37.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025
Дома Blog Страница 9572

Илиев се разбрани, прими само еден гол за 360 минути

Дени Илиев брани во одлична форма и повторно не им дозволи на противниците во развојната лига на Англија да му дадат гол.

Вечерва во дербито за врвот, Арсенал одигра без голови со Евертон, а нашиот голман бранеше цел меч за „топчиите“.

На последните 4 натпревари Илиев не успеа да го одбрани само ударот на Рајт од Лестер, во минатото коло.

По 8 кола Арсенал и Евертон се на делба на првата позиција со по 15 бодови, а голема заслуга за успесите на младите „топчии“ има и Илиев.

Добар му е планот на Узунидис: Да го држиме Баерн подалеку од нашиот гол

Баерн е апсолутен фаворит за победа во Атина против АЕК, а тренерот на грчкиот тим Маринос Узунидис вели дека има само една тактика за подвиг.

„Не смееме да ги пуштиме играчите на Баерн блиску до нашиот шеснаесетник. Ќе мора да играме пресинг повисоко на теренот, за да ја спречиме нивната доминација“, вели Узунидис.

Шансата на АЕК е цврста одбрана и дисциплинирана игра за да се надева на подвиг, додава Узунидис.

„Знаеме дека нема да имаме поголем посед на топката. Баерн има светски ѕвезди во составот и нашата шанса се контранападите. За тоа ни треба многу дисциплина, добра организација и цврста одбрана“, дополнува Узунидис.

Планот му е добар, но Баварците доаѓаат во Атина со импресивен биланс од пет победи и само едно реми на последните шест гостувања во Лигата на шампионите.

 

Икарди: Треба да учиме од Јувентус како се останува на врвот

Мауро Икарди е играч број еден по дербито „Дела Мадонина“ во Милано, а повторно актуелен е интересот за него од Реал Мадрид.

Напаѓачот на Интер со гол во самиот финиш го реши дербито против Милан, а вели дека неговиот тим докрај ќе се бори за скудетото.

„Интер нема да се откаже од битката за титулата. Веројатно треба да учиме од Јувентус како се останува на врвот. Навидум тие се неприкосновени, но ние нема да се откажеме“, вели Икарди.

До дербито на Италија, против Јувентус има доста време, ќе се игра на 7. декември во Торино, а претходно има доста предизвици за Икарди и „нераѕурите“. Прв на ред е сериозниот испит против Барселона, задутре во Лигата на шампионите на „Камп Ноу“.

Барди си има коњак професија по фудбалот (Фото)

Победите против најтрофејниот клуб на светот Реал Мадрид долго се паметат, а расположението на тренинзите на Леванте е на високо ниво.

Убаво е кога ќе се собори кралот, а интересна фотографија има од последниот тренинг на клубот од Валенсија. Енис Барди е во нова улога и си најде хоби во паузата на тренингот.

Адеми е во топ форма, заслужи место во идеалниот тим во ХНЛ

Аријан Адеми е во топ-форма, беше главен играч на Динамо Загреб во победата против Истра и заслужено е во идеалниот состав на колото во ХНЛ лигата, пишуваат новинарите на „24 сата.хр“.

Адеми постигна гол во триумфот од 4:1 на гостите од Загреб и си го завзема своте место во средниот ред меѓу најдобрите 11 на колото.

Аријан имаше проблеми со повреди, но се врати на терен и игра одлично за Динамо и за нашата репрезентација.

Биелса го бара Елмас во Лидс, Алиоски ќе помага

Аргентинецот Марсело Биелса се вклучи во трката за ангажман на Елиф Елмас и иако конкуренцијата е жестока, бидејќи заинтересирани се и Тотенхем и Манчестер сити има силен адут.

Според информации во англиските медиуми Џани Алиоски е вклучен во целата операција да се убеди Елмас да се пресели на „Еланд Роуд“.

Биелса важи за стратег што сака да им даде шанса на помладите играчи, а и на Лидс добро би му дошол нашиот репрезентативец, бидејќи бие битка за пласман во Премиерлигата. Составот им е одличен, но добро би им дошол супер талент од калибарот на Елмас.

Сепак конкуренцијата за 19-годишниот репрезентативец е голема и шансите на Лидс да го ангажира Елиф се многу мали.

Два гола на дерби и магија се стори

Два гола на дербито против Челзи комплетно го променија ставот на Ентони Марсијал и сега тој сака да остане во Манчестер јунајтед.

