо кон Серија А (Видео)

Македонскиот тандем Александар Трајковски-Илија Несторовски, со голови одговори на критиките дека играат слабо во последно време. Тренерот на Палермо, Роберто Стелоне, верува во нашите репрезентативци, знаеше дека головите ќе си дојдат, а Нестор и Алекс по еднаш ја затресоа мрежата на Падова во победата од 3:1.

Сега на табелата во италијанската Серија Б, Палермо има три бода плус во однос на второпласираната Пескара, а сицилијанците имаат и меч помалку, па може да побегнат и на плус 4 или 6.

Падова поведе со 1-0, но во финишот на првото полувреме, Несторовски одлично го пронајде Трајковски, кој со шут откосо го изедначи резултатот.

Во второто полувреме, Палермо направи пресврт, Слободан Рајковиќ даде гол за 2-1 во 68 минута, а две минути подоцна Несторовски ги постави конечните 3-1. Во 76 минута, Несторовски беше повлечен од игра, а Трајковски ги одигра сите 90 минути. Покрај тоа што трите гола беа дело на фудбалери од балканските простори, добра вест е и враќањето на Бугаринот Чочев, кој заигра после пауза од 200 дена.

Аргентинците шират љубов низ Мадрид

Аргентинските навивачи се решени на светот да му покажат дека умеат и да се сакаат, а не само да се мразат, и дека ривалството е повеќе спортско. Од фотографиите кои се објавени од мадридските улици, барем засега е мирно и нема никакви најави за инциденти.

Како ќе биде утре, на денот на натпреварот од финалето на Копа Либертадорес кога и напнатоста и бројот на фанови ќе се зголемат уште повеќе, останува да се види. Доколку остане вака, ривалските навивачи ќе покажат дека навистина проблемите ги прават само малубројни улигани и дека сепак станува збор само за спортско ривалство.

 

Color de hinchas de Boca y River en las calles de Madrid por la final de la Libertadores de America
foto MARCELO CARROLL

Можеби голем дел од луѓето кои се на овие фотографии живеат во Шпанија и не се толку екстремни, но и тие што допатуваа од Аргентина и се сретнаа со ривалите на аеродром, по улици и пред стадион, засега се повеќе од мирни. Тие сакаат да се сликаат прегрнати, со клупските обележја од двата клуба, со порака дека не се сите Аргентинци хулигани и негативни, какви што се прикажуваа во изминатиот период.

Во Мадрид се преземени силни безбедносни мерки, полицијата е насекаде, па можеби и тоа придонесува за мирољубивоста.

Падова падна пред налетот на Нестор и Алекс (Видео)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, ја затресе мрежата на Падова и го постигна својот прв гол во италијанската Серија Б од 22 септември наваму. Асистент на Алекс му беше Илија Несторовски, со кого одиграа убаво двојно проигрување, пред Трајковски да изедначи на 1-1, кој е резултат по првото полувреме.

Погледнете ја акцијата со која Трајковски даде гол:

Луис Суарес новата тетоважа ќе ја сефтоса против Еспањол?

Луис Суарес откако ќе постигне гол, го бакнува зглобот на раката, домалиот прст, а потоа палецот, показалецот и предниот прст, па реши ова да го стави и на своето тело, поточно како тетоважа на левата страна од вратот.

Уругваецот од Барселона оваа тетоважа му се посветува на своето семејство. Тој со сопругата Софија имаат три деца. На зглобот го има истетовирано името на ќерката Делфина и тоа од времето кога играше во Ливерпул. Случајно или не, буквите од името Делфина како анаграм се поклопуваат со англиската транскрипција на стадионот на Ливерпул, „Anfield“. На прстите има тетоважа на лав и лавица, што претставуваат тој и жена му.

Суарес кој има 31 година, првиот меч со новата тетоважа може да го има вечерва против Еспањол, но можеби и нема да игра, бидејќи има повреда поради која не настапи и на претходните три дуели на каталонците.

Победа на „Стемфорд бриџ“ вреди повеќе од три бода

Дуелот со непоразениот Манчестер сити доаѓа во незгоден момент за Челзи, бидејќи лондондскиот тим претрпе два порази во последните три кола, и веќе е на 10 бода негатива зад „граѓаните“.

Манчестер сити во просек дава по три гола на меч, а попладнево ќе се обиде да победа на „Стемфорд бриџ“, и за првпат по далечната 1955 година да врзе две победи по ред на овој славен лондонски стадион.

Тренерот Пеп Гвардиола, смета дека ланската победа од 1-0, иако беше во рана фаза од сезоната, била клучна во освојувањето на титулата. Тогаш голот го даде Кевин Де Брајне, кој нема да настапи денеска. Сити „пукаше од самодоверба“ имаше серија од 18 победи по ред. Гвардиола мисли дека е подобро во вториот дел од сезоната главните ривали да им гостуваат на „Етихад“.

Во тимот на Челзи, неизвесен е настапот на Мората, додека кај гостите на листата на повредени се Агуеро, Де Брајне, Менди и голманот Браво. Нема суспендирани.

Спортска прогноза: Последна шанса да го фатите новото коло

Со мечевите Барнли – Брајтон во 16, и Валенсија – Севилја во 16.15 часот, стартува новата рунда од Спортската прогноза.

Спортската прогноза уште го чека првиот добитник на мобилниот телефон „Самсунг А6“ кој е главна награда, а можеби токму ова коло ќе биде успешно и некој прогнозер и ќе успее да ги погоди сите 12 парови кои ви ги понудивме.