Иако одби две понуди на раководството на „црвените ѓаволи“ за продолжување на соработката и имаше недоразбирање со менаџерот Жозе Мурињо, сега францускиот ас истакна дека ќе продолжи во Јунајтед.

Договорот на Марсијал со повеќекратнито англиски првак завршува на крајот од оваа сезона, а според пишувањата на францускиот „РМЦ Спорт“, Ентони е подготвен за нов договор. Се шпекулира дека неделната плата би му била од 150 до 200 илјади евра.

Лазаров најавува: Во овие квалификации младите да се докажат

Македонската ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир, во пресрет на мечевите во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. „Црвено-жолтите“ отвораат против Турција на дуел во Битола, а потоа следи гостување на Грција. Тоа се селекции кои очигледно се многу послаби од нас, па затоа треба да се очекуваат и две сигурни победи.

Капитенот Кирил Лазаров вели дека овие квалификациски дуели ќе бидат добра увертира за тоа да се види како напредуваат младите играчи, кои ќе треба да дадат свој придонес и на  следното Светско првенство, кое во јануари Македонија ќе игра во Германија.

„Во овие евро квалификации влегуваме како фаворити. Со сета почит кон Грција и Турција, но тоа се репрезентации поротив кои мораме да очекуваме лесни победи, секако доколку влеземе во натпреварите онака како што се очекува од нас и одиграме максимално. На овие средби шанса треба да добијат помладите, но тие ќе мора да превземат и одговорност, да си ја зголемат самодовербата во пресрет на Мундијалот во Германија. Многу пати ни се случувало на големите натпреварувања да ни недостасува ротација, па затоа овие две средби се важни, за некои други ракометари да се наметнат за позналајна улога во националниот тим“, рече Лазаров.

Билетите за дуелот во Битола кој ќе се игра на 25 октомври, веќе се распродадени, што значи дека се очекува одлична атмосфера во која Македонија треба победнички да го започне походот за пласман на уште едно Европско првенство. Покрај Турција и Грција, во група со Македонија е и Исланд. Првопласираните две селекции ќе обезбедат директен пласман на континенталниот собир.

Мурињо: Јуве со Роналдо е прв фаворит во ЛШ

Кристијано Роналдо утре ќе се врати на „Олд Трафорд“, но како играч на Јувентус и ќе биде главна опасност кон голот на Манчестер јунајтед, во меч од третото коло од Лигата на шампиони. Португалецот е најдобар стрелец во историјата на ЛШ и тоа доволно говори за опасноста која ќе ја имаат „црвените ѓаволи“. Тренерот на најтрофејниот англиски клуб, Жозе Мурињо вели дека Јувентус е прв фаворит за освојување на титулата во елитната лига.

„Пред почетокот на сезоната Јувентус доби еден специјален играч, а тоа е Роналдо. Тоа е фудбалер кој знае да ја направи разликата на средбата. Според мене, Јувентус со Роналдо во тимот е прв фаворит за освојување на титулата. Покрај Кристијано тие доведоа уште неколку квалитетни играчи како што се Бонучи, Џан… Јувентус има многу квалитетен состав, повеќе години играат заедно, под водство на еден тренер“, рече Мурињо пред утрешната средба на „Олд Трафорд“.

Лоша вест за Јувентус стигна денеска, а тоа е дека за утре гостите нема да може да сметаат на Марио Манџукиќ. Хрватскиот напаѓач има повреда на зглобот на ногата. Се очекиува Манџукиќ да паузира 2-3 недели.

 

Рамос почна „со рогање да ги строи“ младинците на Реал (Видео)

Кризата на Реал Мадрид продолжи, откако „кралскиот клуб“ на свој терен загуби од Леванте со 1:2. На денешниот тренинг избувна капитенот Серхио Рамос. На тренингот присуствуваа и дел од играчите од Академијата на Реал, а тоа беше причина за Рамос да се налути.

Додека играа игра со раце, еден од играчите од Академијата премногу се занесе. Серхио Раџилон прмногу агресивно го нападна Рамос и со рамото го удри капитенот во лицето. Во тој момент Рамос „експлодираше“. Ја зема топката и шутираше директно кон младиот Раџилон. За среќа топката го промаши, а играта со раце веднаш заврши.

Додека играчите поминуваа низ теренот, Рамос уште еднаш му префрли на младиот играч, а потоа со друга топка успеа да го погоди. Веднаш потоа Лука Модриќ дојде до Рамос, за да го смири капитенот.

https://twitter.com/MHChehade/status/1054340828041224193