Нема уште многу време за прогнозирање, првиот натпревар почнува веќе во 16 часот, а тоа е премиерлигашката пресметка на Барнли и Брајтон. Барнли е претпоследен и веќе му „гори под нозе“, а Брајтон кој има шест победи, е стабилен во средината на табелата. Кај домашните ќе ги нема Поуп и Ворд, а суспендиран кај гостите е Ирецот Дафи.

Барнли дома не победил од 22 септември наваму, а во минатата сезон, двата меѓусебни дуели на овие тимови завршија со најнепопуларниот резултат 0:0.

Дали токму овој викенд ќе имаме перфектен прогнозер, останува да чекаме до понеделник. Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

Ова е најдобриот балкански тенисер (Видео)

Телевизијата на АТП направи неколку монтажи и фотографии кои всушност се микс од двајца познати машки тенисери. На тенисерите им беше зададена задача да погодат за кои двајца колеги станува збор.

Една од комбинациите беше фотографија од ликовите на Србинот Новак Ѓоковиќ и Бугаринот Григор Димитров, а еден од тие што погодија кои двајца се на сликата, беше и самиот Димитров. Најзабавна им се виде комбинацијата од лицата на Рафаел Надал и Енди Мареј, а Џон Иснер не можеше да си се препознае, бидејќи ликот му беше комбиниран со тој на Доминик Тим.

Погледнете кој погодуваше, кој не, а кој само се смееше:

https://twitter.com/twitter/statuses/1071058988387713034

Челзи го брка последниот воз, соседски дербија во Барселона и Гелзенкирхен

Почетокот на викендот е идеална прилика за посета на уплатните места на SPORT LIFE, а ние Ви даваме пет предлози што да играте за денеска, со квотите на денот и мини-анализи на пет фудбалски меча кои предизвикуваат најголемо внимание во лигите во кои се играат. Дерби на денот е она во Лондон, каде на Челзи му гостува првакот Манчестер сити, и ова е последна шанса за „сините“ да фатат приклучок со водечките.

 

Челзи – Манчестер сити (18.30 часот)

Челзи има десет бода помалку од „граѓаните“, и доколку загуби, веројатно ќе се прости од трката за шампионската титула. Овој меч се најавува како последна шанса за составот на тренерот Сари, а ако победат домашните, ќе се радува и Ливерпул како најсериозен конкурент на Сити во моментов. Филозофијата на двајцата тренери е слична и иако мечот е важен, би требало да има голови.

Предлог тип: 1+I& 2+II (2.65)

 

Еспањол – Барселона (20.45 часот)

Барса во минатото коло го зазеде врвот и сега нема да сака да го испушти. Гостите се фаворити и иако имаат неколку повредени играчи, Меси и другарите имаат мотив да ја продолжат традицијата. На гостувањата кај градскиот ривал Еспањол, Барселона има одлична низа од 11 години без пораз.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.45)

 

Шалке – Борусија Дортмунд (15.30 часот)

Рурското дерби е тест за лидерот. Сезонава Борусија е многу подобра од Шалке, Марко Ројс сам има повеќе голови и асистенции од погодоците на целиот тим на Шалке. Дортмунд повеќе од три години нема победа против соседот, а на гости во Гелзенкирхен, „милионерите“ не славеле цели пет години.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.95)

 

Лацио – Сампдорија (20.30 часот)

Формата на Лацио е во пад, римските „орли“ четири меча по ред (едниот во Лига Европа) не знаат за победа. И Сампдорија не е ништо подобра, минатиот викенд прекина серија од пет средби без победа (имаа три порази и две ремија). Тимот од Џенова, од 2005 нема победа на „Олимпико“, а традицијата најавува и голови (на последните три меча, паднаа дури 17 гола).

Предлог тип: 3+ (1.66)

 

Сетубал – Бенфика (21.30 часот)

Португалската лига сезонава е многу неизвесна, водечката четворка е во само четири бода разлика, па Бенфика која е четврта, не би смеела да си дозволи кикс против екипата на Сетубал. Бенфика има низа од три победи по ред, но и Сетубал е во задоволителна форма и на гостите нема да им биде лесно. Ова се тимови кои ретко играат нерешено.

Предлог тип: 2& 2-3 (2.80)

Галантно од Јувентус – Понуда за Манџукиќ да ја заврши кариерата кај „старата дама“

Марио Манџукиќ игра во топ форма, а веднаш реагира раководството на Јувентус со понуда што не се одбива. Челниците на „старата дама“ според италијанските медиуми понудиле нов договор за хрватскиот репрезентативец, со важност до 2023 година.

Манџукиќ има 32 години и важечки договор со шампионот на Италија до 2020 година, што би значело дека ќе ја заврши кариерата во Торино, ако го прифати новиот договор.

Понудата е плата од 3 милиони евра по сезона, плус бонуси, а сега на потег е извонредниот напаѓач. Манџукиќ игра неверојатно добро, иако има 32 години. Веќе постигна 8 погодоци во новата сезона, а вчера со голот број 4.999 за Јувентус го реши и Дербито на Италија против Интер.

Јувентус го чека петилјадитиот гол во богатата историја на клубот и одговорот од Супер Марио за нов договор, по кој ако го прифати речиси сигурно Хрватот ќе се „пензионира“ во Торино.